Не ме чуди ич… абе баш ноќеска си зборам со маж ми фали некоја огромна продавница со избор за бебешка галантерија … со насмеан персонал што е возбуден за твојата состојба, да ти покаже се што те интересира и со ќеиф да остаиш пари пошто никој не жали за свое дете … ниедна таква немаме во Скопје … за другиве градови ич да не ни помислувам каква им е ситуацијата…
Сега давајте хинтс за во Солун што да заобиколам на листа ми се prenatal, kiddo, mothercare, orchestra кај друго шопингувавте колички/креветчиња и остало?
Беше во Бебе хоум во Аеродром? Јас купував количка таму, минатиот Септември и баш имав убав однос од продавачките, како што кажа, да ти објаснат убаво, да ти ја покажат цела количка, ни дозволија да ја повозиме низ продавницата, искрено мн сум задоволна од односот а и количката си ја погодивме. Истиот ден ја купивме. Баш заради убавиот однос од продавачките се одлучивме уште одма да ја купиме. Освен сега ако не се сменети па да има други неуслужливи.
Исто, презадоволна сум. Особено 1 со кратка коса, им се јавувам што ми треба тргаат настрана,чуваат. Досега сум немала проблем а речиси се ни е од таму.
Прошетај до таму, ако си имаш количка што ти прави мерак, ќе ти објаснат сè убаво, повози си ја и ти и може ќе си се одлучиш да ја купиш. Во Сити мол, и ние кога баравме пред да се одлучиме, продавачките не беа нешто посветени, одговараа само ако ги прашаш и стојат и гледаат. Не бев задоволна од услугата.
Дали имате искуство некој со количката Chipolino Linea 3vo1? Конкретно оваа https://www.instagram.com/reel/DE4qY6mMvew/?igsh=aWo2NXk5MjZmNzRy размислувам меѓу неа и мика, па секој предлог, совет и искуство е добредојдено https://www.encimenci.com.mk/kolichka-mika-3-vo-1-grey-stone-lionelo-5903771701792
Јас пак совет барам, откако научив разлика меѓу летни и зимски колички: Дали некој има искуство со летна количка што се навалува скроз за новороденче? Би сакале да ја прескокнеме корпата бидејќи нели до 6 месеци се користи само, а доста поефтини се овие летните. Не можам на интернет да најдам дискусии за ова никако. Еве пример на количка: https://topolino.mk/product/kolicka-litetax-pro-shale-joie/
Новороденче треба да е на 180 степени скрос право затоа и е корпата,во транспортер повеќе од 2 часа не се препорачува. А гледаш не е скрос 180 степени количката. Немам искуство со летни само мое мислење е ова.
Јас земав на Maxi Cosi Leona. Не е ултра рамно, ама ни релаксатор не е и зависи колку планираш да го возиш во количка. Моето бебе се роди на крај на јули, по жештините не го шетав, навечер спиеше и јас со царски време ми требаше. Ја користевме до ноември за прошетки кратки а после по молови некако шетавме. Пресудно ми беше за оваа количка ендека седиштето се врти. Зошто според мене до кај 1 година треба да го гледаш бебето додека го возиш нели, зошто сеуште е мало. А друго и заради тоа што додека се мали светот го осознаваат преку тебе, како ти реагираш, па пожелно е и тоа да те гледа. На количката може да се монтира и транспортер ако си купиш па да го возиш толку мало бебе. Јас не купив, реално малку ја користев количката тој период на почеток. Транспортер позајмив. Инаку сум задоволна од количката зошто лесно се склопува и не зафаќа простор. И јас не сакам триста делови по дома, немаме место за складирање. Јас сум исто 165 цм висока, па ми одг количкава, не е огромна.
Корпата постои, бидејќи има намена. Значи не се глупирај бебенце да легнуваш у летна количка отворена напред. Значи, не. Безбедноста нека ти е на прво место. Башка не е 180 скроз количката, глеј дека има агол... Ако сакаш да поминеш поефтино купи си количка на старо. Количката е текстил, све се вади се преперува. Има преубави понуди од мајки кои продаваат по симболична цена.
Не е толку за поефтино, иако го спомнав и тоа.. повеќе е за тоа дека еден дел станува вишок за брзо време и зафаќа место,а и имаат и голема разлика во тежината,овие летните се многу полесни и полесно се склопуваат исто
Барај си модели што се полесни за склопување и носење. Или па одбери модел со транспортер да го користиш и како седиште без корпа.
Абе не е еден, и корпа и транспортер остануваат вишок еве уште ги немам склопено - пола соба ми зафаќаат. Ем што е претешка количката со корпа... Твоја си е одлуката. Јас не би без корпа. Едит: нас транспортерот ни беше и седиште првите месеци
6 месеци и не е мал период, а искрено тој е најубав дел од количката. Најзаштитени се во него, а сепак се подесуваат како сакаш, отворено, затворено, дигнат, спуштен капак. Во странство и до годинка ги возат во тој дел. Тука кај што сум и педијатри, физиотерапевти и ортопеди имаат заеднички став дека пред 9 месечна возраст спортско седиште не се употребува сѐ уште, без разлика на кој степен. Објаснувањето им е дека сѐ уште немаат убаво и правилно држење дури не седат сами, а со тоа може проблеми да имаат подоцна.
Размисли за модел што самото седиште се трансформира во корпа. Имаат на Maxi Cosi такви модели, а мислам има и поевтини на сличен принцип.
Нема никакви граничници скрос небезбедно е ова седиште за новороденче. Плус што ти кажаа веќе, не е рамно. Купи за истата сума количка со корпа и спортско седиште, не си играј. Види hellobaby имаат поевтини опции.
Искрено за оваа цена ќе најдеш и на попуст троделни колички. Бебе мало, не би во летна. Прво нема безбедност, не е стабилно. Уште не се цврсти и стабилни беблаците.