1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Количка

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 6 јануари 2011.

  1. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Јас имам лошо искуство со нив, отидов по истото што сте го земале вие. Ми рекоа изложено е, а јас не ги разликувам. И ми дадоа попуст дека е изложено, го пратив маж ми да го земе. Му рекле немаме кутија, и на гаранцијата ќе пишува дека е Mica Eco Pro заради проблем со лагерот, ама ова е 360 про. Мене ми беше чудно ама ок. Маж ми го намести во кола ама не го шетавме со кола баш тој период малото. Влегуваме после некое време, гледам на седиштетот мало знакче пишува Eco Pro, гледам нема да го извлечеш нанадвор од кола. И се изнервирав, пишав меил рекоа ќе ми вратат пари ама маж ми не сакаше да мести ново :rofl:. Иначе ни дале поскапо седиште, ама јас сакав со извлекување. Они беа коректни да се врати и парите ќе бидат рефундирами ама мене ме изнервира манипулацијата...
     
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    7.275
    И на нас неспакувано ни ги дадоа и првото и второто седиште, само со најлонска ќеса обвиткани.
    Се натегав и јас на почеток со нив инаку. Ми рекоа донесете го во Сити мол, сигурно не знаете да ги извлечете шините. И викам како не знам, едната се извлекува, другата не. Да не знам, нема ни другата да ја извлечиме. Ама ајде, го однесе маж ми. Таму истото само го пробаа како нас, и рекоа стварно не може. Па ни рече земете си го дома, ќе дојде сервисер до вас да го поправи.
    Никој не дојде недела дена, па ѕвонам, пак ми викаат донесете го во Сити Мол. Па го зедоа, ќе го носеле на сервисот во Аеродром. После две недели ми се јавуваат, и викаат направено е, до петок ќе биде во Сити Мол. Па не го донесоа и петок помина, и недела дојде. Ми викаа немало кој да го донесе.
    Ѕвонам понеделникот, викам петок ми рековте, веќе е понеделник. Каде е сервисот им викам, ќе одеме ние ќе си го земеме. И ми викаат - не е направено, до петок ќе биде. А претходната недела ми се јавија дека е направено.
    Нема веза, после недела дена ми ѕвонат дека е направено и дека е во Сити Мол.
    Одиме да го земеме - седиштето во иста состојба, шината не работи. :DПродавачките зачудени, демек направено било.
    Ајде пак го задржаа, ќе се слушнале со газдите, ќе пратиле claim до фабриката на Maxi Cosi, и за еден месец ќе имале одговор. А јас крај на 9ти месец бремена.
    Ми ѕвонат после два дена, да сме отишле со колата во сервисот, сервисерите ќе го монтирале и со расипана шина. :D Им викам не сте нормални, што ако смениме кола за некој месец. Плус две коли имаме, ако треба да го возиме бебето во другата, како ќе биде тоа. И им реков ќе ве пријавам во пазарна инспекција ако не ми го поправите или замените со исто. Сепак под гаранција беше, и најскапото седиште беше во продавницата. Не се 100 денари па да ги прежалиш.
    И така после два дена ми се јавија дека ќе ми го заменат со друго, само црна боја. Отидовме и си го зедовме...
    Продавачките беа услужливи, ама од кој и да чекаа наредби беа идиоти искрено.

    Каша попара ми е коментаров, ама стварно процес беше да го замениме. :D|-)
     
    На Baby warrior, FarfallaBlu и marrisa им се допаѓа ова.
  3. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    А дали кога купувавте производи од кај нив гаранцијата ја внесувавте на некоја официјална страна на maxi cosi. За релаксаторот успеав ама количката плаза ја нема на страната и им пишав на хелп деск ми вратија маил дека ја нема таа количка во британија, нешто така да со се обратам во мојот регион. А и продавачките беа како паднати од марс, не знаат за која страна станува збор а ти викаат најави се.
     
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    7.275
    Немам внесено никаде искрено. Знам дека требаше на некој сајт, ама имаше определен рок. Ние скроз изумивме тогаш кога купувавме, и после беше касно. Ама си важи за во Мк гаранцијата што е од продавницата.
     
    На Bejb15 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Сепак значи и по твоето патешествие не можеш да се ослониш на нив. Особено па на сервисот ич :D. Мене ми рекоа настанало недоразбирање.
    Не знам какво е тоа недоразбирање кога 500 пати напоменавме кое, ми го покажа на компјутер и за тоа се јави за попуст. И плус на фискалната и на гаранцијата го пишуваше другото седиште што го продадоа. Демек грешка во лагер ама во сервис немало да ни прават проблем:rofl:
    Мислам дека имаше една членка што пишуваше тука, се жалеше дека цела количка и крцка и ја однела на сервис ама не и го признавале тоа.
     
