уф значи ова ќе е потешко околку што мислам. доколку најдеш нешто интересно те молам сподели. мене ми е рано, ама си барам од прилика да знам што како има каде... thx
@Momichka има на касато, ми пишаа дека може и да си избираш шара, отвори на нивната страна ќе ги видиш. https://www.cosatto.com/, за мене сепак е прешарено.Ни чико летната таа доаѓа во предвид, е сега ќе видиме дали ќе земиме една за близнаци или две посебно со рачка за прицврстување. овие двете се од андреј компани .ти ги пишав и цените. Имаш и во ЛОко Кроко таа не ми текнува чиј модел беше, ама околу 8000 ако не се лажам. Слични на chipolino imas и во ЛИБЕРТа Неготино, пиши им порака ќе ти одговорат какви се модели имаат . Јас на сите им пишувам
ти благодарам @Zaljubena111 . Приоритет ми е едно пред друго. Сакам да има помала ширина количката за да ми биде полесно движењето по улица. Многу се раскантени улиците и сметам дека ќе ми биде отежнато движењето ако се едно до друго :-\ Вчера се јавив во Неготино, Бебето 42 е 38.000 ден(погоре од видеото на ред) ти благодарам за инфото, ќе разгледам. Инаку да, и јас сакам едноставна, не многу боја и шари.
јас кога им пишав за цени и модели, им реков само за овој модел да не ми пишат цена, мене ми е многу гломазен, јас мислам дека ќе се изгубам
Искрено не знам дали имам видено ваков/сличен модел во живо, не би можела да си визуелизирам колку е гломазен. Првично сакам да биде тесен модел, едно спроти едно, или едно пред друго, за да можам полесно да се движам по улиците. Ако бидат залепени едно до друго, по овие тортоари едвај ќе не собере Ќе треба многу често да возам по улицата Ама сепак што и да земаш, прети да видам. Јас имам време за анализа до пролет 2018
Каде можам да ги видам количките на чиполино во живо а да е во Скопје?Ме интетесира каква е ферара и етро? Не сум во состојба да се движам а ќе треба побрзо да си најдам количка.Ми се допаѓа и Гала па ќе видиме.
Чиполино веќе нигде нема низ Скопје. Само продавница Панда во Буњаковец, но ги немаат сите модели во дуќан, туку по нарачка. Сега Чиполино има само во Штип и Прилеп најголем избор.
Да ја пофалам и нашата летна количка. Многу лесна, компактна, и како рачен багаж може да се зеде во авион. Како мало куферче се склопува
инфо едно само од мене Има ваква слична, ако не е и истата во Ситимол во Крш (ако некој го интересира, а и нз од кај ти ја имаш земено дека си во Германија)
Ортопед ни даде совет- за седечка положба не е добро долу кај ножињата да се стеснува... треба да е широка да може паралелни да висат ножињата,да не ги турка према внатре...