убава и стабилна количка моја пријателка ја има и е презадоволна, јас земав бертони комби малку е поголема а на изглед слична. поздрав со здравје да си се служите
Мене и покрај тоа што ми е многу рано ептен ми се убави количките на CAM. Само читам дека луѓе оставале капар и по 3-4 месеци не ги доставувале количките и на крај си го зимале капарот со триста молби. Дали има некој вакво искуство и што мислите за квалитетот ?
мамички сакам да ве прашам нз дали е ова соодветно место имам количка на Baby boom е сеа гледав на лео количките дека има напрен неш се става како прекривка на бебто па дали знаете тоа дали може нахнадно да се купи од некаде оти со количката немаше нешто такво а мислам дека е практично или па не
Mислам дека зборуваш за зимска прекривка нагаѓам ама сигурно може зашто јас коа прашував за количка спроти бисер не во енци менци туку до неа таа ми викаше количката 12000 уште 2000 ми бараше ако ја сакам зимската прекривка па ако таа не одговара на други колички таа некому да ја продаде само неа не би и се исплатело да ги им ана залиха сигурно би ми рекла 14000 и дека прекривката не се двои туку мора да иде со количката.
да да за тоа зборувам не бе оваа немаше никаква баш девојчето влезе во магацинот и провери вика на лео има ама за овие нема ако не веруваш вика дојди ме одведе и тие не отпакуваните уште и не склопени немаа прекривка па затоа сакам да прашам дали има нахнадно да си купам ама 1 200 е мн барем така мислам може и поефтино неш да има или па не
Ако не ви е тешко да препорачате некоја убава количка со цена до 200 евра , за подарок ми е, листам по сајтови и сите ми се исти мене Благодарам
Јас гледав колички во тоа спроти бисер одпозади не енци менци туку до него има едно и има поефтини работи не знам на која фирма се количките релаксаторите се бертони па може се и количките исто . Мене за око ми се фати една количка од 6000 ден лесна 8кг со 5 менувачки позиции рачки коие се менуваат и покривка за глава и мислам дека со доплата имаше и прекривка не сум сигурна многу лесно се вози пердув ама тогаш имаше само кафеава боја и нема транспортер со количкава ѕирни таму може ќе најдеш некој убав модел до 200 евра а летните има се 3900 и тоа од 0месеци исто со 5 позиции вклучувајќи и лежечка а мислам 1000 плус ако сакаш и торба со количката јас имам торба па не ги загледував многу тие модели
Ние ја имаме оваа количка, на Hauck e, околу 11000 е само количка, и многу сме задоволни. Мене ми има убав дизајн и многу е лесна за управување, со еден прст се турка.
значи искрено ке си кажам и ке си пишам ама поголема глупост од ова нема да прочитам за количка на бебе да дадам 1000 евра небаре до 10 години ке се вози во неа ами колку и да ја користиш од 2-3 повеке нема да ја користиш мислам чисто претеризам е многумина би се навредиле али после некоја година од кога ке ги дадат парите нека се вратат да го прочитааат постот па ке разговараме тогааш
ние некни земавме ваква сеусте ја немаме пробано ама ке биде во скоро време инаку вака ми е убава само што нема со нејзе зимска прекривка па дали знаете каде може да најдам за ваков тип на количка само нашата е сиво со светло сино нели као за машко
Ние си купивме ваква вреќичка за количкава за надвор ! Се користи до 3 години , во него детево е стоплено ептен , имавме и друга од maxi cosi ама ја омалевме
не бе јуник на маја количката е топ и на изглед и на цена ама овааа една од 900 евра стандард опрема па до 1500 со транспортер и разни чуда е за таа велам дека е безпотребно лишење од пари а з ана маја немам збор
Дали некој знае дали е затворена продавницата на cam okbaby neonato ? по муабети од форуми разбрав дека се наоѓала во ГТЦ во златарската уличка но јас не можев нигде да ја најдам.... дали ги има на друго место негде количките на Cam ?
Глупост е за нашиот стандард, инаку во нормални земји количкава си е нормална работа. За некој што пари не се проблем, не му е глупост, ако некој си има пари да си купи мерцедес, не е мое да му кажам дека е глупост толку пари за кола, туку со здравје да си ја вози Ако му се може, зошто да не
Во странство, за разлика од кај нас, количките лесто се препродаваат. Еве золва ми количката пакет од 3 дела значи количка корпа и седиште за во кола ја купила 700 евра пред 8 години и после две деца си ја продаде 350 евра за една недела одкако го постави огласот така да не се фрлени пари ем децата изгледани ем пола пари си ги повратија.