Многу читав овде на форумот и мојот избор се сведе на 3,4 колички. Почеток на 6ти месец сум и се мислам да ги искористам попустите што се до 30ти септември. Ова се моите избори: 1. https://www.encimenci.com.mk/kolichka-finiti-3-vo-1-maple-joie-t1606aampl000 Јас некако останав без зборови од количката и попустот што моментално го има. Голема предност давам што се собира целата заедно со лежечкиот/седечкиот дел. 2. https://bebehome.mk/product/bebe-confort-haze-3во1-тинтед-греј/ Цената е топ, единствено не ми се допаѓа што е многу голема/долга кога ќе се собере со седечкиот дел/корпата, а ако се извади тој дел и се склопи посебно, ќе имам два дела за сместување у кола. 3. https://www.libertabebecentar.mk/kolichki/coccolle-aspen-travel-sistem-3-in-1-sand-beige Нe ми се допаѓа тоа што исто така мора да се извади седечкиот дел за да се склопи, и имам два дела за сместување во кола. Плус кога ја пробав Joie искрено се почувствува разлика, а моментално цената со попустите е само 100 евра помеѓу овие две. Ми треба ваше мислење ве молам.
Најдобро сепак е да отидеш и лично да ги пробаш и видиш сите овие модели. Битно е заедно со партнерот да ги пробате на лице место и да видите дали ви одговара, дали ви е лесна за управување, дали се подесува рачката за висина и слично. Помеѓу овие три, јас би одела со првата. Joie е дефинитивно квалитетен бренд и огромен плус е начинот на кој се собира количката. Пред 5 год кога биравме количка за нашиот син, во најтесниот избор на крај беа количка на Joie и количка на ABC Design, која не се склопува така како Joie. Изборот падна на втората и мене до ден денес ми е криво поради тоа, најискрено само поради начинот на склопување. Количките каде што рамот мора да се оддели од спортското седиште зафаќаат премногу место, без разлика на големината на багажникот на колата. Ние иако имаме кола со огромен багажник, буквално секогаш кога требаше да одиме некаде и требаше да се носи количка и друг багаж, количката мораше да остане дома. Исто така улога игра и тежината на рамот, гломазноста на самата количка, дали ќе ти стои склопена по дома или на секое треба да ја склопуваш/расклопуваш, сепак ќе бидеш со дете во една рака и треба да местиш количка со другата, предвидениот терен за возење и слично. И на крај, се може да биде за џабе, ако ти се погоди дете што не сака да се вози во количка
Здраво, дали некоја од вас ја користи Cangaroo Christiano 3 во 1 количката? Какви се вашите впечатоци по неколку месеци користење (маневрирање, тежина, практичност, издржливост, амортизација)? Се мислам дали да ја купам, па многу би ми значело доколку ми кажете ваши искуства.
Joie ја гледав и јас, супер е, ама да знаеш дека не е баш мала количка, ние ја споредувавме со Белагио и беше доста поголема. Инаку делува доста квалитетно и цената и е добра.
Стварно каишиве на Maxi Cosi plaza plus се ненормално глупи, непрактични. Маж ми општо од целата количка не е воодушевен, мене ми е добра. Летна разгледувам Cybex, некој предлог да сподели? Можеби требаше и другата Cybex да ја земеме, ама некако ја избегнував како бренд од непознати причини.
Ние имаме Cybex со сите 3 дела, 5 месеци ја користиме скоро, уште третиот дел не сме го отвориле. Јас сум заљубена во количката и многу е убава и лесна за возење, склопување, добар квалитет итн. Немам искуство со летна ама верувам дека се добри и тие, конкретно оваа е на попуст и според карактеристики ми делува супер. https://ananas.mk/proizvod/cybex-orfeo-kolicka-svetlo-sina/3854546
Моментално во хотелов има 100 orfeo cybex околу мене… леле колку лесно изгледааат само ги ролаат децава натака навака со една рака
Не вреди освен до 4 години ако не планираш да го возиш. Јас се откажав од летна количка, а бев и во живо да ја погледнам Coya, одлично е што е тесна дури и во ходник на авион ја собира. Ама не е истиот комфор како на големата количка што ни е Balios. Моево веќе нема трпение да седи во количка до пролет да издржиме и после трицикл. За одмори или негде патување има супер евтини колички и да се скрши да не ти е криво.
Во право си. Трицикл не сакам да видам, ич не ми се допаѓа на изглед. Си имам јас вака безврска предрасуди дури и за трицкл.
Лелеееее абе истово си го мотам низ глава стално кога ќе видам дете на трицикл ич не ми се убави од мојава прекрасна дизајн количка да ја бапнам на трицкл нема, па што сака нека биде нека смислат некое постилско решение за децава поголемки и ај имам некои чудни мисли и предрасуди и ја ете не си сама @naturally маж ми за вакви мисли на глас ми вика дека не сум добра со паметот ама тоа ми мисли мозокот што да правам вага во хороскоп се да ми е убаво на око
лајкот е за вагата, знам како ти е дупла вага овде иначе за трициклот, ние имаме и нешто најмалце искористено ни е, така да ако мене ме прашуваш скроз се може и без него
А дете на 2 години што се уморува од подолго шетање кај ќе го возиш? Мене па многу ми е грдо толкаво дете во количка пасивно. Трицикли има прекрасни дезени, на Little dutch особено ми се свиѓаат.
Баш ќе ги разгледам да видам … немам поима кај ќе ја возам како што е кенкава и удав жив кога искачаме вероватно на грб ми останува