Има некој купувано количка онлајн преку мегастор? Какви искуства имате? И кои ги препорачувате? И ако има некој од Бт што знае продавници и остало ЛП
Јас имам порачувано количка и транспортер за автомобил од Мегастор. Оваа количка ја имаме инаку да ти кажам искрено ми беше страв да порачувам од интернет , да не е измама и сл. но за 1 ден ми пристигна пред врата човекот ја изнесе количката запакована во кутија , и не доплатив ништо друго. Инаку ја земав 9850 денари. За другиве колучки од мегастор многу ми се допаѓаше чиполино оптима но 18000 денари некако не ми се даваа и ја одбрав претходнава. како и да е,имам само позитивни зборови за Мегастор Спојлер http://megastore.com.mk/Default.aspx?aID=2180&pID=27
Благодарам Коритсаки. И јас овие ги загледував, и кога е веќе безбедно нема многу мислење ако се одлучиме за која.
КолиЧката без транспортер не чинеше 370 евра , плус Маxi Cosi 150 евра ама сме многу задоволни од самаата колиЧка
Земавме Ouinny zaap extra, оваа на сликите, црна, и сум сега за сега пресреќна за одлуката, ептен ми е необична и фраерска на изглед, не е класична, мене ми одговара совршено, затоа што сум пониска, а е и најлесната, и најмалата количка кога е склопена, ја собира и во ранец, буквално, едноставно склопување и расклопување, според мене идеална, посебно што и за количка ќе спомнам, кога патуваш со авион, ги фрлаат количките нели како и се друго, па во 80% од случаите ги наоѓаат скршени после летот, така да оваа по димензиите слободно оди како рачен багаж, бидејќи без тркалата, кои се вадат лесно, исполнува критериум за рачен багаж. Има повеќе позиции, до 4 години е, а со транспортерот на макси кози, е идеална за новороденче, исто се врти и кон мене и кон надвор, има се што ми беше битно со еден збор п.с. се двоумевме меѓу оваа и таа како на маченцеена, но пресуди тоа што е помала и покомпактна некако
enca69 неколку пати ја имам видено количкава низ град и многу ми се свиѓа ако нее тајна колку тежи и колки кошта па здравје ко ќе дојде време за зимање би сакала ваква да си купам
http://www.mothercare.com/Mothercare-Tr ... %2520Black Мојата е таква и сум презадоволна од количката и од сите елементи со неа,како што е темпераментен малиот единствено од неа не може да се обрни,имаме и летна количка лом ја прави не можам ни секунда да го оставам сам,а таа е така бајааги потешка и не може кога е врзан да падне од неа
Да ја активираме малку темава. Мене ми се допадна многу оваа количка на Hauck. Има убав дизајн, а и многу е лесна. Спојлер Само што комплет количка 3 во 1 е скапичка - повеќе од 20.000 ден, па се мислам дали ќе ми бидат толку потребни корпата и седиштето како составен дел од количка или да ја земеме само количката која е дупло поефтина. Во секој случај ова е прва што ми фати око ама има време, ќе гледаме и други варијанти. Спојлер
Од моево искуство со две деца би ти рекла дека од корпата воопшто немаш потреба,во прво време ке го користиш транспортерот ,а тој ќе ти биде и за земање од болница,а и за во кола и за шетање,а подоцна седиштето .Корпите се многу убави и баш асоцираат на бебе ,но многу малку се користат отприлика 2 месеци.Јас транспортерот сеуште го користам ,а мојата е 9 месеци ,така да маст му извадив Не знам дали количката смее да се користи за новороденче,мене ми личи дека е 6+
Мислам дека може и за новороденче, седиштето назад е со каивче и се подесува и во лежечка позиција а веројатно тоа е важно за новороденче. А за корпата и така ќе биде зимско бебе и јас мислам дека ќе нема кога да ја искористам. А на маж ми му се допаѓа оваа количка, Вектор од Бертони, ако ја има некој може да сподели искуство. Спојлер
Количкава е преубава!!! Јас да предложам, на Илинденска спроти Пионерски Дом, во Baby Center имаат одличен избор за колички и најмногу што ми се допаѓаат и како модел и според паричникот се количките на Неонато. На попуст се наоѓа и до 14 000 ден со транспортер. Имаат топ амортизери, малку се погломазни мислам на подебела е навлаката на седиштето на самата количка. Чико искрено и не се нешто посебно, имаат многу мали и тенки тркалца, амортизација никаква, а се многу скапи. Исто и во лептокарија има спроти енрико пицерија една продавница незнам како се викаше, имаат голем избор на колички, цените им се ок. Корпата е неупотреблива, дома бебето најчесто е во релаксатор или транспортер, па за корпата само фрлени се парите. Најбитно од се е да има ротација рачката или седиштето на количката. И мој совет, зошто до сега имам купувано колички, релаксатори за внуци, секогаш за плаќање во готово барајте си попуст, ако побарате сите даваат 10%.
http://www.femina.mk/out/?id=282fc61091 ... 3BpID%3D27 ја има ли некој оваа количка и како е задоволен од нејзе ?
аааа убава!!! Ваква количка купивме за внука ми пред 4 години, само црвена и пишуваше пиер карден на нејзе, а ја купивме 6000 ден. Количкава е супер, ок амортизери има, издржлива е искрено, само со ваква рачка може мал проблем да се јави, се трга лево десно од жлебот (кога ја префрлаш од една страна на друга, треба да запазиш дали е добро наместена) откако ке се расклати малце (од користење), па внука ми прстето си го штипна, плачки леле мајко. се склопува лесно само е малце потешка за разлика од чико, зошто оваа има поцврста конструкција. Ја користеа до пред скоро време, кај не ја возеа, па уште за едно дете ќе издржи.
За тие што планирате да порачувате колички од Мегастор, таму сите количи се на Чиполино, па јас ви препорачувам да отидете до Локо-Кроко или Пир-Комерц тие продаваат колички на Чиполино и ќе можете на лице место да ги видите бидејќи не е исто на слика и во живо. Доколку ја нема во моментот количката што ја барате може да ви ја порачаат па да ја видите. А цените се тука некаде. Инаку ние бевме и до Штип, Андреј-компани се главни застапници на Чиполино и таму беа поефтини за околу 1000-2000 ден. од Мегастор во зависност од количката. Така да ако ви е блиску Штип може и таму да погледнете.
Количката ќе биде подарок од баба и дедо. Сакаме со три тркала затоа што е лесна за манипулирање. Разгледавме во неколку продавници и најверојатно ќе го земеме трио пакот: корпа, седиште за во кола и количката.
http://www.stokke.com/stroller/stokke-x ... ncept.aspx http://www.zimbio.com/photos/Bruce+Will ... 4Fk5MRhZ7B И Брус Билис иста користи Ќе пробаме да си ја донесеме од странство, малку поскапа, ама вредела за парите, сестра ми ја има, и не би ја сменила за ниедна друга. Кој може да си ја набави, нема да згреши. Сите можни комбинации и позиции може да се наместат, од лежење со седење, плус оди со перничиња внатре, да може да се користи од 0 месеци скоро до 2 години. Се што е платно, може да се извади, да се испере во машина и да се врати како ново. Една ама вредна.