Основната функција на летната количка е заштита од сонце. Од сите што ги најдов оваа имаше најголема стреа- можеш речиси целото детенце да го скриеш а и делот кај ноџињата се исправа па и детенце од 16 кг. може комотно да дремне. Ако си повисока и рачките се продолжуваат, а за управување е солидна (не сум љубител на колички со пластични тркала, но летна количка со гуми на пумпање никаде не најдов). Ја имаше во Енци менци и Локо Кроко. Ја има тиркизна, розе, сива и е 4,000. Се надевам помогнав.
Јас ја имам чико лондон. Засега сум задоволна, прелесна за управување, склопувавње и расклопување, лесна за кревање. Тоа е се што ти треба од количка. И квалитет, секако, мада и двете се чико, а од се што е на чико јас лично сум презадоволна. Оваа ти што ја имаш постирано ми изгледа дека не е чадор систем. Ако не е, земи ја Лондон, чадор системот е попрактичен.
@Zaljubena111 Ја видов количкава, на фб ми излезе и ми текна на тебе, дека баравте да не е многу шарена а и немаше бендисано нешто конкретно, па ако немате веќе купено еве ѕирни ја оваа ако ти се допаѓа, ја има во Либерта бебе центар. Многу е убава количката, со здравје да си ја возите девојчицата
@RedRevolution фала ти, мене ми стои дека ќе останам без количка . Ништо не ми се допаѓа освен летната на чико, таа е над 6 месеци само. Почнав да гледам и низ грција и бугарија.
Zenski mi treba vasa pomos.Pred sedum godini dobiv bliznacinja i za niv imav chipolino kolicka.Sega povtorno cekam bebence no voopsto nemam idea kakva kolicka da kupam.Ne sum vo sostojba da setam i mi treba preporaka od vas.Koja kolicka bi mi ja preporacale ?Pozz
Некој дали има искуство со Graco Evo количките? Некако 90% се одлучив за таа, но како тесна да е малку...
Здраво мамички. Дали некој ја има купено количкава од Нама и какп сте задоволни? Ако не е за тука прашањето преместете од мобилен сум и нрможам да најдам соодветна тема. Фалаа многу