Coya-та е покомпатобилна за бебе од 0+ месеци и е покомфорна, особено ако бебето треба да лежи а на таа возраст лежат. Orfeo-то е супер компактна ама специфично на неа пишува за бебуња поголеми од 6 месеци. Инаку и двете се топ.
Супер е веќе скоро 6 месеци ја користиме и стварно сум задоволна, деновиве ке ја смениме корпата со седиштето и се надевам дека ке сака да се вози и во него
Јас малку каснам со одговор, Која е поудобна со подобра амортизација и е 0+ . Орфеото си дрма на нерамни површини .
Joolz Aer 2+ скроз вреди за парите, реално е скапа ама подобра летна количка немам видено. Лесна е, а сепак преудобна. Прво се мислев за Cybex Orfeo, ама кога ги споредив во живо со Joolz - одлуката беше лесна .
Некој да сподели искуство со Jungle Quad количката ? Дали сте возеле поголеми деца во неа? Потребна ми е како полесна варијанта за патување, но е до 15 кг а малиот е 2 години па малце околу тоа се мислам.
Здраво мајки, дојде време да бирам количка и навистина има премногу избор и све ми е збунувачки што се користи кога и за што. Знам дека сакам cybex или nuna, дали може да ми дадете совет за модел и дали вредат 3во1 комбинациите? Ви благодарам И дали некогаш некаде се на попуст? Пример за black friday? Може и од странство ако знаете
Ги има во Мк? Каде? Јас кога гледав, пред 2 години, не успеав никаде да најдам овде? А баш ми фати око тогаш.
Се мислам помеѓу овие две: https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-zelia-s-trio-all-gray-3-во-1/ https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-plaza-essential-graphiterock-essential-grey/
Не ја купив затоа што моето не сака баш во ништо да се вози, а скапа е за 5 користења. Ама од сѐ што видов низ продавници, највеќе ми се допадна. Baby center
Од овие 2 плаза дефинитивно, кај првата тоа што има како граничник кај нозете на третиот дел е малку ограничувачки за кога ќе биде детенц и не е баш згодно за детето. сестра ми ја има плазата и е презадоволна
Јас ја имам Плазата, маста и ја извадивме. Презадоволна сум, зелената ја имаме. Јас таа ти ја препорачувам.
Мислам само во Baby Center ги има, нашата од таму е. Не знам за пред 2 години, ама јас уште лани ја гледав таму. Сега има уште поубава боја, чоколадна .
Офф потполно те разбирам. Јас кога бирав знаев отприлика кој ми е буџетот и според тоа одлучив. Nuna ми беа скапи, се одлучив за Cybex eos lux 3 in 1. Има и поскапа верзија на Cybex, Priam. Јас сум од мојата количка презадоволна, материјали солидни, перев сѐ во машина, лесна за возење, склопување, добро се покажува на нерамен терен и лесна за качување на тротоари и слично. Дали вреди 3 во 1, не знам што да кажам. Ние корпата ја користевме 3,5 месеци, транспортерот 5, ама можеби требаше порано да ја префрлиме во седиште. Сепак, за тоа кратко време ни беа корисни двете. Не можам да кажам дали си ги извадија парите . Без корпа мислам може да се помине, кратко ако се провозува бебето во транспортер и ако количката се спушта во лежечка положба. Без транспортер е поголем предизвик, практично е на почеток за носење на педијатар, вакцини и слично, плус во седиште толку мало бебче ќе се изгуби. За cybex конкретно, има попусти, следи по продавнициве, енци менци, крш, пуштаат повремено барем по некоја боја на попуст.
Фала ти на одговорот. Приам ми е too much, затоа се мислам дали да земам од другите модели. Дали е исто изводливо рамка и главниот дел за количката еден бренд а пример транспортер друг или седиште. Плус и зимско бебе ќе е моето во декемри, како што е ладно и загадено во Ск тој период не верувам дека ќе шетаме често, освен нели за што мора
Моето прво е ноемвриско и секој ден кога беше океј за шетање надвор бевме, корпата здравје и земавме, се утепа од спиење во нејзе. Јас Макси кози Плаза имам, еве здравје сега ова е декемвриско, исто планирам да ја користам корпата, се надевам синко ќе ја сака хахаха.
Да, можеш посебно количка и транспортер. Може да видиш и дали ќе најдеш евентуално транспортер компатибилен со количката, со соодветни адаптери, ако ти е важна таа опција. Ние на почеток го носевме транспортерот во раце, ама бебе брзо стана 6кг, па не беше веќе тоа добра опција.
Ние имавме Балиос С 3во1, зимно бебе на корпата душа и извадив за шетање до пролет. Првите 5-6 недели и спиеше дома во неа .. потоа од пролет го активирав спортскиот дел , количката е коска. Е транспортерот што одеше со овој комплет некако многу брзо ми го надрасна, за возење како количка не го искористив ни еднаш (или ноже еднаш два пати кога одевме на контрола првите недели), ама во кола брзо сменав седиште.
Моето е зимско бебе и корпата ја користевме 3-4 месеци сигурно а нон стоп бевме надвор, реално немаше многу ниски температури.