Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колкава плата имате?

Дискусија во 'На работното место' започната од littleflower, 2 септември 2014.

?

Колкави се вашите месечни примања?

  1. До 10.000 денари

    46 глас(а)
    3,5%
  2. Од 11.000 до 20.000 денари

    286 глас(а)
    21,7%
  3. Од 21.000 до 30.000 денари

    371 глас(а)
    28,1%
  4. Над 30.000 денари

    391 глас(а)
    29,7%
  5. Над 40.000 денари

    81 глас(а)
    6,1%
  6. Над 50.000 денари

    91 глас(а)
    6,9%
  7. Над 60.000 денари

    52 глас(а)
    3,9%
  1. hooked on shapes

    hooked on shapes Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    70
    Eh, those poor people from Human Resources who don't even have a clue why and what are they doing- working.
    Taa profesija treba da se ukine. Firmite za dzabe plakjaat za tie klishe 10-tina finti kvazipsiholoshki shto gi priuchile ovie utnative od human resources.
    I nemoj da mislish deka samo vo Makedonija e taka.
    I tuka im fufti od uspeshni luge i dokazhani profesionalci so golemo rabotno iskustvo i poznavanje.
    Toa e zatoa shto znaat deka od nivnite(visoki i nezasluzheni) plati treba da skratat za da te plalat ferski.
    Na nakoj nachin toa e krazba vnatreshna vo tie firmi. No retko sopstvenicite na formite se zamaraat so tie detali. Da znaat kogo odbivaat na intejvju ima da letaat ko partali od firmite jaki so se nivnata lakmarska plata.

    Ti preporachuvam da ja prochitash( i ne samo na tebe na site) knigata "Corporate psychopaths" za da ti stane pojasno shto se sluchuva niz svetot momentalno.

    Inaku mojata plata poslem 10 godini iskustvo vo strukata e okolu $75000, a pochnav so 45000( i dve godini poslem diplomiranjeto rabotev neshto sosema drugo shto mi davashe prihod od 40 000) ama nesakav da chujam za pomalce od 45000 da rabotam na strukata.
     
    Последна измена: 31 октомври 2016
    На mira.mira, LollySky и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас сум убедена дека и после цело учење, со просек 10, да седнеш да работиш, без искуство нема да знаеш ништо. Не дека нр си учела, туку нашиот образовен систем не те спрема за работа.
    Знаењето кое некој го има, никој не може да му го земе. Таков коментар ко што си добила на интервју дава човек кој не е професионалец. Сериозни образовни институции бараат мин 5 год. работно искуство за магистериум. Има зошто. Што ќе специјализираш ти (претпоставувам општествени науки си учела) без ден работа? Види како иде специјализација на медицина - работиш и учиш. Дополнително со дипломите се мисли дека треба плата да имате одма висока. За се треба време. Битно е и ба какви позиции аплицираш, почетник или шеф.
     
    На ванилала, LadyC, lunchy и 12 други им се допаѓа ова.
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Муабетот: "не те примам зошто си подобра од мене", повеќе ми личи на невкусна шега што таа што интервјуирала сакала да ја направи, отколку нешто што реално ја отсликува причината за непримање.
     
    На lunchy, NOVAVON, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Искрено, не ми се верува дека некој рекол "не те примам зашто си подобра." :^)

    Туку @kukla21, и оној кој штотуку завршил факултет и тој што има плус магистерски - двајцата немаат искуство. Зошто би му дала предност на тој без магистерски? Само затоа што другиот одбрал да продолжи со студии без да поработи? Ете и вториов може да се насочи, па да запише уште едни понатака, ете во странство може да бидат, за сите услови да бидат исполнети. :D Реално, ако некој ти дојде на интервју и ти каже планирам една година да поработам кај вас за искуство, па бегам во странство на студии, ќе го примиш? Претпоставувам не, зашто фирмата долгорочно сака да инвестира во кадарот.

    Не може во човекови ресурси да се поставуваат такви стандарди, базирани на некое сопствено мислење. Само затоа што ти си почекала за да запишеш магистерски да очекуваш дека сите така треба да прават. Го гледаш кандидатот ко целост, може тој со магистерски да е сто пати подобар од другиот, па дури и другиот да има некое искуство.
    Освен тоа, новите програми 3+2 практично налагаат магистратура веднаш по дипломирање. Правници на пример, со 3 години факултет тешко да ги примат на работа.

    Стварно не е во ред што системот произведува милион магистри, па зема диплома и кој треба и кој не треба. Ама па не е фер и да се поставуваат предрасуди во фирмите. Од кај знаеш, еден од тие милион може да те изненади.
     
