Neznam kako se vikaat, drugarka mi kupi od tamu i kaza imalo izbor. Probaj izguglaj cybex kolicki vo solun
Maxi cosi leona. Седиштето се врти на кај тебе и обратно, а можеш да докупиш корпа. Јас лично само таква ја зедов со седиште и супер цврста е, лесно се склопува и ми стои во ходник едно местенце кај не пречи на ништо. Лесна за ракување и едвај чекам пролет да се изнашетаме уште повеќе.
Bebehome.gr имаат голем избор на Cybex, имаат и физичка продавница ама не е само за Cybex. Кај нас во Крш има најголем избор, babycentar имаат по нешто ретко. Во Крш добиваш 2 години гаранција, а ако ја земеш од Солун дали ќе ја носиш за рекламација размисли. Ако веќе сакаш да ја земаш од страна провери во Германија ако имаш некој.
Здраво мајки, нова сум на форумов, најпрво поздрав до сите членки. Сакам да прашам дали некоја од вас има искуство со следните колички: - Kikka Boo Joy - Kikka Boo Eden - Chicco Glee. Се работи за летни колички со автоматско собирање, кај секоја наоѓам и минус и плус и никако да се решам. Ќерка ми е скоро една година, старата количка ми е тешка, па барам нешто полесно, ама дека втора па се плашам да не утнам Ви благодарам на помошта
Сакам многу бела или крем количка.Ги гледав на cybex priam i mios ми стојат исти материјал .Со priam гледав видео каде што истура кафе врз количката многу лесно се исчисти не остана никаква флека а мислам и mios е таков материјал а е по практична.Што мислите вие за светла боја количка?
Кремастите се преубави ама и ја сум на мисла јас си мислам да направам комбинација ако одам со cybex корпата да ја земам светла а седечкиот дел за после 6месеци темен
Па не ти е лоша идеава баш добро и како 2 различни колички да имаш.Ке размислам и јас на таа опција фала ти на идеата
Неколку пати влегов во крш ич не ми се свиѓа како ги презњнтираат и како им се расфрлени, па почнав да ги срчам и анекс, во мк ги нема ама во солун има преубави опции 2 во 1 се воглавно транспортерот посебно се купува сма преубав дизајн и материјал ме замислуваат … како трета опција и нај прифатлива ми е со цена е макси кози плаза плус
Види на страната, имаат таму. За моделите чисто. И јас немам во дуќан видено, може зашто апла сакав Максито па не ни гледав друго што има.
Презадоволна, маста и ја извадивме, нема мрднато. Транспортерот најмалку го користевме дека си земавме седиште, а и моево дете многу е долго па се му е мало хахха. Ама корпата ептен. Ужива во нејзе. Не е мрдната. Одвај чекам на пролет сега, и спортскиот дел да го пробаме, таман ќе е и со седење да може.
Баш, кога ќе ми речат корпа не ти треба не купувај … мене па тоа ми е убавината на количката баш онака за бебе после спортското сефиште кај сите горе доле е слично… баш супер што сподели, искрено и цената на цел комплет е сосема супер за разлика од cybex и anex … да носев машко без размислување ќе ја земев зелената пошто се заљубив во бојата ама пошто е девојчица вероватно црната па ќе редам ќе смислувам некои играчки во нежни бои
Ние зелената ја имавме, девојче е моето. Нема везе тоа хаха. Која и да ти се свиѓа таа. Јас сакав црната, маж ми се запна за зелената, и таа ја земавме. А и ми се свиѓа тоа кожниот кафен дел ептен, црната го нема. Ќе ти пратам ако сакаш слики во порака.
Јас кога гледав, имаа и во сити мол изложени. Ние плазата ја зедовме на макси коси, и супер е. Седиште имаме исто на макси коси (предобро е) за од 0 месеци, и транспортерот еднаш или два пати го имаме искористено, така стои. Ама корпата е многу добра, бебе си спие по 3 часа надвор. И рамот на плазата е многу добар, и топ е за повисоки луѓе. Малку повеќе место зафаќа во багажник со тркалата кога е, ама се вадат за две секунди ако е кнап просторот. Ние дека одиме кај нашите, и се пакуваме како да се селиме, и со рамот и корпата и игла нема каде да падне во кола.