  6. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    7.275
    Ќе им речеш дека ќе им викнеш пазарна инспекција, и ќе решат се'.
    Ако не милом, силом. :D Така е кај нас.
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    747
    Дали може помош за избор на количка?
    Не знам ни на што треба да обрнам внимание, единствено знам дека сакам да не е многу гломазна, да не зафаќа многу простор и лесно да се склопува.
    Имам 3 опции кои ги одбрав рандом, ако ги има некој добро би било да сподели искуство, или некој друг предлог.
    Ви благодарам однапред! :D:l:

    https://topolino.mk/product/kolicka-trio-versatrax-moonlight-ramble-i-snug-joie/
    https://www.encimenci.com.mk/kolichka-florence-3-vo-1-black-moni-066v75106
    https://www.encimenci.com.mk/kolichka-empire-3-vo-1-beige-moni-066mb4010199
     
    На Baby warrior и КаринаТ им се допаѓа ова.
  8. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Јас се залетав за втората, една другарка ме предомисли одма се расклатила. Исто и за третата. Моја препорака во hello baby побарај ја да ја видиш bbo neo 3 vo 1, 18 илјади е мене многу ми се свиѓа, иако уште ја немаме пробано. Ја има @BellaBibi мислам дека може да сподели искуство. Сосема пристапна цена а вака кога ја пробував многу ме бендиса
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.901
    Допаѓања:
    5.202
    Од овие три Joie без размислување.
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    16.674
    Пол:
    Женски
    На количката душата и ја вадиме.
    Транспортерот е предобар. Бебе не е свиткано како кифла. Убаво го држи бебето. Од сите страни, вклучувајќи и делот кај газето се подигнати, со убав сунѓер. Си го користиме и како седиште уште, за во кола.
    Корпата по дома ја користиме, ама уште еден месец најмногу, бидејќи беба порасна. На почетокот се таму си спиеше, дури и навечер.
    Е третиот дел, здравје од Март, ќе го активираме.

    Да знае да збори количкава само :D
     
    На baguf4e, Dodo1 и Iva.T им се допаѓа ова.
  11. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    На која страна се регистрира за количката, за релаксаторот внесов ама количкава ми пишале ја немаат за да нели ја одберам . Истава како твојата ја имам.
     
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    7.234
    Пол:
    Женски
    На официјалната на макси кози, ама џабе ја се регистрирав, никаков меил не ми стигна повратен… божем за продолжена гаранција, не враќаат на маилот.
     
  13. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    Ама плазата ја немаат за да ја одберам како модел, им пишав на инфо маилот и ми пишале дека плазата не е UK модел.
    https://maxicosi.com/?srsltid=AfmBOorgOgDgLs-AvaFEkzg1Y0wmO7k4cHmiypbvN4l4LmF31_U3tQt5

    На оваа страна се логирав.
     
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    7.234
    Пол:
    Женски
    Јас на оваа,https://www.maxi-cosi.co.uk/c/product-registration-form и тогаш ја имаше Плаза, сега не знам зашто ја нема. Јас летото се регистрирав.
     
  15. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    Epa i na ovaa da koga se registriras tamu te nosi, oni mi pisaa od UK. Koj gi znae aj nema veze valjda nema da treba
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Баш сакав да прашам за корпата, се вадат ли адаптерите од страна ? Маж ми набрзина ја пробал ама ради тие адаптерите се клацка напред назад и не лежи рамно, ама сигурно има решение да може да се постави рамно на гарнитура пример
     
  17. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    1.577
    Пол:
    Женски
    Joie od ovie 3, najdobra e iako jas dr imam. Ama joie imam koristeno predobra e plus i na popust ti e.
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    16.674
    Пол:
    Женски
    На корпата не се вадат. Ако ме држи сеќавање, тие идеа веќе наместени или се ставаа и неможеше да се извадат.
     
  19. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Joie ja imame super e kvalitetna i dolu delot mnogu e golem moze i ranec i ako pazaris da si stavas raboti. Ic ne se misli
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    8.226
    Ние ја земавме Cybex Balios од Крш Eаst Gate, се погоди една млада девојка и многу се потруди да не услужи, иако е поповолно да се земе од Солун тука имаш 2 години гаранција и поучени од блиски што активираа гаранции на колички решив од тука да ја земам.
    Уште не ни е користена, ама многу истражував и за мене беше најдобар избор во тој ценовен ранг. Се вадат доста делови за перење и е лесна за склопување, душечето на корпата изгледа доста квалитетно. Единствено што немаа база на лагер кога ја земавме и уште немаат па се мислам дали да барам да докупувам кога транспортерот ќе го користиме само за во кола, нема да ја возам во него на прошетка.