Здраво Ве молам за помош при избор на летна количка, ако имате искуство со некоја која добро се покажала во квалитет за патувања, нерамни терени, плажа, да ми предложите? Благодарам однапред
Зависи кој ти е буџетот. Јас ја имам Cybex Orfeo, одлична е ама е меѓу поскапите ако не се лажам. Ја имаше долго на Ананас на огромен попуст, но се распродаде. Јас исто ја начекав во Jungle baby на -30% . Има убави и на Чико, конкретно мене ми се свиѓа Урбино моделот.
Здраво земав Cybex Balios S , па ме интересира додатоците им се многу скапи, од каде зимате и кои? Пример сакам и торба за на количка која ви се покажала добра, додатоци за мрежа чаша и сл .
Не знам во кој опсег на цени бараш. Ние ја имаме оваа https://bebehome.mk/product/silver-cross-clic-space/ Истерани и два одмора лани со неа, плус скоро секоја недела патуваме. Милион пати собирана, во багажник со куфери и торби смачкувана. Нема мрднато. Се носи како ташна на рамо кога ќе се собере.
Ја имам јас исто Балиос С, ја имам зимната вреќа Снога и кабаницата што е за оваа количка душа им извадивме , ги користам сега и на Орфео ама кабаницта не одговара баш. Торба сум немала, а за држач за чаша внимавај со универзалните или најдобро пробај пред да купиш зошто многу е специфична рамката. Јас купив три различни демек поефтини од оргиналот за џабе ..на крај го зедов тој на Сајбекс.
Офф ме разочара Навистина се скапи и сите додатоци доколку ги земеш... Ке видам ке пробам најпрвен со поефтини доколку одговараат некои
Јас ја имам Балиос С и ја користев оваа вреќичка зимово, само црната и супер одговараше https://ananas.mk/proizvod/momi-sardi-zimska-vrekicka-za-bebinja-bez/4475525 Торба било која со рачки за закачување на количка мислам ти е океј, јас за да не ја носам големата торба од Zara кога потпорасна бебето, купив едно само за на количка закачување специјално од Womens secret За дожд додаток, стреа/мушама за сонце и мрежа за инсекти купив стандардни ефтини од продавнициве за бебиња (види Baby Center) не знам кој бренд беа, можеби Free On, ми одговараа сите искрено За чаша и телефон додаток купив од Sinsay ама не одговараше и не побарав друго зошто сфатив дека ке ми треба
Кабаница може слободно да земеш универзална, јас додека ја возевме корпата имав универзална и беше супер. Исто и вреќа, не мора да е Сајбекс само да биде квалитетна т.е. Да сија врши работата. Ама држачот е тешко да погодиш, мн е специфична рамката и тешко се наоѓа некој што ќе стои цврсто.
Здраво девојки да ве замолам за малку помош. При крај сум со бременоста па време е да си земам количка разгледувам доста но никако не можам да се одлучам. За жал на патолошка сум и не живеам во Скопје па немам шанса да одберам во живо и гледам некако да не згрешам ако нарачам онлајн. При изборот во тој мој некој замислен буџет ми е битно да е лесна за возење со убави армотозери, да се собира полесно и да не е мн. гломазна како модел. Го сведов изборот на овие три модела секако и примам совети и искуства и за некои други кои вам ви се користени. 1. https://www.libertabebecentar.mk/kolichki/coccolle/coccolle-aspen-travel-sistem-3-in-1-moss-green 2. https://www.freeon.mk/product/freeon-opty-3-in-1-baby-stroller-grey/ 3.https://ananas.mk/proizvod/kikka-boo-kolicka-3vo1-mia-siva/4984827 Читам мн од вас користат MaxiCosi но јас т.е моите брат и снаа немаат некое убаво искуство. Не знам кој модел е купена е пред 6ипол години внук ми никако не се навикна во неа, малку крут модел мислевме дека е до него но потоа и некое слично искуство со внуками. Мене ми беше малку тешка за возење и некако како со пречник беше па кога ќе успееше да заспие ножињата и беа секогаш подсвиткани така да уште од тогаш се откажав од тој бренд а искрено и цените не ми се допаѓаат многу. Фала унапред за мислења, совети, препораки.
ние ја земавме првата, од тоа што успеав да ја видам кога ни стигна е многу добра, лесно се отвара/затвара, изгледа мека и лесна. Уште не сме ја пробале, пошо сум тек 6ти месец, ама количката ни беше прва на листа за купување Плус Либерта беа ептен професионални, пред да нарачаме ни испратија реални слики и ни одговорија на сите прашања што ги имавме. Од Ананас не би нарачала, во последно насекаде премногу поплаки од нив читам