Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Количка

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 6 јануари 2011.

  1. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    22.258
    Пол:
    Женски
    Ние ја имаме Гала, ќе ја пробаме за 3месеци :D
    Вака е прекрасна, веднаш ја пробавме на внучето количката е топ
     
    На Minnie-e и Kim-Dash им се допаѓа ова.
  2. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Како што разбрав проблем е предниот дел на количката, долу нозете кај што ќе бидат дека нели на оваа количка е нешто налик на триаголник. Најверојатно тоа би го принудувало детето да ги држи нозете во долниот дел поблиску една до друга, посебно зглобовите и стапалата.
     
    На kukla21, victoria и Belabelinakinder им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    штознам, на видео не делува така.
     
  4. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    6.545
    Пол:
    Женски
    @Libra88 јас би сакала да дојде некој со искуство и веке некој период се мислам како да ги повикам мамите со искуство да споделат што земале.
    Го гледав овој модел од Bebe Centar Alf Kids, Тandem на Chipolino 15.000 ден, ама е за + 6 месеци.
    03674.jpg
    За + 6 месеци и кај нас во Ср, има 4.500 ден Децки играчки ПиКи
    20840894_455628724823736_2420034615534239180_n.jpg

    За мали бебиња до + ехе хеее , Liberta Bebe Centar - Negotino, Bebetto 42(6 во 1) е 38.000 ден
    21147488_1111591315637912_7861385173684715520_n.jpg

    Сепак јас би ги повикала @mimidjon, @eleni27 , @Abeja ,@Jokiiniki , @Twins02, @Paka, @iki26, @vesnik, @coco mademoisele да споделат искуство :angel:
     
  5. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    2.174
    Точно како што објаснила Minnie-1.
    Не знам конкретно за оваа количка дали е талва од сликата ми изгледа,само дадов совет на што би требало да се внимава. Стеснувањето долу кај стапалата е непожелно затоа што кога ќе седи ќе му ги турка нозете навнатре....
     
    На Poppins и Belabelinakinder им се допаѓа ова.
  6. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.311
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам видено повеќе колички сличен модел низ чаршијата и кутрите дечина ноџината им се свиткани вопшто не се удобни.
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Мој совет е да не се лупаат толку пари за вакви помагала. Имам количка од 12000 денари и супер ми е. Не е илјада евра,ама ми служи.Имам таква една во друштво што купила количка од 30000 и другите не гледа со потценување као дека поевтини. Снобови такви ми одат на нерви. Демек поскапа и си мисли најдобро за бебето, а ние што не сме лупнале толку пари не се грижиме (facepalm) сешто
     
    На Dushi0102, mariz, Melinda85 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    5.641
    Пол:
    Женски
    ние со колички од 200€ не ги сакаме душичките абе сето е да се претерува пред народ видејте ме има луѓе од 6000 купуваат па што .. тоа е предмет шо се користи одреден период а шо може и да не ни го сака или може тие одат со мајки внатре :D и после иде в подрум ..
     
    На malifesent, joy1, Black girl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.833
    Допаѓања:
    109.162
    Пол:
    Женски
    @kukla21 количката е преубава, сега ти го сваќам меракот :inlove:
     
    На orhideea, eli25, pile30 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. pile30

    pile30 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    9.448
    Пол:
    Женски
    @kukla21 количката е врв и моја другарка ја имаше па ене ја ќеркичка им прави ноџиња ко пушка...Секој со својот вкус и буџет.И јас да би имала би купила и од 1000€ зошто зад себе имам 5 инвитра,години поминати во борба со стерилитет и не гледам колку што како е се што ми е желба во рамките на можностите ќе си приуштам....Секој со своите желби и можности.Едвај чекам да ни се пофалиш дека сте си ја купиле:inlove: :hug:
     
    На mal.ecka, orhideea, RedRevolution и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    А што е важно па кој од колку пари купил/ќе купи? Глупости. Еве мене ми се свиѓа количка од Cybex, и сега тоа ме прави сноб? Другарка од 12000 купи и супер, со здравје да си ја вози, она нејзината, јас мојата и сите останати така. Нити планирам да се правам јака со мојата количка нити да понижувам туѓа. Секој со своите желби и можности.
     
    На mariz, eli25, Elenche87 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    Од вакви муабети цел живот "страдам" и јас и моето потесно семејство. Кога бев мала, мајка ми сакаше да биде "модерна" и ми купуваше се. Од страна добротвори колку сакаш, дека дете се расте и во стари алишта, дека ми купуваат за да се фалат итн итн ....Гледам и денешницава не е понапред.Не можам, а да не изреагирам. Зошто бе се мешате во туѓ буџет и дотолку повеќе мерите мајчинство на основа на тоа кој колку потрошил за детето? Тие што имаат "скапи"колички никаде не напаѓаат, тие што немаат пак се осеќаат нападнати. Што побогу на некоја и смета ако купам количка од 1000 евра? Нејзини да не зедов? Сигурно количката ги прошла сите проверки пред да биде пуштена во продажба и да го носи трговскиот знак на некоја од прочуените марки. Кој каква сака нека си купи, зошто одма да се осудува. Па и "кутро дете" го мачи мајката, за свој ќеф да тера, да се фали. Каде се спомна дека некој не си ги сака децата? И како се парите што ги даваме поврзани со љубовта? Од овие причини во бременоста не ми се збораше со мајки кои имаат веќе дете. За нив се беше беспотребен трошок, од количка до релаксатор, алишта, играчки.... Секој муабет беше " купувај знам дека ти е мерак, ама нема да го користиш" |( А што да правам ако не купувам? Па за мене количката беше рамна на научно истражување :D Се што ви е мерак, а имате можност идни мајки, да си купите;)
     
