За лесна, лесна е. Нема споредба со зимска количка А за место зафаќање, не знам како да кажам, мислам дека не зафаќа премногу и дека во секој багажник би ја собрало. Ние ја ставаме позади возачко седиште доле на под. Ако е место проблем, најубаво и на лице место да си разгледате колички. Јас така се одлучив за неа, не ја планирав. Беше тогаш изложена во сити мол, ја испробав и ептен ми се допадна. И возењето и тендата и како се склопува и расклопува и тоа што не е со дупли тркала. А општо вака и јас Chicco како бренд за количка го немав земено во предвид, не ни ги разгледував.
Девојки искуство со количките на kikka boo? Ја гледав Lanah 3 во 1 29.900 денари, Tiffany 3 vo 1 25.900 и Thea 27.000.. незнам за како бренд дали е во ред цената. А Free on comfort 3 vo 1 и free on joy на акција се околу 29.000.. па помагајте хах
Јас гледав на кика бу, во продавница едвај ги склопуваа, не се ич практични, побарај баш видео како се склопуваат сите, ама јас кога ја видов и продавачката се мачи одма отпаднаа од список. Најубаво да одиш на лице место да ги видиш сите и да ги пробаш прво за возење за склопување како се па да одлучуваш
Здраво дали ја има некој оваа количка да сподели искуство, во план ми е да ја купам па ме интересира квалитетот и корпата дали е удобна.
Нас воопшто не ни е лесна. Особено пробај да ја кренеш за во багашник во кола да ја ставиш. Еднаш сама бев со малово до Систина се изнамачив количката да ја ставам и извадам од багашник. Да не зборуваме по скали нагоре надоле пошто немаме лифт. Ај мене, ама и маж ми се буни . Земавме поголема кола и пак зафаќа многу место. Баш ќе одиме на пат и маж ми се нервира како ќе се спакуваме со количката. Сега морам друга количка да купувам баш ради тоа.
Јас на Чико Глее ја земав, пердув е и ич не зафаќа место. Таман летово ќе се погоди, пошо зафаќа простор Плазава, а голема кола имаме.
Здраво девојки, барам летна количка па се мислев помеѓу Chicco Urbino, Chicco Glee и Chipolino Kiss па да прашам дали некоја од вас има искуство со нив и како сте задоволни?
Јас ја купув Чико Глее, не е сефтосана зашто сме помали, ама ја видов на другарка и се заљубив. Поготово дизајнот, плус прелесна е. Одвај чекам да ја почнеме.
Ние ја купивме Anex Flo, во сппредба со cybex тука се со цените ама естетски anex ми се неколку нивоа поубави низ дома ја пробавме лесна преубава тркалата одат на сите страни конфорна корпа, седиштето за дете е каде каде поголемко од cybex. Ќе видиме како ќе биде во пракса за некој месец
Од Грција ја земавте? Имаат изложено и Cybex и Anex? Како што гледав на веб само online им стојат, зс нарачка пишува 30 дена.
Да од kiddo.gr имаат изложено и cybex и anex ние ги замоливме да си го земеме изложениот модел пошто количкава е искочена пред некој месец, за да не чекаме 30денови за нарачка, префини беа од кидо, се сложија, купивме и креветче и еден куп други работи од кај нив и tax free ни дојде супер сума
Некоја мајка да ја перела макси кози плаза+? Лом стана сакам штом запролети да ја извадам навлаката цела и да ја исперам ама не знам да не се распадне или да прашам кај нив најпаметно
Презадоволна, маста и ја вадиме. Сега третиот дел ќе го почнеме, секој ден ама буквално секој ден сме надвор со количката. Ние зелената ја имаме. Јас имам, супер е до сега.
Се перев во машина, освен сунѓерот од корпата. На 400 вртежи, на 30 степени на gentle care. Надвор сушев, не во сушара. Нема гајле.