@Ivancula123 и мене тоа ми беше главна дилема и долго време пребарував па не најдов ниту еден доволно цврст доказ дека ова што оди со количката може да се користи за новороденче, па го зедовме и транспортерот (некоја страна поназад го има на темава). Се одлучивме за транспортер зошто може да го користиме и како седиште за во кола до 1 година, а и многу е убав. Од кај ја нарачавте вие и која боја? Со здравје да си ја користите.
По долго размислување ја порачавме и вчера ни стигна. Количката е преубава, останува уште бебо да ја засака.
Јас ја имам истата со главниот дел оди додаток за инфра како перница е , се става врз главниот ден и е за новороденче јас зедов транспортер изи слип и воопшто не сум задоволна мислам дек тој што го има Лепаа е подобар а корпата не ти брка работа за во кола оти е многу голема
Јас веќе имам седиште за во кола за новороденче затоа се мислев дали е доволно само основниот дел од количката да го имам
Ако го имаш овај дел на количката слободно во лежечка положба го спушташ главниот дел и со ова е поткренато бебето не е како во дупка и го возиш !
Дечки кажувајте какви се количкиве на кангаро,никако да се решам каква да земам,се мислам и на лорели s-300,s-500? Помош??
Битно е да се вози лесно, мене не ми се допаѓа што Чико имаат мн кратки покриви, па џабе ги има сонце го грее од сите страни.. јас имам спринт трио не ваква, ама и таа краток покрив има... друго мислам дека поубаво се управуваат количките со единечни, а не дупли тркала напред а и поголемки тркала за нашиве крш улици, инаку ке заглавуваш ко мене секаде...
и јас ги гледав на интернет , ми изгледаат ептен ама ептен убави. кажи ми освен во некоја продавница во Струмица да не ги имаш видено на друго место, не ми се оди до Струмица за количка некако. Дали ги има во Скопје ?
Мислам дека моментално само во Струмица ги има... И нас не ни се оди, ама би сакала да ги видам, добро ми изгледаат
И двете што ги наведе на Лорели имаат многу тежок транспортер... плус со бебе внатре... единствено доколку купувате само количка - супер. Ние земавме Аурора на Лорели и има голема разлика од другите нивни модели. Претходно и овие на Кенгару ги гледавме и искрено дилемата ни беше меѓу Рашел и Аурора,сепак заради бојата одлучивме... Другарка е многу задоволна од Стефани на Кенгару...
Се распрашував и ми рекоа дека на лорели биле тешки за маневрирање додека на cangaroo биле полесни,па лорели ги елиминирав од листата,а ја додадов на chicco simplicity ,како поефтина варијанта,треба да ја видам во живо,да не знаете каде има колички на chicoo освен во енци менци?
Хм.. нашата лорели е од поскапите а е баш лесна вака празна и возена низ соба Инаку мој став е дека chicoo имаат надувани цени... во енци менци во сити мол има многу модели на кенгару разгледај си во живо..исто така локо кроко имаат доста избор до пристојни цени ама не сум сигурна дали има кико. Hint: ако имаш можност да купиш во бугарија,нас ни излезе 4000 ден поефтина lorelli aurora , но имавме кој да ни ја купи и донесе...често имаат акции и попусти...