1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колкава плата имате?

Дискусија во 'На работното место' започната од littleflower, 2 септември 2014.

?

Колкави се вашите месечни примања?

  1. До 10.000 денари

    46 глас(а)
    3,5%
  2. Од 11.000 до 20.000 денари

    287 глас(а)
    22,1%
  3. Од 21.000 до 30.000 денари

    364 глас(а)
    28,0%
  4. Над 30.000 денари

    387 глас(а)
    29,7%
  5. Над 40.000 денари

    81 глас(а)
    6,2%
  6. Над 50.000 денари

    91 глас(а)
    7,0%
  7. Над 60.000 денари

    45 глас(а)
    3,5%
  1. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.483
    Видов дека има неколку теми за плата, но ваква конкретно не најдов.
    За оние кои би сакале да споделат колкава плата имаат и што работат, дали работат на струка, дали се задоволни од платата, соколкава плата би биле задоволни и сл. еве една тема. Можеби треба да влезе во скриеното катче, нека одлучат модераторите.
    Јас моментално не работам, но највисока плата што сум ја примала до сега била 10 000 денари, со диплома за магистер. Разочарана сум моментално од ситуацијата, но активно барам работа и периодов бев на повеќе интервјуа, па се надевам дека ќе ми се посреќи.
    Феминки, доколку сакате, споделете инфо, искуства, мислења на оваа тема.
     
    На Mhhm, Cucci19 и bernadett им се допаѓа ова.
  2. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    ^
    јас мислам дека темава не е у ред, зашто нема смисла некој сега да кажува колку плата зема, мислам дека е лично прашање.. незнам, барем за мене да. А ако за некој не е, бујрум нека повели!
     
    На galapce, Twinkles и makedonkamak им се допаѓа ова.
  3. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.483
    Знам дека е лично прашање. Но поаѓајќи од тоа што овде една од најактивните теми во кои сесподелуваат секакви детали е најинтимната, она што се случува во спалната соба, претпоставив дека оваа нема да предизвика проблем. Дополнително, речиси сите овде сме анонимни. Но, доколку сметате дека темава не треба да постои, нема никаков проблем, може и да се избрише.
     
    На Traveler91, Lizzie, korisnichka и 4 други им се допаѓа ова.
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Мислам дека темата нема смисла и дека е премногу навлегување во интимата на секоја личност на SERIOZEN PLAN,темите за секс се нешто сосема трето и немат допирна точка со ова,тоа се искуства проблеми доживувања итн меѓутоа ова е веќе предалеку....
    littleflower тоа што си разочарана потполно те разбирам,бидејќи ретко во оваја држава кој е задоволен од примањата,во оваја држава не функционирт институците кој треба да ги вработват невработените,во оваја држава да ми простите курвалокот на маса,книшката партиска и пријателчето под рака друго ништо ако мислиш дека само ти си крајно разочарана се лажиш...
     
  5. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Верувај дека ќе ти кажам :D Мислам стварно поглупа тема не можеше да отвориш!? По кој повод да кажувам? Ако ми е мала да се жалам или ако ми е голема да им правам на другите бед!? Бог да чува!
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Доста ја критикувате бе!
    Јас ако кажам колкава плата земам (а по цел ден на форумов) ќе ме утепате. :P
     

    Прикачени фајлови:

    • download (2).jpg
      download (2).jpg
      Големина на фајлот:
      9 KB
      Прегледи:
      1.139
    На Traveler91, crazylady, Summerlover и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Во Мк каде сите знаат кој колку плата зема, и каде не е толку несрамно близок да прашаш за плата, а многу и сами си кажуваат кога зборат за работата, на форум очи ќе ти извадат што си поставил таква тема.

    Во друга земја каде никој не се осмелува да праша за плата, а и да се осмелиш никој нема да ти каже, по форуми постојат многу теми каде си кажуваат не само плата туку и сите сметки што им се по дома, колку трошат за јадење и разни други трошоци. Знам бидејќи ме интересираше кога дојдов кои се трошковите и платите за одредени професии и како со одредена сума на пари може да се живее.

    Интересна работа :D
     
    На Morwen, korisnichka, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.150
    Допаѓања:
    12.853
    Пол:
    Женски
    Мене баш ми се допаѓа темава. И онака 90% од членките се анонимни, или луѓето што ги знаат во вистински живот им се блиски. Имаше и друга тема за тоа колку се платени професиите во Македонија. А освен вака форум, мислам дека секој ќе излаже ако го прашаш колку му е плата.
    Јас лично плата немам, само пријавена сум во ординација како сестра за придонеси да си земам, пријавена сум на 8800. За таа професија толку е платата 8-10 000.
     
