Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Количка

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 6 јануари 2011.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.277
    Допаѓања:
    76.348
    Пол:
    Женски
    Слична е со Kiddo Cruze мислам беше.. корпата и е мн мала доле за ставање работи (а и те како е потребна таа корпа) :)
     
  2. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Јас мислев дека само јас толку рано гледам колички и креветчиња :rofl: , од време на време страв ме фаќа и си викам ‘‘ајде гаси ова сајтовите за бебешки ствари рано еее‘‘ .... инаку количката што ја постираше @ada21 многу ми се допадна, охх сакам се најубаво да биде, ама се што ми е убаво е прескапо :(
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.277
    Допаѓања:
    76.348
    Пол:
    Женски
    Јас имам од првото (facepalm) ама толку ја мразам што нова ке си купувам :rofl: Живци искинав со таа и затоа сега од старт во потрага по совршената сум, да нема ни една мана :D (убави тркала кои не шлајфуваат и нема да се издупчат и излижат, долг покрив за да не го исончам бебето, да се врти обичниот дел и накај мене и напред, голема корпа доле за работи, најбитното долги рачки зашто сме високи) ако има ваква некаде супер :D мене ептен кеиф ми прави chipolino nina 2in1 2016, но само во Бугарија ја има, ке треба до таму да одам...
    Оваа е 2016 што ја сакам: bebemarket kolichka nina 1.jpg оваа е нова 2017, ја има и кај нас:
    3240122aea9f10a1c9359444dbb752dac06e1b59.jpg
    Во живо не сум ја видела, незнам дали се така високи рачките како за нас...
     
    На Belabelinakinder, sofi2107 и RedRevolution им се допаѓа ова.
  4. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Еве од кого совети ќе си примам, па ти веќе имаш искуство :D
    Ако не е проблем ќе те тагнам кога ќе бидам загреана за одредени модели, па ти од искуство ќе ми кажеш која е добра и практична воедно ;)
    А вака на изглед, сите овие понови модели ми се убави, само работава е да не е поскапа од 20.000 илјади и нешто ете нека биде, јас тие едни колички што ги гледав кај нас (стварно убави, ама не знам која продавница беше) беа над 40.000 денари, што според мене е стварно скапо, не знам дали ќе биде толку искористена, бидеејќи бебето би дошло на почеток на зимата, до пролет напраило веќе 6 месеци, па за уште 6 проодело... колку ли ќе ја користам се прашувам, една година, година ипол? :?:
     
    На Belabelinakinder и mariz им се допаѓа ова.
  5. Lea_85

    Lea_85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Да мала е корпата доле, ама па незнам дали има некоја голема улога..може ќе се зезнам мала ќе ми биде после...ама мн ми се свиѓа и ќе си ја купам...модел тексас :)
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.277
    Допаѓања:
    76.348
    Пол:
    Женски
    Синчето има 2 год и уште го возам.. :) Он трча, оди, но знае да се умори... и обавезно во Ситимол кога одиме, зашто пола саат мирно шета за рака, после почнува лево десно да забегува :D
     
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.525
    Пол:
    Женски
    Пак ќе ви ја спомнам количката простете. Но еве сме со повеќе искуство со неа.
    Има армортизери назад, се ниша и не труска при качување спаѓање од некој тротоар.
    Прелесна е за возење и носење.
    Исто и за склопување.
    За високите како @mariz бонус плус рачкава се преклопува на 5 начини ;).
    Ептен сум задоволна.
    Ептен.
    Деловите се местат како од шала.
    За секунда бап корпа, бап транспортер.
    Има плус торба, такви за шишиња, навлака за бебе за преоблакање, јорганчиња, за од дожд.
    Не би знаела да ви кажам што нема искрено. downloadfile.jpg
     
    На Adeline и RedRevolution им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.277
    Допаѓања:
    76.348
    Пол:
    Женски
    А кај би ја нашле? :D ова е нешто како што сакам, дури и гуми на пумпање има! :)
     
    На vitamina и RedRevolution им се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    32.289
    Пол:
    Женски
    RedRevolution јас имам зимско бебе родено во Јануари. Количката почнавме да ја користиме од Февруари лани и секој ден од тогаш ја возиме. Зима не зима ладно не ладно бебето е надвор. Така и треба да се прави. Бебе не се шета само во густа магла и ептен јак ветер, на сите други услови е препорачливо да биде надвор.
    Она што е битно за зимско бебе е количката да биде добро тапацирана и да има зимска навлака и заштита за дожд. Така ќе му биде убаво топличко внатре и да заврне нема гајле. За лето е добро да има голема тенда за да не го испечеш на сонце.
    Ние количката што ја купивме од раѓање сеуште си ја возиме и сега за сега немам намера да земам чадор систем количка освен ако нешто не ме премисли за патување и слично.
    Ние имаме количка на која седиштето се врти во двете насоки што мене ми беше баш битно и е многу убаво зашто го гледаш бебето додека е помало.
    За наши услови битно е и големи тркала да има количката барем задните за да може убаво да се вози.
    Исто така провозете ја количката во продавница за да знаете како изгледа да се вози. Ако празна со една рака не можете да ја свртите за 360 степени во место тешка е за возење. Јас и сег со 15 месечно бебе ја вртам во место за 360.
    Нашата е на PegPerego BookPlus. Куепна во Солун.
     
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.525
    Пол:
    Женски
    Од и беј е мојава.
    Не се сомневам дека ја има низ грција и бугарија но сигурно во поскапа варијанта од оваа.
    Можеш да порачаш од некој што има акаунт на и беј распрашај се.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Фала за советите, мене на пример не би ми текнало да гледам лесно да се врти за 360 степени, веројатно без никој да ме посоветува, би барала да е убава на изглед и да има голема корпа и квалитетни тркала.. толку :D

    Инаку јас па се водам по примерот на другарка ми која се породи пред 3 години во Октомври месец, и ми вика дека количката речиси воопшто и да не ја искористиле, она вика ‘‘откако прооде детево не се вози веќе‘‘ а зимата по породувањето и онака многу малку ја возеле. Може јас повеќе ќе ја користам, не можам од сега да знам :) .

    Vitamina, колку чини преку ‘‘и беј‘‘ , многу е убава.
     
    Последна измена од модератор: 6 април 2017
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.525
    Пол:
    Женски
    Грешка правиш не треба да гледаш само во гумите туку во возењето каква е дали е лесна или тешка дали можеш да ја поткачиш на тротоар добро дали можеш да ја склопиш отклопиш итн практичноста тереба да ја гледаш тоа е најважно дали ќе успееш лесно да маневрираш со истата.

    14000 плус минус или 200 фунти.
    Ако можете да најдете човек што може да ви ја испорача не се двоумете воопшто.

    Обично количките по 14000 денари во македонија немаат ни пола од овие опции и додатоци.
     
    На Belabelinakinder и RedRevolution им се допаѓа ова.
  13. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Фала за одговорот, кај нас за 14.000 немам видено 3 во 1 количка, имам за 18.000 видено од НАМА, ама не ми делува екстра квалитетно искрено.

    Исто така ме буни и издржливоста во килажа, гледам дека некои колички издржуваат само до 9 кила дете, тоа нели е малку, а има и до 15 и до 22 кила, ама има и разлика во цената.
     
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.525
    Пол:
    Женски
    Имам линк ставено на претходните страни ѕирни ја и прочитај.
    Оваа количка нема што нема и стврно е ефтина.
    Имаш се што треба и додатни работи нема што да купуваш.
    Ако и беј не фунционира во македонија претпоставувам дека сите имате роднини низ еу па можат да ви порачаат и испратат по некој.
    Моево е 24 часа во неа, максимално ја користиме.
     
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.646
    Допаѓања:
    35.333
    Пол:
    Женски
    Ние ја имавме истата количка. Ја утепавме од возење, уште е како нова. Штета што не ги носат повеќе кај нас.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
  17. GFlower

    GFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Дали некој има користено од Бебес количките од бебесупермаркет? Ја гледам бебес вива количката, ептен супер цена има
    http://bebesupermarket.mk/?p=20329
     
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    32.289
    Пол:
    Женски
    Јас немам таква количка, ама едно мало предупредување за рачка што се врти. Кога е во позиција да гледа бебето кон тебе ако немаш опција да се вртат оние тркала што ќе бидат напред а ти се вртат само тие што се назад (кај рачката) многу е тешка за управување, односно за вртење.
     
  19. GFlower

    GFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Фала на советот, ќе припазам.
     
  20. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Se gleda deka ti e prvo dete. :)
    Jas dosega imam smenato 5 kolicki dodeka ja najdov "sovrsenata". Nitu edna od tie kolicki ne bese do 9kg site kolicki se od 15kg do 20kg. 9kg mozi da e letna kolicka od onie epten malite epten lesni sto se.
    Kolickata ke ja vozis dodeka ne se iskrsi. Ostaj ti toj muabet deka koga ke zaodi i gotovo batali ja kolickata nema vrska toj muabet. Golemoto mi e 3 i pol pa od ko ke se izmori si sednuva v kolicka.

    Jas ja zedov chicco urban. Golema kolicka za niz grad top. So golem krov, zimska prekrivka, golema korpa koja se prilagoduva za novorodence, legnato, polusednato, sednato. Ima golema korpa i normalno sedisteto se vrti zavisno od toa kako sakas ti, da go gledas da ne go gledas bebeto. Ne zemaj kolicka na koja i se vrti rackata. Najpromaseno nesto ti e toa. Probaj da ja vozis koga bebeto e svreno prema tebe, nema sansi macenie!!
    Skoro site koi imame zemeno golemi kolicki imame i letni cador sistem. Mojata e chicco liteway.
    Vidi si na youtube najdobro. Napisi model videa ima skoro za site kolicki.

    Zavisi sto baras od edna kolicka. Kakva sakas da bide. So sakas da nudi taka ke se odlucis najlesno. Gledaj da ima golema korpa i so kolickata da odat dodatoci kako torba, zimska prekrivka, kabanica itn. Da ne mora toa da go zemas nahnadno. I ne zemaj poskapa eve ke recam od 20.000 ne vredi.
    Ajde srekno... vo izborot. (fingers)
     
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.