Да, мое искуство и мој став. Мислев дека тоа се подразбира кога јас сум го напишала мислењето. Исто како што е твој впечаток дека се правам експерт (мој впечаток е дека под лупа се бараше "грешка" во мислењето, за да има што да се реплицира). И да, педијатар ни кажа како е најбезбедно да се носи дете на прегледи (во транспортер), ортопед не советуваше исто, а и за кога да почнеме да го ставаме детето во спортско седиште. Не знам зашто ве погодува толку ако јас мислам дека е небезбедно, штом сте вие убедени во спротивното. Кажете и вие на членката што прашуваше, никој не ве спречува.
Јас кажав мое мислење каде што после бев цитирана. Ти после нашата дискусија влета со мислење дека нема друг избор освен да земе корпа и дека педијатар секако ќе и кажел корпа, ти не си можела да го возиш ако не бил во корпа. Јас го спомнав ортопедот за да те демантирам дека ортопед ќе и каже не. Обавезно на неколку страни има дебата дали мора корпа или не и редовно има луѓе што напаѓаат дека мора. Кој како сака нека си одлучи за себе.
Ај само уште кажи ми каде пишува дека "мора корпа". Баш напротив, кажав дека не мора да купува корпа, ама би требало да има транспортер. И не влетав никаде, туку одговорив на членката што прашуваше. Во секое од мислењата со кои ми реплицираше имаш извртување на зборови.
Како и набивам, што кажувам мое искуство? Па нели за совети е? Јас и кажувам дека не и препорачувам летна количка, не и кажувам корпа да земе. Баш заради тие и пишала, да и споделиме искуство.
Има право @Anika55, на почетокот или корпа, или транспортер. И ние максимално додека ја собираше ја користевме корпата. Ако не сака некој корпа, тогаш бар во транспортер да се вози бебето мах 2 саати. Јас не ја возев, само до лекар и назад беше во транспортер, а за возење корпата ја користев. За дремки дома исто мах ми е искористена. Спортско седиште веќе кога почнува со седење. Јас немав потреба од летна количка, мојава е 3 во 1, корпа, транспортер и спортско седиште. Не се карајте, само си дискутираме, секој со својот став.
Премногу опции има,како за некој што прв пат ќе биде родител. Гледаме поекономично (не само за пари) да поминеме,да не се трупаат ствари. За во кола мислевме седиште (не транспортер) што е 0 до 12 години пример. Можда терминот не е летна количка, туку како таа што ја пратив, легнато и со каиш врзано да биде. Многу полесни и помалце гломазни се тие што не се 3 во 1, 2 во 1...итн
Размисли за цена која сакаш да ја потрошиш, дали сакаш полесно да се склопува, колку место имаш во гепек, до колку години би го возела/ до колку кг, дали се крева/спушта рачката за возење, дали се врти седиштето накај тебе, какви гуми има количката и тргни во потрага. Таа на Џои количката на излог е мислам во тополино и мене многу ми се свиѓа ама јас немам таква количка за да ти кажам искуство. За 11000 има и поефтини колички на пример, меѓутоа според мене оваа е со подобар квалитет. Тука некои колички да кажам се повторуваат цело време па некој има позитивно, некој негативно искуство, а има и други колички што воопшто тука никој нема да ти каже искуство,а се многу добри.
Имам слична количка и не би ти ја препорачала за новороденче. Во корпа ја возев, а за кратки релации и во транспортер. Оваа почнавме да ја користиме после 6 месец некаде и тогаш па не беше скроз удобна. И за седиштето внимавај какво ќе одбереш, да се врти наназад би било идеално.
Во која продавница можеше да се комбинира количка, поточно да купам делови само што ми требаат да немора да е 3во1 пример, ми треба само корпа и спортско без транспортер
Женски има ли мајки што имаат anex колички и како се задоволни? Се изначитав за нив и све прегледав на тик ток и youtube пошто се баш популарни низ Европа конкретно ги гледам anex flo и anex eli најновиве модели преубав дизајн ми имаат и ми изгледаат цврсти и компактни, ако има anex мајки нека споделат искуства, ептен ќе ми значи
Здраво, дали има некој искуство со количките Chipolino Linea 3in1 или Chipolino Infinity 3in1 Ги гледав во hello baby вака убави се,ама ако има искуство некој да сподели убаво би било. Или нешто слично предложете до кај 25.000
https://bebehome.mk/product/bebe-confort-haze-3во1-тинтед-греј/ Јас оваа ја имам, задоволна сум. Лесна и за управување и за склопување, плус квалитетна е, белгиско производство.
И јас се мислам Линеата да ја земам ама до сега немам прочитано мислење за нејзе тука, ме интересира и мене
Предлог за некоја квалитетна и лесна летна количка? Се утепав од гледање и сеуште не зна што да земам.
И јас за истото тука. Сакам чадор систем количка (а по можност за високи). Во Бебе хоум гледам има една на акција ама незнам каква е.. Плус само оваа боја е.
Од мене препорака за Chicco goody plus. Ние душа и извадивме, немам замерки. Само препорачувам потемна боја, ние имаме светла и многу се прља (ама се вадат сите делови за перење). Има доле корпа со солидна големина, за пазарење ми беше одлична. Лесна е, се склопува автоматски на копче, има убава, голема тенда и доаѓа со навлака за дожд. Се спушта целосно, за спиење. https://www.encimenci.com.mk/kolichka-goody-plus-indigo-0m-chicco-798775100
Девојки ми треба мала помош, имам количка Chicco Trio Love (постар модел е) ама ми фалат каишите за врзување на бебе во седиштето, дали знаете каде би можела да ги најдам да се продаваат посебно само тие?
Дали зафаќа малце место во кола и дали е лесна? Моментално имам Chicco Best Friend претешка е и многу место зафаќа. Маж ми само зборува дека со душа чека да се отарасиме од нејзе . Ако му кажам пак Chicco мислам ќе ме стрела. Немаме лифт во зграда и нонстоп го терам да ја симнува и качува горе количката