    Последна измена: 31 октомври 2016
    На lunchy, CameliaMiller, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  5. My Make Up Bag M

    My Make Up Bag M Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2016
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Se soglasuvam so tebe, kaj nas e greska sto vo tekot na studiranjeto nemame praksa vo realni kompanii pa na toj nacin ke steknuvame i iskustvo koe se bara i od stotuku zavrseni studenti. Vo obrazovniot sistem imame mnogu greski,no seto toa ni krivi i dolzni go trpime nie.
    :) Sekako , posle toj razgovor jasno mi bese kade sum posla. Stom takva licnos e postavena na rakovodno mesto i kompanijata ne ke dae mnogu dobra.
    A najmnogu sto me nervira e toa sto jas apliciram i na najobicni rabotni mesta za administrator, neli kako pocetnik bi bilo ok takvo nesto, no me odbivaat so izgovor deka imam pregolemi kvalifikacii za toa rabotno mesto. Cudesna e ovaa nasa zemja.
    Se nadevam deka ne me svati pogresno, ne mislev nisto loso za tebe, samo bev inspirirana i sakav da gi spodelam moite iskustva.

    Bidejki ti rabotis vo toj sektor kade se pronaogjaat rabotnici, kazimi sovet kako da steknam iskustvo, ili kako na intervju od 10 min da pokazam deka iako nemam nekolkugodisno iskustvo sepak sum profesionalec vo mojata struka?
    Ti blagodaram od napred.
     
    На NOVAVON му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Доволна за живот но незначи дека,никогаш нема да стремам по поголема плата :)
     
  7. My Make Up Bag M

    My Make Up Bag M Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2016
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Sekakvi lugje ima, sum naisla i na mnogu losi i na mnogu dobri, no licno smetam deka ogromna greska pravat sto ne gi vrabotuvaat mladite lugje so visoki proseci kako mene bidejki iako nemam iskustvo mozam da stanam za kratko vreme eden od nivnite najdobri rabotnici, a seto toa za mnogu pomala plata od nekoj so iskustvo . Voljata za rabota na student so 10 prosek vo strukata vo koja ucel e ogromna, steta sto kompaniite neznaat da go iskoristat toa.
    Kako i dae, smetam deka ne samo tie od covecki resursi, tuku i samata politika na kompaniite e takva, a i pomesanite standardi kaj nas.
     
    На NOVAVON и one_girl им се допаѓа ова.
  8. My Make Up Bag M

    My Make Up Bag M Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2016
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram za preporakata, ke ja pobaram knigata, bas me interesira da procitam sto pisuva tamu.
     
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    не реков јас дека би дала предност на магистер. Напротив, не мислам дека тој повеќе знае од дипломецот. Двајцата ги есапам исто на интервју. Проблемот е што тие се сметаат за друга класа. Колку пати сум чула - колку магистри бараат работа. Големо чудо.
    Јас би дала шанса и на некој што сака да студира во странатво. Ќе склучиш договор со него и ќе го обврзеш да се врати, ќе му плати фирмата дел од трошоците итн. Има начин, ние немаме однос кон овие работи. Се се гледа на краток рок и за моментален ефект.
    Системот образовен е катастрофа. Стигна секој да може да стане. Така се девалвира титулата.
    Јас завршив на странски универзитет, ама дури по 8 год искуство. Да не се повторувам, кажав и претходно, за мене нема вредност од клупа во клупа без работно искуство, поготово што на добар дел од факултетите се магистрира со истите книги, теми, магистерски трудови од додипломски/претходни генерации.

    @My Make Up Bag M воопшто не те сфатив грешно. Заради сувото, некогаш гори и сировото.
     
    На Espadrila, Annath, slobodka и 6 други им се допаѓа ова.
  10. hooked on shapes

    hooked on shapes Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    70
    Neznam dechki.
    Jas da sum na mesto na toj shto odluchuva da se primi i koj kandidat sepak bi izigral ovaka.
    Bi go primil toj shto ke se soglasi da raboti za ponudenata plata i mesto iako se raboti za prekfalifikuvan kandidat.
    Kompenzacijata za sigurnosta deka nema da ja napushti rabotata vo brz rok(barem edna godina) e vo toa shto mu fali rabotno iskustvo vo strukata. Edna godina se isplati na dogovor i definitivno ima firmata kjar od sekoj kandidat.
    Sepak ne e shala nekoj so 10-ki shto zavrshil vo rok ili pak pred rokot.
    Mene bi mi bilo chest da raboti nekoj takov kandidat za mojata firma.
    Mora da vredi poveke toj shto vlozhil ekstra trud i vreme za toj prosek da go zasluzhi.
    Inaku celata taa nominacija bodovna vlezena vo diplomata nema logika.
    Mora da gledame taka na tie raboti.

    Ae, takvite diplomci ovdeka kaj mene ne stigaat nitu do intervju...po zavshuvanje na predposlednata godina veke se so po najmalce 3-4 vizit karti vo dzebot od rekruterite predstavnici na naj jakite kompanii.( i toa po niv idat na konvokacija i na sila im gi pikaat karticite kako nekoi leshinari se...na tie shto studiraat pravo, medicina ili pak arhitektura duri i stanovi im nudat vo dogovor za rabota.
    Sekako vo Makedonija e drugo i znam za toa.
     
