Повторно јас, го стеснив изборот на Cybex Balios 3 vo 1 или Nuna TRIV LX 2 vo 1 + arra flex седиште. Што мислите која е подобра и поквалитетна? Нуна ми исксча околу 20илјади плус па дали вреди за парите? Доколку некоја од вас ја има користено ве молам пишете ми
Јас сум за Балиос, не знам зашто ми е префорсирана Нунава, иначе исто не ми се допаѓа пречникот кај стапалата на Нуна, многу смета тоа кај детето. Кога купувавме количка, се мислев помеѓу Балиос и Плазава, па ја одбрав Плазата(маж ми исто повеќе беше за Плазата). Ама измеѓу изборов твој Балиос дефинитивно.
Не ја знам Нунава, ама ние ја имавме Балиос 3 во 1, буквално до пред некоја недела нон-стоп ја користевме, нешто повеќе од две години и скроз нови ни изгледаат сите делови, како вчера да сме ја купиле. Презадоволна сум од неа. Комотно би ни служела и за второ дете.
Мене цело време ми искача Нуна по инстаграм и тик ток, во америка е многу актуелна и конкретно овој модел дека мн била лесна по тежина и за склопување, па наводно многу мајки ја купиле одпосле. Кога видов дека ја има кај нас баш викам да ја видам и во живо е мн убава. Ама претпоставувам дека кај нас нема да најдсм некој со искуство, гледам cybex се поактуелни. @Feniksgirl не сретнав до сега рецензии за пречникот, баш ќе пребарам сега, ти благодарам
Другарка ми има нуна, мн се убави, мене ми се допаѓаат и на лик и практичност, дополнително транпортерот има настрешница, кај cybexot не гледам. Мене тоа мн ми беше битно за малечко бебенце, ќерка ми нејкеше сонце плачеше, мојата е anex и мн се слични во конструкција со нуна и мојот транспортер беше со настрешница.
Е супер, види ја и конструкцијата на пример кај мене анексот е метална и мене тоа ми беше ептен убаво, знам дека некои мајки викаат дека им се тешки количките со метал мене па не ми сметаше мн лесно се движи, пластичните се лесни ама мене не ми изгледаат така луксузно и сигурно.
@Baby warrior зедовте летна количка? Јас сакав да земам само зошто ми се смачи да ја ваѓам и ставам в кола, ама не знам каква
Даа kangaroo flip, презадоволна сум, не знам дали ја има во мк, од kiddo.gr ја земавме ама сега од окт ќе си ја возам надвор пак со зимската, летнава за по молови за во кола
Голема е настрешницата на Балиос С и на седиштето и на транспортерот. Конструкцијата на количката е исто метална .