Е да друго е кога ке ја видиш во живо друго е на интернет ова ја видов во продавница ми се свиѓа и поубава е во живо
Не бе уживај во all kids ја има 16000 е има многу убави колички од чиполино ова е на фреон мислам и таму се најефтини има и една страна на фв Charlie babye и таму се ефтини и коликите и креветчината
Ќе те замолам да ми кажеш дали на количката и се спушта наслонот во лежечка положба,дали одговара за помало бебе?
Да. Топ е. Мада ќе ти кажам ако сега бирам би зела со две задни поголеми и да не се дупли. Имаш за истите пари. Инаку си е топ, рачки се попуштаат ако ти треба, транспортерот е топ, има мн функции, јас ја носев у Бебе Супермаркет да ми ја склопат, толку функции има што не знаев да се снајдам. Супер е.
Дали некаде низ мк се продаваат колички од марката Baby-Merc Во Бугарија ја видов во живо многу ни се допаднa но досега низ мк не сум ја сретнала оваа марка. Конкретно овај модел.
Хехехе @BirMelek ја имаме истата на лорели-аурора. На изглед преубава но тешка! Во спецификацијата пишуваше дека тежи 12кг но мислам дека е потешка. Бидејќи живеам во зграда без лифт,кога го шетам бебуш првин постољето го симнувам,па корпата,на крај бебето... за назад сите три едно по едно во обратен редослед нагоре,среќа на прв спрат сум! Искрено,баш ми е напорно и на сите им советувам вакви работи да земат предвид при избор на количка. Сега планирам летна таква лесна да купам... оваа ќе чека на шетњи со сопругот. И совет плус:размислете дали вреди голема сума да се лупне на количка...според мене -не
@BirMelek Да навистина нс изглед многу е гломазна но за возење некако многу лесна ни се виде. Сите модели некако многу гломазни со огромни тркала
И тоа е битно... Во мојот град едвај се провлекуваме со количката,тесни тротоари и испаркирани возила. Гледајте да е што помала и покомпактна
А бе и мојата е прелесна за возење. И стабилна исто. Но, во чикмаците не можам да врвам, со @Grungie иста имаме, па и искуствата ни се слични. Јас еве уште ја возсм со прикачен транспортер, корпата дома ми е оти ако ја ставам и неа во кола ќе треба јас пешки да одам : D @Grungie транспортер зеде ли ти? Јас само со него ја возам. Не е многу тешка, но голема е. И јас гледам летна, ама рано е, од другата година...
Земав да,ама јас во корпа го возам затоа што така му е покомотно и си спие,ем и ортопедот ми кажа транспортерот само за транспорт! И го послушав
А вие сите со време си ја фатиле работава, јас викам да влезам во 9 тогаш ќе купам количка. Гледам низ продавниците нема многу има избор за близнаци
Јас ептен и се намерачив на оваа количка и почнав да се подновувам од мерак инаку вистина нема многу избор за близнаци и јас го забележав тоа.
Ова ми излезе на фб.Лотус-М Струмица. https://www.facebook.com/photo.php?...481.1073741843.100005349161197&type=3&theater