Сите колички во пи ки се кинески на али експрес ги има затоа се ефтини види на Alf kids на чиполино се и на фреон и лорети и сите им се убави
Да така е ама овие некако ми се чудни многу се ефтини а на чиполино и фреон сите што имат се задоволни јас не би купила од нив а на изглед стварно се убави
Женски и ние се подновивме после цел месец гкедање и мислење дали е скапа или не и колку пари би дале за количка. Ја зедовме чиполино етро баш оваа боја со зелено и бело и многу е убава уште да се роди бебушот и да ја тестираме. Иначе ја зедовме од пластичарска 16000, на друго место беше 19000. после видов на интернет во алф кидс дека е 15000 ама не е страсна разлика. пресреќна сум
Преубава е и јас бев загреана за ова само плавата со здравје да си ја користите ја зема без транспортер
па зависи од моделот. грако во сити мол што беше 18000 овде беше 16000.друга чиполино во алф кидс што беше 15000 овде беше 11500. има и многу кинески модели и во една продавница имаше мн убави корејски, со амиртизери со сите функции со транспортер со се. ама не ни се купуваше непозната марка а најскапата беше 13000 да да без транспортер ја зедов зошто веќе имаме а и така се прави корпа па ке се шири бебушот да не го стискам во транспортерот кога шетаме. транспортерот беше +2000 ден
Бевме денес на пластичарска и ништо немаше, по мој вкус. Со транспортер само кинески и по 1-2 модели. И освен оние ко со корпа и со огромни тркала задни, а мене нит ми се свиѓаат нит ми одговараат. Само во една продавница ја најдов таа што ми се свигаше на чиполино, ама не се знаело понатаму дали ќе им ги носат бла бла...друго све крш, па и уште испокршени и прљави. Креветчињата се ок за цената 9000 со фиоки душек(не го бива ама ај) со механизам за лулање. Ете така...ме фати топлото и нервозата.
Најдете ги алф центар од Прилеп на фб и Либерта они се главни увозници за чиполино и имаат многу голем избор а цените им се поевтини од Скопје. Пракаат по брза пошта низ цела Мк Нашата е чиполино комбинирана и зимска и летна, чадор систем,мн лесна за возење 7.000 ден ми стигна од Неготино до дома
Еве нови и ефтини во либерта бебе центар 18.000 се надевам дека нема да се купат сите кога ке купувам
Викендов гледавме колички. Имате во Крш oд Cam 3 во 1, на акција 22.000. Мене ми се виде солидна и цврста штета што немаат избор на бои. Во Chicco ги гледавме и урбан и трио спринт. Урбанот ми е многу убава на лик ама кога ја пробавме некако тешка ми беше. 2во1 е околу 22000 со транспортер доаѓа 27000 или 30000 зависи од транспортерот. Трио спринт ми се допадна, секојдневна, класика. Едина маана се рачките како да не се наместени убаво, разлабавени и баш искоментирав на продавачката рече тоа е така оти се местеле на различни позиции. Исто нема подесување на висина. На акција е 18.000. И бевме и до Штип да ги видиме на чиполино. Тие што ни се допаѓаа едната беше 32.000 другата 25.000 чинам. Nina i fusion. Лесни се, елегантни, и некако поцврсти од тое на chicco што баш ме изненади. Ако се одлучиме за нив , во Бугарија се за 7,8000 поевтини , конкретно овие модели. Сега за сега води оваа chipolino fusion. Само не ми се допаѓа што задните тркала се поголеми од предните. И kiddo cruze ми е убава, единствено корпата доле многу е мала.
Само да ве известам, онаа количка што мислев да ја купувам од Србија ја има во МК - Либерта бебе центар - Неготино, они се увозници на Bebetto и Kunret за Македонија сосема случајно налетав на нивната страна на ФБ, за цени не сум прашала, планирам да се јавам покасно, па ќе ве известам. Повелете линк: https://www.facebook.com/pg/LibertaBebe/about/?ref=page_internal
@eli25 Не се на сите колички задните тркала поголеми? Мене оваа што си ја постирала ептен ми се допаѓа. И на мојата тркалата се поголеми задни. И малце офф @kukla21 Леле кукле ама ме израдува твојот аватар И да ти кажам така и си мислев. Бтв нашите принцези точно година разлика
Да се надоврзам на претходниот мој коментар, се јавив, цените се потполно исти како во Србија, можете да ги погледнете овде, и ги има скоро па сите модели, освен еден или два се на се. http://www.kolicazabebe.rs/bebetto-kolica-za-bebe ПС: кажете ми што мислите, кога е време да се купи, не можам да чекам