Мене фаворит ми е оваа. Цело време барам нешто друго да не ми фати око, ама секогаш се враќам на стара љубов
Многу се убави, само се сум си мислела не се за моиве џинчиња што ги раѓам Инаку ептен убава модерна количка
Ако не се лажам за до 3 год се. Не ми се чинат мали. Подлогата за нозе на бебо се става на нивоа, висината на рачката се подесува. Не ми се чини мала. Јас би си зела и корпа што одк со количката и транспортер
Прекрасна е. Која фирма е? Само уште да имаше 4 тркала. Мада безбедно е вака знам, ама со 4 земав јас...
Да ја испофалам една количка за 3900 летна од Лококроко. Првата што ја купивме беше скапа, со опции за лежење, седење, па е правеше како кошница, па со посебни закачалки за трнспортер од иста марка... Прво дете мераци, бараш најскапа и најмодерна и најшема (тексас е) со највееќе функции... Претешка(10 кила) и се искрши. Тешка за носење и склопување. Оваа е околу 3-4 кила новава, се склопува со една рака и можам да носам бебе у раце и количка по скали у зграда, а и не ми зафаќа простор оти е мн малечка. Врска неам од марка.
Изгледа е како мојата летна. Пд лококроко иста цена ист опис. Јас се преппродив со количката, Торнадо мини да не е ? И јас сакав да ја препорачам во темава како одлична варијанта на летна
Не можам да ја најдам на страната кај нив, ама имам куп видено такви низ парк. Црна со жолти линии, се преклопува со црвено копче на половина. Не е од најевтините од 2500, тие морало рачката да се вади да се преклопат, оваа не. Ќе ја сликам мојата ќе ви пратам.
Eve ovaa e,i mojata e pocrna so zolti linii, ultra lesna jas po skali vo edna raka nosam bebe vo druga kolicka
Јас истата "грешка" ја направив како што вели @Cka. Купив претешка и гломазна количка, алуминиумска конструкција, тркала на пумпање итн ко демек не ми е за шетање, туку до скопје ќе одам со неа Сега ја видов маката со склопување, па не ми ја собира во малата кола и ред други работи. А убава е и квалитетна, но сфатив дека за бебе треба да гледам да е практично, она што впрочем и ме советуваа искусни мајки другарки, но тврда глава јбг
Епа пак да се придружам на муабетот, само што си ја купивме количката. Дома се ресчепкавме и испробавме и сме задоволни! Сега здравје уште неколку недели и ние да издржиме па да се возиме
честитки мила многу да си ја возитее и користитее и јас пред некоа ден преправ све од нив средено наместено де чека бебушка .. мене вака ми се свиѓа доста сега уште да а пробаме со бебушка за брзо
Ние се уште не сме почнале со купување ке средувам во спалната па после ке купувам а за количка сите што ми се свиѓат се над 20.000 незнам дали ке ми се исплати да купам толку скапа
Не знам дали ја имаш видено во живо, не е толку убава. Јас бев решена за оваа, ама се разочарав кога ја видов. Може и тие во сити мал не знаеја да ја презентираат, следно кога ќе идам ск ќе одам во другиот дуќан. околу 24000.
Доста голема е предност за високи родители, тоа покривчето за заштита од сонце е многу кратко и други што се пожалиле тука има ептен мала корпа доле за ставање работи, а таа бар мене ептен ми послужи...