Здраво, ако има некој искуство да напише за Бебето Лука 3 во 1 количката? Или било кој по добар модел на бебето или пак друг бренд. Сакам голема цврста количка, не пластична ( како хот мом пример )
Јас ја имам бебето тито, еве второ дете возам количката не е мрдната. Сите делови што се вадат се перат во машина што е супер околност. Цврста е стабилна, е голема е да знаеш нас не ни ја береше во кола мораше туле да земеме и тешка е. Корпата е голема и широка, супер комотна за бебе, а спортското седитше исто е големко, за нозете има да подесиш и за должина и дали да висат или не. Долу торбата е огромна многу работи собира. Нашата беше и со прекривка за дожд и мрежа за инсекти. Рачката за туркање се мести за висина има повеќе позиции и се вртат и корпата и спортското седиште во двата правци. И нашата беше со адаптери за транспортерот да може да се монтира на рамот. Верувам и лука моделот би било исто. Се на се супер задоволна сум од бебето количката.
Девојки здраво, ми треба помош околу избор на количка. Бебе е месец ипол. Моментално имаме постара количка (3 во1)и го користиме транспортерот но има мн маани. Е сега сакам да купам нова. Прво ме интересира до кога се возат во транспортерот? Второ новата количка сакам да ја користиме подолго време. Би сакала да биде од оние што се како корпа и после за седење. Многу ми е битно воедно да е лесна да не зафаќа мн простор и да има опција рачката да се врти. Па од искуство ако имате некој предлог ве молам препорачајте ми.
Еве јас да си ја пофалам мојата Anex Flo, прелесна, прекрасна на изглед, функционална, 2ипол месеци бебе ужива а и ја додека ја возам - одвај чекам спортското седиште да го пробаме есенва. Иначе ја нема во Скопје… ако одите за Солун погледни ја - препорака од срце
Дајте предлог за летна количка од која сте задоволни. Стабилна, лесна за склопување, и удобно седиште да има...
Не е количка, но не знам во која тема е соодветно да прашам. Дали некој го има овој трицикл да сподели искуство? https://topolino.mk/product/tricikli-comfo-max-8-vo-1-green-qplay/
Дали во летните колички може да се возат новороденчиња. Гледсм пишува од 0+ ама сепак дали е ок да се возат во такви колички толку мали
Од сигурносен аспект не. Новороденче треба да е легнато скроз и заштитено од сите страни, во корпа или транспортер. Летниве колички се спуштаат некои и до доле ама немаат странично дел што би држел убаво новороденче јас не би ризикувала и за сигурност и за удобност
Дали некој има искуство со количкава? Сакам да ја нарачам, не можам до таму да отидам да ја видам во живо.
На qplay се сите одлични. Е сега ако имате нерамен терен, улици со дупки, итн... ќе гледаш да е со гума тркалото. На овој не е. Јас кога бев да купувам, само два модели беа со таква гума... https://topolino.mk/product/tricikl-rito-deluxe-so-pu-gumeni-trkala-grey-qplay/ Овој го земавме ние, само зелена боја. Е сега овој модел не се врти накај тебе. Мене тоа не ми менуваше, 12++ е мојава, сака напред да гледа додека се вози.
Здраво, има ли некој искуство со купување количка од Грција, од каде земавте, имаат ли веб страна и дали користевте таксфри за поврат на данок? Секој совет е добредојден. Ви благодарам
Ние купивме скоро се од Солун и доста данок вративме. Плус некои брендови ги нема воопшто во ск а и цените им се супер. Kiddo.gr / orchestra/ prenatal им се најпознати за бебиња и се супер продавници. Јас лично третина kiddo би ја изнела прекрасни ствари има од креветчиња, колички, се до најситни ствари секојдневни плус облека
Да, јас набавив летна количка од Солун. Ја земав од Mothercare, имаат веб страна можеш да си разгледаш. Јас многу често купувам од кај нив работи и обично некоја недела пред да одиме им пишувам мејл со линкови од работите што сакам да ги купам, за ако немаат нешто во продавницата, да го нарачаат и таман да стигне дур јас одам. Така направив и за количката и стигна во бојата што си ја одбрав. Такс фри и они сами ти нудат, можеш да си земеш или после на граница или во менувачница што соработува со global blue после да си земеш пари. Освен Mothercare, колички имаш и во Kiddo, Bebehome, Orchestra…сите овие имаат веб страни. За Orchestra незнам, али Kiddo се нереспонсивни на мејл неколку пати имам пробано да направам нарачка и никогаш не ми враќаат. Bebehome се исто фини како Mothercare и ептен услужливи.
Од kiddo директно ни го вратија целиот данок за количката 24% со тоа што моравме да одиме пак да си го земеме во рок од 3месеци не се поднесува во скопје туку на граница само печат на документот и назад во продавница /не мора лично нас другари што беа тсму за две недели ни ги подигнаа парите и ни ги донесоа ние си го заверивме документот на граница на излез и им го дадовме да го однесат
А не прават проблем на граница дека е поголема сума, количките се над 500 нели, мене тоа ме буни. Фала многу инаку за инфо, баш сакам да видам и таму, може поевтино ќе испадне.
Ние имавме фактура над 1700еур никој ништо не ни рече, баш искоментира на граница цариникот baby loading