Да има уста да збори само. Предобра е . Барем од мое искуство. На корпава душата и ја извадивме. Постојано ја користиме. Танспортерот веќе во кола не го ставам, дека беба е долга па удира со нозете, ама за шетање мислам уште можеме. Тоа што се влече рачката ми е број 1. Од мене имаш најтопла препорака.
Попустот не му е баш како сто имаат наведено 4 делови за таа цена, се јавив во продавница и кажаа дека за таа цена се само седиштето и корпата , а според описот луѓето ги доведуваат во заблуда , кога ќе слезеш скрос најдолу ќе ја видиш висинската цена на комплетот
Па реално и тоа ти треба само. Ние што кога транспортер имаме, два пати не е употребен. Во корпа и да се наспие, и истегне, нозете раширенки. Седиште си има за во кола за од 0 месеци е. Во корпата им е многу убаво. Кога ги гледам како ги шетаат стуткани како кифли во транспортер ми е жал искрено.
Не си ставај вакви мисли воопшто. Ни женско, ни машко. Ќерка порасна со темно зелена количка. Ни јас сум мислела поинаку, ни пак на бебе му е битна бојата. Да ти е функционална тебе, па била розова, зелена, плава, не е воопшто битно. Јас си купував мене што ми се допаѓаше и влегуваше во буџет тогаш. Секако ако се решам на второ дете било машко/женско ќе ги користи истите работи.
Моето бебче е уште многу мало, не сум почнала да ја шетам во количка да споделам искуство ама обавезно ќе пишам штом почнам да ја користам. Сега за сега го користиме само транспортерот за до педијатар и ни е супер.
Еве апдејт одма сега од city mall Значи цената што ја рекламираат на fame од 49.500 е само за количката и корпата … транспортерот и база плус доаѓа 73-4 илјади … малце им напраив сцена у дуќан зошто е манипулација на потрошувачи на сајт ставиле попуст на сет од 4дела, одиш да купиш количка од 850еур и ти вика а не 1300еур е ме напнаа скроз од бебе хоме
Здраво мајки ♥️ Сакам да ве прашам дали има некоја искуство со овие колички да сподели Или пак од други кои што сте задоволни ✨
Од досега користеното, транспортерот е добар, корпата моментално сега ја користам и според мене е 7 од 10. Многу крцка количкава и се тресе целата, бебка многу се буди кога ја шетам. Можеби мојата не се погодила...
https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-fame-twillic-black/ Не може цена маркетинг да ми ставаш и во опис да пишеш во сетот вклучува: набројани 4дела и на каса да ми речеш а неее попустот -35%е на двата дела… другите се плус. Скроз им се налутив не купувам количка од 300евра … ама па ни здррав памет не ми дава да фукнам 1400еур … ќе си одам до Солун да си разгледам што се дешава па ќе одлучам
Иначе за односот на вработените по продавнициве за колички по не знам кој пат пишувам … хаос, ми се темни кога ќе почнат да ги расклопуваат и да ги штракаат количките како сетирани … ок е сите имаме тик ток и youtube видовме како се монтира собира расклапа не е тоа целта … поише ќе ми значи маркетингот да ви е ок и да сте искрени со потрошувачи што сакаат пари да остаат дента а не таа едната на маж ми му вика, иста јакна и маж ми зема од calvin Klein супер им е попустот место да гледа да не услужи …
Епа и јас не поднесувам вакви манипулатори , гледам и викам ејј што му текна на оваа колича попуст и баш ја сакав и ми одговараше цената читам комплет со 4 делови дадени описно што точно оди се јавувам на телефон и ми вика а не само два дела одат во таа цена, па тогаш што ги доведувате луѓето во заблуда со лажни реклами СТРАШНО разочарувачки
Не е поентата што ќе користиме повеќе секој засебно, некој користи и транспортер и сака со сите делови, работата е што со лажна реклама за попуст ги доведуваат купувачите во заблуда пишуваат дека четирите делови се во таа цена ама небило така ако не си ги отвориме очите поубаво тие ќе ни ги отворат нас
Ептен лош однос имаат веаботените во бебе хоме и крш под итно им треба некоја обука за софт скилс ако не за продажба ај што ова беше ситуација што е вероватно одлука на менаџмент ама нивното однесување во продавница е како кифла со џем да влегов да купам а не луксузна количка што ми се свиѓа… тоа поише ми дигна живци … што немаат поима да ти направат да се осетиш посебно зошто купуваш количка за прво дете
Мене во BebeHome ми продадоа друго седиште. На маж ми му рекле тоа е, само грешен е лагерот и гаранцијата ќе ви е на име на друго седиште. А прво бев таму, и го покажав кое, ми го отвори на веб броусер пред мене и се јави за попуст за тоа. Не го пробав одма, не се сеќавам дали поминаа две недели и пробувам да го извлечам нанадвор седиштето не се извлекува. Викам ај ќе видам на нет. Се возиме и гледам на една минијатурна етикета пишува Mica Pro Eco, а јас отидов за Mica 360 Pro. На изглед се исти, ама Eco-то не се извлекува нанадвор. Тоа не може да го знаеш вака на поглед. И те како знаеше таа дека го продала тоа дека на фискалната и гаранцијата го пишуваше. А маж ми и поверувал дека е само грешка во лагер. Им пишав меил, ама маж ми не сакаше да го враќаме дека веќе го наместил и добро било. Плус по цена сме го добиле поскапото.. Поскапо е само во Bebe Home, секаде не нет е поевтино. Нејсе, они рекоа дека станувало збор за недоразбирање да отидеме и да доплатиме за новото седиште дека ни дале убав попуст за ова или да ни ги врателе парите. Моја нога таму не стапнува повеќе.