Честитки за бебушот! Јас не перев ниеден дел од транспортерот, избришав малку со влажна крпа и оставив да се луфтира малку да се исуши и тоа беше тоа.
Околу 50евра не памтам точно, ама јас не земав оти немаа на залиха во Бејбицентар, а не нарачав и така тераме. Се подновивте?
Се подновивме уште да ја испробаме. Мислев дека ќе ми е неопходен, а можеби и не е . Нарачав 3099 денари е.
Ние само за патување ја користиме па може затоа не ни затребал бамперот. Ама и се закопчуваат само долните каиши за безбедност. Со здравје да си ја користите и многу да ја шетате
Препорака за летна количка што се склопува со еден клик? Како се движат цените? Од колку месеци може да се користи?
Kikkaboo Joy i Joie Pact Pro, mislam do kaj 13-14 000 se ovie skroz sami sto se sklopuvaat a sigurno ima i poskapi brendovi, ovie 2 nie gi gledavme
Се користи откако ќе седи бебе. Оваа ја земав пред неколку дена, се склопува со еден клик, склопена се влече како куферче и е прелесна.
Баш ми излезе и се замислив, викаш добра е, а? Јас земав лани летото на блиц во нервоза на Мони, ама некако не ми се допаѓа, освен што е лесна, за да ја склопиш мора да го спуштиш и седиштето и да го откопчаш тоа за нозете, башка некако не е убава вожњата.
ние ја земавме макси коузи сохо, мннн е убава за возење, качување и симнување по тротоари прелесно. И широчка е удобна
Досега не сум имала летна и лесна количка. Не можам да споредам. Во однос на Roan Bass (таква имаме), која е преудобна и престабилна за бебе, а во исто време тешка и гломазна, оваа летнава ми изгледа како "играчка" и лесна како "пердув". Вчера ја возев и задоволна сум. Ќе треба да се привикнам. Со еден клик се затвора, ништо не спушташ, не откопчуваш, а за отварање само повлекуваш нагоре. Преедностано е и во кола со леснотија ја ставив. Со Roan Bass-от се искичмив додека да ја расклопам и ставам во кола, па да ја извадам и склопам. Ептен треба сила.
Верувам дека е добра, ама цената е неспоредлива А откако купив лани една мм ни ефтина не ми дава сега нова да купам, ама можам да се оправдам барем така хаха
Задоволна сум. Види погоре што и пишав на MariaBouli. Да бидам искрена, барав количка од 1000 ден (така е зборот, знам дека нема сега со таква цена), но нешто евтино, за во авион и за во кола. Овој модел беше и најевтин, но и нај океј по квалитет во однос на се друго што го имаше во Локо кроко од овој тип на колички.
Дали некој има искуство со летната количка FreeOn Tao или Joie Tourist? На Joie пишува дека е до 15 кг, но не знам колку менува тоа и до која килажа се возат децата во количка.
Јас за Тао можам да кажам дека не ни се допадна за удобност, многу чудна конструкција беше, одма ја спакувавме и ја вративме истиот ден... Е сега не значи дека не е добра, немаме искуство со вожња, само детето што седна цела се излизга се искриви, наслонот многу стрмен изгледа... Нам не ни се допадна за тоа што го баравме. А Турист ни беше во најтесен избор ама јa зедовме на крај FreeOn Lux Premium.