Ние имаме ваква количка и сум задоволна мислам дека ја купивме 4500 ден на некоја акција, за парите е супер. Исто така имаме и летна количка од Bертони која ја користам многу повеќе од другата меѓутоа имам проблем со вртење на тркалата и не ја препорачувам , значи проблемов не е само до нашата количка туку кај повеќето за кој што имам прашано. Ваква е летната количка
Ние ја имаме Bertoni City и сме премногу задоволни. Ја плативме 9100 и вреди секој денар. Многу лесно се управува што е ептен важно според мене. Мене ептен ми се погоди. Предобра! Имам и голем багажник за кога си пазарам имам и послужавник за детето, ептен ми е топ. Имам и супер зимска прекривка. Еве како изгледа количката Е сега за ваква количка жаба систем нормално треба да знаете дека зафаќа повеќе место склопена од оние што се чадор систем. Инаку имам полесна да речам летна количка од Џамбо но иако е многу помала кога ќе се склопи а и расклопена и е полесна, многу е потешка за управување. Сепак за парите е ОК. Постар модел на оваа е, но се скоро скрос исти
Ние ја имаме оваа количка презадоволна сум лесна е пердув не зафаќа простор подвижна лесна за управување амортизација топ целата се вади се пере во машина најисплатливото нешто од се што сме купиле до сега. А ја имавме во почетокот бертони комби катастрофа гломазна нестабилна амортизација нула тешка еден тон не би ја препорачала на никој
еве да се пофалан, ние само што ја земавме оваа количка.. ми изгледа доста цврста и стабилна,па ќе видиме понатаму како ќе се покаже инаку се мислевме помеѓу 2011 и 2012 и сепак ја земавме 2011
Еве ние што земавме Јас сум задоволна, малечка е, многу лесна, мене ми е совршена. Е сега не се ротира рачката, но не е важно. Се спушта на ниско за лежење, па ја ставам малата да поспива во неа, еднаш дневно. Се надевам не сме погрешиле во изборот.
http://www.encimenci.com.mk/proizvod.as ... t=4&sn2=27ј еве ја и кај нас и тоа 900 евра Јас имав голема желба за количкава, ама што е многу,многу е.
http://www.bebeconfort.com/products/pus ... loola.aspx http://www.bebeconfort.com/products/car ... isfix.aspx Ние од цел град што го прошетавме се одлучивме за оваа количка, заедно со транспортерот во лежечка позиција кој се става на наместо седиштето и се добива мини количка за бебе до 6 месеци. Многу е лесна и многу малку простор фаќа при склопување.
Кај нас е околу 1000 евра , ама што знам мене па не ми е баш нешто убава , но секој си има различен вкус а вака поголемо дете може ли да седи во неа од 1 година па нагоре баш ме интересира оти не ја гледам многу многу стабилна..
Количката е екстра, а за стабилност нема збор,може на изглед поради висината да делува така, меѓутоа во пракса е многу стабилна и функционална и за деца над една година. http://www.stokke.com/en-us/stroller.aspx Еве овде ги има сите информации ако некој сака да си ја купи, оригиналната цена за основната верзија е 850 фунти, што значи дека секаде е од прилика 1000 евра, а ако се земат и другите додатоци од истата колекција испаѓа и 1500 евра. Може да не ти се допаѓа бидејќи нема класичен изглед на количка како што сме научени да гледаме , меѓутоа за се останато цената си кажува каква класа на количка е, а тие што веќе ја користат ќе ти кажат дека не би ја менувале ни за една друга. Јас првенствено мислев дека е поевтина и многу сакав да ја земам за син ми, меѓутоа во разговор со сопругот се договориме да не збеснуваме, и онака треба да купуваме и ново возило за мене, тие пари ќе ни требаат за учество за кола и одбравме друга варијанта, инаку во други околности ќе беше мој прв и единствен избор.
Ние сеуште немаме количка искрено во план сум само летна да купувам ама од 0+зашто само таа ќе ја искорирстиме
дали некој има количка чиполино лео 2010 ,ме интересира сакам таква да купам??? вака ми изгледа супер а и не е скапа ..
види дали ќе можеш да најдеш од 2010, јас денес бев да купам и земав бертони количка со ташна и прекривка и транспортер за 10.000 ден а таа лео сигурно е 7000ден и рачките не се местат од напред. поздрав
ние денеска си купивме количка на бертони -родео,дали некој има ваква количка и колку е задоволен од неа?? многу ми се свиѓа на изглед,не е скапа,тежи 8кг.едвај чекам да почнеме да се возиме со неа
MiAmor izvini sto ne sum ti vratila ama iskreno ne vidov, inaku razlika pomegu Chipolino Leo2012 i 2011 nema voopsto ..nie sme prezadovolni , i da RACKATA SE ROTIRA, so nea ima tasna i zimska prekrivka. Ve molam da ne sirite dezinformacii