    На parksey и littleflower им се допаѓа ова.
  9. bernadett

    bernadett Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Па така е, полесно е да се фалиме или да лажеме за искуството во кревет, стекнато со којзнае колку мажи и одма да ти се сипеме отколку да пишеме која што работи и колку плата зема затоа што ќе излезе дека сме неспособни, а не ги сметаме финансиите од нашите спонзори.

    Работам во еден сајт, почнав како практикантка со прилично ниска сума првите 3-4 месеци, потоа имаше покачувања и сега земам околу 16000 денари плата. Работата е супер, по цел ден на интернет преведуваш текстови :)
    Инаку дипломата не ми е поврзана со она што го работам сега.
    Ако си земала 10000 денари плата тогаш не си била пријавена како магистер.
     
    На littleflower, SV1911 и AnnaMaria им се допаѓа ова.
  10. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    Јас сум дипломиран правник, магистер, и со положен правосуден испит. Платата ми е 18.000,00 денари. Не би прифатила да работам за помалку!!! И сериозно се трудам да напредувам на професионално поле... Темава ми е сосема ОК :) Кој сака ќе пише, кој не...Има други теми ;)
     
    На parksey, ADOKI, joana18 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    21 000 :tmi:

    не сум многу задоволна со оглед на тоа што претходната плата ми беше далеку поголема но прифатив за да напредувам и да учам. Имам мн други предности со тоа што платата ми е пониска, одмор колу треба, платени денови, прекувремени, не замараат после работа...

    едит: што се најдовте сите навредени од темава ?? па кој ве знае тука за да не кажете? јас не кажувам на никој ама на форум ич не ми пречи. А ако не сакате никој не ве тера со сила.
     
    На parksey и elena.mak им се допаѓа ова.
  12. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    Волонтерска, 4500 |(
     
  13. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Нема ништо непријатно , ако на фурумов кој е анонимен се каже кој колку зема. Впрочем сите знаеме горе-доле кој колку зема ( мислам која професија и во која фирма/дејност)
    Јас работам во приватна фирма со високо образование сум и земам 32.000,00 плата. Искрено не одсекогаш сум земала волку плата. Сум работела и за безпари, па за 8.000,00 , па на друго место за 12.000,00, потоа за 20,000 и така да стигнам до оваа позиција и плата.
     
    На Sedmica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Интимните теми преполни, за плата сите увреџени... :D

    Во моментов имам доста висока плата, околу 45 000, предтоа на друго место зимав 15 000, меѓутоа ова ми е ангажман за само неколку месеци, за следно работно место се надевам ќе имам слична среќа :)
     
    На Traveler91, LadyC, Vetruska и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Enamena

    Enamena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    107
    Работам Во странска фирма како правник и платата ми е 600 евра. Инаку овој пат е вака во други фирми сум земала и по 150 евра а се дешавало и да молам за пари на крај месец. И незнам што е толку страшно да се коментира на оваа тема полесно им е да коментираат за сексуални доживувања негали за плата :o :o
     
    На anonymous16 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.005
    Допаѓања:
    6.490
    Пол:
    Женски
    земам 16.000. почнавме од 2.000 стигнавме тука. не е лошо, само да оди нагоре :)
     
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ај бе ај земам 25.000 + кариера+ стаж епа сеа и не е некоја плата, ама секогаш на време.
    Фала богу.
     
    На bernadett му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Auuuu, ubavo nekoj kaza - seks ne e intimno ama ova e. Tuf tuf :lol:
    Jas imam dosta solidna plata > 1500 eur osnovna.
    E sega, bidejki sum vo pozicija da resavam za vrbotenuvanje i da pravam selekcija na CV, ic ne se palam na magistri. Ne deka ne ucele, tuku zatoa sto nemale iskustvo koga se zapisale na magisterski. Vo mk stana moda, koj ne moze da najde rabotaa, ajde uci magisterski. Magistraturata e specijalizacija, usovrsuvanje i nadograduvanje vo odredeno pole od koe imame nekakvo iskustvo. Licno jas stotuku gi zavrsuvam moite, otkako steknav iskustvo i sfativ sto navistina me vlece! I toa na stranski univerzitet, zatoa sto ne pocituvam domasen za ovaa cel. Ova od ednostavna pricina sto na magisterski treba ds se nadgraduvas a ne da ucis od istite knigi od dodiplomski. Sto e razlikata pomegu magister i diplomec, dvajcata bez rabotno iskustvo?! Nema! Istiov muabet go imam praveno so dosta luge koi isto go imaat posledniot zbor za vrabotuvanje, taka da ne se palete mnogu so magistraturite dokolku nemate rabotno iskustvo.
     
    На sanja8, Espadrila, Lavica2016 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Браво за тебе. :clap:
    100.000 денари :?: секоја чест.
     
  20. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    машала :clap:, изгледа со нафта работат :wasntme: