Ние се шетаме со транспортер (не оваа количка конкретно, ама небитно). Не е убаво премногу долго да седи во него а не дека не е убаво воопшто, па ако шетаме некаде повеќе ќе ја земеме малце во раце или кенгур да смени ама генерално сме во транспортер
Истата ја имаме. Моето ич не сака во корпа, а преубава ми е така па го шетаме со транспортерот . Јас мислев од 6 месеци е спортскиот дел, ми олесна што ве прочитав.
Мами во план сум месецов количка да земам, буџетот е од 200/300 евра. На либерта бебе бендисав од прв ден една coccolle ravello 3/1 ама во коментари на нет скоро сите се жалеа на амортизацијата и дека преголема корпата е па бебето се превртва внатре, требало посебно душече. Кажете совет од кои колички сте задоволни.
Дали има добра амортизација на тркалата во смисла дали треси кога ја возиш на нерамни површини, и како е комфорот на бебето во корпата ? И уште нешто, дали е практична за возење/ маневрирање. Вака ми се допаѓа на изглед и цената е ептен примамлива
Има амортизација, е сега треси на пример на коцка сум ја возела ама не е неподносливо, комфорот е добар, со тоа што немаш посебно корпа туку седечкиот дел се прави како корпа, секако мора да се стави некое душече или перниче да лежи на него и каишите да се извадат оти до 4 месеци мора само во лежечка позиција да ја возиш, предност е тоа што кога ќе заспиеш одма и ја правиш како креветче, еве ние 7 месеци сме, сношти баш заспа и за една секунда од седечка позиција на нула се мести. Инаку за возење мене ми е лесна иако искрено не сум возела други колички за да споредам. И јас ја зедов на намаление, ама сега ептен е намалена за квалитетот, изгледа дека малку е постар моделот, реално бугарско/кинеско производство што смрдат на пластика се по 12000, оваа е белгиска, нема споредба на квалитет.
Оди види ја во бебехоум ако си од Скопје, да видиш во живо. Реално ние сите колички до 20 илјади низ Скопје ги разгледавме, оваа беше најдобра. Само maxi cosi ми се бендисаа повеќе, ама тие се по 40 илјади.
https://www.libertabebecentar.mk/kolichki/coccolle-melora-3-in-1-moonlit-grey Мами дали има некој искуство со овој сет? Coccolle количка MELORA (3in1) 10.780ден од Liberta Дали вреди да се земе? Количката ми ја фалеа ама другото незнам дали е ок, баеги на попуст
Мислење за количките на локо кроко, на акција им е количкава и е доста намалена, ама нема никакви спецификации на страната, вака на изглед океј изгледа ама квалитетот кој знае. https://lococroco.mk/produkt/kolichka-ksena-crna/
Здраво мамички, ве молам за мислење и искуство со следните колички: https://www.encimenci.com.mk/kolichka-christiano-3-vo-1-beige-moni-06680101 https://lococroco.mk/produkt/kolichka-amaia-temna-siva-2024-2-vo-1-kikabu/ Дали во дводелните е ОК да се возат како новороденичиња? или да одам на таа со 3 дела