    На Locuma, barby, JuLleE и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    А дали е во ред некој да ти рече: како сакаш сфати ме, ама јас си мислам најдобро за бебето и затоа купив скапа количка и други поскапи работи? Мене ми е многу гајле, нека купи и од 5000 евра. Само испаѓа ние што не сме дале многу пари за тоа, не мислиме најдобро за бебето? Тоа ми беше муабетот за таквите.
     
    На Poppins, stevemila, victoria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.607
    Допаѓања:
    35.106
    Пол:
    Женски
    Сличен е и муабетот за приватните болници. Тие што раѓаат приватно им мислат подобро на децата, останатите не. Чинам ти беше поборник на оваа теза? Или грешам?
    И во едниот и во другиот случај одлуката е на родителите и нивната можност, желба, одлука. Просто е и невоспитано да им се мешате во буџетот и во тоа како ги трошат парите.
    Јас лично купив количка од 500 евра (и уште е како нова) а се пораѓав на ГАК. Сметав дека така е исправно. Некој друг смета спротивно и тоа е во ред. Како што кажав погоре, секој со своите одлуки.
     
    На mariz, pile30, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Јас сакав да се пораѓам приватно, ама се смени во последен миг зашто мм запна дека државно е сепак државно. Имав лошо искуство на ГАК и пред пораѓај от и за време на пораѓај за жал, ама некаде сум пишала дека тие што се породиле на државно не им мислат добро на своите бебиња??? Приватно е подобро, секако кој има можност и подобри услови има и епидурал , ама не сум рекла дека не им мислат добро на бебињата ако отидат на ГАК. А количка не би купила од илјада евра зашто тоа ми е некако минливо и после секако ќе ми стои во подрум. Пре би ги дала за пораѓај. Ете тоа си е моето мислење.
     
    Последна измена: 20 септември 2017
    На Poppins, stevemila и Belabelinakinder им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.607
    Допаѓања:
    35.106
    Пол:
    Женски
    Може сум те помешала, се извинувам.
    Муабетот ми беше да не се мешаме во туѓиот паричник. Кој како сака и може, така нека прави. Кои сме ние да кажуваме?
     
    На mariz, pile30 и Black girl им се допаѓа ова.
  17. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    41.537
    Пол:
    Женски
    5te ivf zad nas nemora da znacat deka so pari ke ja pokazes ljubovta na deteto.10 god borba imam zad sebe.I da e 1 eden mesec samo borba,ljubovta e ista kon deteto.Nema da go ucam moeto dete deka so pari se e lesno i deka parite se na vrv na se.Eve veke majka sum.Mojata kolicka e 13 500.Ja vidovte.Moze na nekoj ne mu e ubava.Mene mi e preubava.Na prvo mesto e so e lesna,i so ke mozam sama da ja krevam i sama da ja sklopuvam.I jas letav po 1000evra kolicka.No koga dojde vreme da se kupi razmisliv poubavo.So ako i moeto dete bide ko vnuka mi pa da ne saka voopsto u kolicka?!Zatoa se odluciv za ovaa.Se so imam za malata e skapo.No se pokloni od tetkite i vujce i vujna.Jas garderoba nemam nesto kupeno zasto sme polni.Arno ama,ne osuduvam nikoj so ke si kupi skapa kolicka.Negovi pari,negov izbor,negovo dete.Nit potcenuvam nekoj deka kupil skapo,nit deka eftino.Ednostavno voopsto ne me interisira.I nemoze nekoj da mi kaze deka se grizi poveke za svoeto dete deka se rasfrla so pari.(fingers)
     
    На Lady*Bug, TutiFuti, Naturel и 7 други им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.042
    Пол:
    Женски
    тоа со инвитрата што го користите за се како мерка единица на љубов и макотрпност стварно е глупо.Секој го изодил својот пат до дете на ваков или таков начин и секој своето дете го сака најмногу.

    речи имам пари и можам да купам што сакам,а не се вадите на тие срцепарателни приказни.Мн е едноставно ама сакате да го правите сложено.Демек тие без инвитра немаат потреба од нешто саглам бидејки па ич не се измачиле за деца.Се е до избор а не до тоа која како останал бремена
     
    На barby, sofi2107, TutiFuti и 18 други им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    А зошто се почна муабет за цени на колички? Никој немаше напишано цена на количка, колку што се сеќавам.
     
    На JuLleE, pile30, stevemila и 2 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.303
    Допаѓања:
    285.346
    Ве замолувам да се задржиме на темата за дискусија.
    Мислења, искуства и совети околу количките за нашите најмили.
    Без психилошки профили за сопствениците на овој или оној тип на колички или некакви генерализации од навредлив карактер.
     
    На mimidjon, pile30, augustd и 5 други им се допаѓа ова.