Мајки а во корпата до која возраст ги возите? Дали на 4 мес треба во количката веќе? Заборавив да прашам ортопед.
Ако начекаш некоја на попуст, зимај. Ние земавме веќе. Па здравје летово во нејзе ќе ја возам. А иначе ние пред скоро три недели се префрливме на третиот дел. Од 4 месеци веќе можеш на 45 степени, па можеш и тој дел да го почнеш.
Искуство со Chicco Bellagio, или општо од Chicco која мислите дека е добра од овие 3 во 1? Исто така, дали некој има искуство со Kinderkraft?
https://www.encimenci.com.mk/kolichka-sprint-coral-40010121-jungle-40010121? @mariz еве, и попуст имаат.
Треба да земам летна количка ама немам идеа каква и на што да внимавам при купување. Би сакала да има можност да се прави рачката од двете страни т.е да е свртено бебе и накај мене и напред. Да не е тешка и да не е голема соберена. Гледав на кикка боо (sierra модел) ама не наидов на нешто позитивни коментари за кикка боо количките. Исто гледав и на косовските страни, па ако има некој искуство може да сподели.
Kikkaboo Libro ја имаме. Си брка работа, не дека не ама не сум нешто екстремно задоволна. Не знам за Сиера, за Либрото, не ми се допаѓа тоа што нема преграда во делот за нозете. Само со каишите е ќерка, тек сега како е поголема, изгледа како слизната надолу и готова да испадне. На овој дел со стрелка означен мислам. Баш пријателка купуваше сега од Чиполино и има плус тука уште еден дел. За Сиера не знам, за Либро, не ми се допаѓа и тоа што нема никаков отвор од горе, да надгледаш дали заспало дете и е настрана или било каде. Од сегашен аспект, со користење ми изгледа како минус тоа. Едит, има отвор ама скроз е назад
@Feniksgirl @LadyR мајки вас ве тагнувам зошто вие ми сте најблиску со бебушите и со плазата. Јас ја имам фејм ама претпоставувам исто е со maxi cosi. Дали почнавте во спортското седиште да ги седнувате? И рамките кај рамената дали ви се ок? Пробавме ние дома да го ставиме на спортското на 65 ама некако како пропаднат ми седеше во него и рамките не се спуштаат на рамената воопшто седат некако многу горе, а демек биле седиштата од 0+ месеци. Нешто да не пропуштам јас? Какви се на плазата? Има ли уште едно ниво за да се спуштат рамките?
Јас уште на 4 месеци ја ставив во спортскиот дел. Многу е долга мојата, не ја собираше веќе во корпата. Иначе до сега само на 45 ја имам ставено, сега за недела веќе ќе ја ставам и на 60, не пропаѓа воопшто, плазата на каишите има како копче што се откопчува и мрдаат појасите. Мојата вака супер и е спортскиот дел, убаво го пополнува. Fame мислам дека е поголемка.
На 4+ ја ставивме, и океј и изгледа. Јас ја седнувам и на 45, и на 60. Сама се исправува во 90 степени седната ако ја легнам и седи така. Мислам дека океј е и со каишите кај рамената. Се собираат/стеснуваат тие за ако е широко/тесно. Не знам искрено дали се за од 0+, корпата ми изгледа многу поприкладна за новороденче. Јас на спортски не би ставила новороденче.
Здраво девојки предложете количка за близнаци лесна за управување и за склопување, се уште ми е рано но сакам да видам и ваши искуства зошто појма немам каква да барам, ни па која фирма е подобра сакам да одам и во Косово како што гледав по некои страни се поефтини па да направа барем споредба во цените.
Девојкиии , дали некоја продава stokke xplory ? Моделот ми се допаѓа премногу Пратете ми лп Се извинувам доколку не е ова прашање за оваа тема
фала и на двете изгледа поголемка е фејм, долг е и мојот ама каишите кај рамењата не се спуштаат доволно. А и мојов почна да станува до 90 веќе не можам во корпата да го носам, а во седиштето не ми изгледа сигурно ќе му најдам некое чаре
Здраво, во дилема сум дали да купам летна количка или некоја само со спортски дел за бебе од 6 месеци? Моментално ја користам старата количка што ја имав за првото 3 во 1 ми беше, но делот за седење после 6 месеци што е ни се скрши и за жал неможеше да се поправи ниту има да се купи само тоа. Сега незнам како е подобро за толку мало бебе? Летните се супер ама неможе да се вртат накај мене а си мислам уште е мало и сакам да го гледам и во зима може да му студи и повеќе ветар да влегува(некоја си моја логика ).
Па летната ти е за поголемко кога ќе е. Поубаво би било спортски дел, е сега не знам колкаво ќе е бебенцето.
2 месеци е сега и ја користам корпана за лежење и транспортерот. Гледав на макси кози и сајбекс едни само со спортски дел да купам ама пак некако големки се за багаж. Нешто попрактично а да не е летна има?