Спортскиот дел не ми е перен, спакуван е уште. Здравје кога ќе треба да се користи. Ги перев транспортерот и корпата, лесни беа за склопување. Сигурно и спортскиот е. Од трите, транспортерот мислам дека е најзахтевен за вадење и склопување.
Добар deal. Која боја ја зема, баш им ги гледам нешто сивка има, и другава ми е не знам дали маслинеста? На граница како поминавте, мене таа маста ми ја извади 6ти месец трудна не сакаше да ми стави печат. Партали се направив таму.
Еј супер поминавме ние на граница одма ми ставија печати за две секунди, што купувавте, маж ми му вика за ќерка ми прв шопинг, ајде со среќа нека ви е и пројдовме. Оваа ја одбравме некако најубава ми беше од изборот на бои од фло https://www.instagram.com/reel/DDme_mVNQLv/?igsh=MXd1dTEyNmpicHQ2Ng==
Ние ја имаме anex elli. Преубава ми е. Мене лично изработката многу ми е поубава од cybex. Надвор не сме ја пробале дека сме мали но дома си ја користам за заспивање. Ја купивме од киддо и ни вратија 23 % данок. Ја имаа и веднаш на залиха.
Многу е убава и ели, се мислев меѓу неа и фло. Ама некако кожата кај мене пресуди дека летно бебе ќе имам па одбрав фло да не и биде жешко ептен внатре во корпата кожна
Треба да купувам количка а не знам каква Дали би споделиле каква имате и од која сте задоволни/незадоволни да имам некоја насока што да барам.
Ние ја купивме Chicco Seety. Бевме ја видовме во живо и ни се допадна. Делува лесно и практично, па ќе видиме за некој месец во пракса
Maxi cosi street + ептен задоволна. Синко 1 год направи не е мрдната секој ден излегувања низ град, село, камења..
Здраво женски! Јас имам купено Anex e и сум презадоволна од количката! Ем е убава ем комфорна! Ама има една маана - доста е гломазна. Е сега се мислам дали за лето да купам летна количка или ќе ми е вишок? Имајќи на ум дека нема да патуваме далеку летово, тука во околина, кола има простор, ама да не и е топло со таква количка? (Или глупости тропам )
Знам дека не е за совети ама мајки ако може да ми кажете кои продавници во Солун се добри за колички? Сакам да земам летна и верувам многу подобар изброр има плус со tax free секако ќе ме фати поевтино.
И јас сум во потрага по чадор систем количка и ептен тапа избор има кај нас (бар таму кај што гледам). А ми треба за на плажа, за во камп, да не влечам огромна. Плус мн место оваа фаќа во кола.... Оваа е бугарска страна, сум ја посетила во живо и мн избор имаше на свашта. Е 2ипол 3ч до таму...https://www.bambino.bg/лятни-колички/ Нас ни беше тогаш во спат од Банско кога се враќавме. Онака да фатам да отидам сеа за само количка, шанса нема
Ние ја имаме Anex за првото дете, ја утепавме од користење, полесна и подовра количка единечна нема за мене! После толку време користење, мана не најдов. Голема е да, ама не се осеќа, лета, тротоар не постои за неа Одличен избор. Ние поминавме со оваа количка и лето, летни одмори, помала летна не се одлучивме, затоа што после прошетките со anex, летните колички со малите тркалца како камен ми беа тешки да буткам и останавме со оваа, голема личи, ама лета
Ај пак јас што е разликата зимска летна количка? Што се користи повеќе на што да обратам внимание, навистина врска немам ни што да барам ни што да купам. Транспортер имаме посебно нема да ми е сигурно потребен како додаток од количката. Има ли да се најде убава количка до 20-25 илјади? Имате ли купувано од некоја од продавниците во Тетово?
Зимските се претежно по 2 или 3 дела и по гломазни, додека летните е само количка и претежно кога е склопена не зафаќа голем дел во багажникот. Мислам дека сега си породена и ако ти се допаѓаат можеш да земеш од летните модели ама до доле што се спуштаа за лежење, за да можеш од најмало да го користеш( најчесто рачката не им се врти, и неможе да е свртено спрема тебе бебето да го гледаш). Накнадно ако ти треба можеш да си купиш и зимска прекривка за догодина за зимата. Се е ствар на вкус каква ти се допаѓа тебе таква земи. Инаку летната е по практична за во кола, одмор и сл. Лично јас количка користев дури не преодија, значи до кај 1 година, после тоа во трицикл се возеа, или за на одмор летна количка земав и кога одевме некаде на шетање каде што сме цел ден за дневната дремка да има кај да ја налегнам.
Зимските се во три дела или два. Мене лично, летните ич не ми се допаѓаат. Земавме од Хело бебе, 3 во 1. Веќе почнавме во третиот дел да ја возиме, како спортски е тој. Лесно се склопува целата со делот и дали дека имаме голееем багажник, не ми делува да ми зафаќа простор.
Ние земавме летна, потешки се некако зимскиве колички. Оваа е чадор систем и у џеб ја собира што се вика. На лето веќе 9 месеци ќе е госпожата па таман ќе е.