    На NOVAVON, My Make Up Bag M и LollySky им се допаѓа ова.
  11. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    6.544
    Пол:
    Женски
    10ките се значајни за стипендии и кредити.
    Не за вработување.
    Оцените покажуваат дека станува збор за вреден човек, кој почитува одговорности и тоа му дава голем плус. Без разлика дали просекот му е 9.00 или 10.00. По студирањето тоа вреди само родителите да се фалат низ комшиите.

    Мислам дека проблемот е што кај нас, сеуште додека студираме, најголем дел од нас се финансирани од дома. Да, едукативниот систем на универзитетите не е подложен да работиш и учиш во исто време, но сепак, многу мал дел се трудат за време на летен одмор да најдат некоја пракса.
    Во фирмата во која работам, не можеме да најдеме ни практиканти, ни вработени.
    Да платите се многу нормални, ама не сфакам зошто не се впуштат неколку години на ризик да соберат некое искуство.

    + овој дел со магистерските, ако имате некој од штабот и ви гарантира работно место во администрација со среќа. Магистар без искуство, вреди исти како и дипломец. Само што за било кога нормална работна позиција каде може да влезе некој - без искуство- овој со магистратура ќе биде OverEducated.
    Жал ми е што минувате низ овој пат, би сакала да беше поедноставно, но не не.
     
    На Abeja, NOVAVON, M&M и 5 други им се допаѓа ова.
  12. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Vo konteks na pocnatiot muabet: i jas magistrirav posle vraboruvanje i sekako odbrav tema soodvetna na rabotata i istrazuvackiot del mi bese top, znaev sto rabotam i analiziram. Za toa se soglasuvam. Doktoratot mi e gotov-cekam datum...no odbrav tema sosema razlicna od rab.struka. Mi trebase predizvik na nekoj nacin i nadograduvanje na dr.tema. No ne se soglasuvam deka magistraturara ne ne nisto plus na nekoj bez rabotno iskustvo, zosto: toa kazuva deka toj nekoj ne sakal da gubi vreme dodeka bara rabota prvo, ponatamu deka sepak vlozil dopolnitelen trud za razlika od diplomecot- sto ne znaci deka e i popameten (moze nekoj nema sredstva za magistratura) i treto: povtoruvanjeto e majka na znaenjeto. Da kaj nas generalno se uci od skoro istite knigi od fax no site predmeti se dopolneti so dopolnitelna literatura, strucni trudovi itn.
    Inaku cesto prisustvuvam na intervjua koga se vrabotuva nekoj vo mojot sektor i iskreno nas ne prasuvaat na kraj koj vi odgovara zosto po moite prasanja jas mozam da procenam dali ke mu faka klikerot ili ne. I dosega ne sum zgresila vo izborot.
     
    На Mishela, Annath, My Make Up Bag M и 3 други им се допаѓа ова.
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    па месечните приходи од сите 'извори" моментално ми се минимум 40 000.

    Како менаџер во партнерска фирма (јас сум еден од партнерите) одлучувам кој ке биде примен на работа а кој не . Од моја гледна точка како ги објаснувам релациите плата-образование-квалитет-диплома во приватна фирма (државните не ги земам за пример таму не се знае ни кој јаде ни кој пие)

    1. Образование
    Прифакам се што завршило факултет на кирил и методиј (или ете евентуално битолскиот технички). Се што не завршило факултет таму извинете ама за мене е шкарт. Завршив биохемија на пмф, сега сум на магистарски на еден од дисперзираниве , разликата е небо земја. Попрво за лаборант ке примам некој со земјоделски факултет отколку некој што завршил дисперзирани или штипски магистерски по биохемија /хемија/контрола на храна и слично . Ова го зборам од искуство !!! за приватните муабет да не правиме, и цел да е со десетки, да ми дојде на конкурс некој од приватен факултет само заради почит ке му го погледнам CV но нема шанси да го примам.

    2. Однос плата-образование

    Умствената работа се разбира не е лесна но во секој случај е полесна од физичката. Затоа претпочитам луѓето кои работат физичка работа да бидат поплатени од обичните канцелариски работници. Најплатени се знае, треба да се инженерите, мајсторите, кои работат и умствено и физички и носат најголем дел од одговорноста. Друго, добар книговодител ке најдеш на секое ќоше но добар физички работник од ден на ден е се потешко да најдеш и затоа физичките работници треба финансиски да се унапредуваат.

    3. Квалитет на работа- плата

    Најдобар начин за поттикнување на работниците се парите. И највеќе од се мразам кога ке слушнам дека некаде цел ланец работници зимаат иста плата. НЕ! плата спрема тоа кој колку сработил е најдобар поттик. Најдобро е воведување на една реална норма каде добриот работник би извадил и дупла дневница (минимум 20 000 плата) а недобриот работник би извадил на пример некоја минимална плата 12 000 . А разликата во квалитетот и брзината од работник до работник е огромна. И не е фер да се стави на пример 16 000 средна плата или заеничка норма или било што каде еден работник ке му биде на грбот на другиот.

    Зошто во Македонија платите се ниски? Не им е и на фирмите се така розево како што мислите. Имаат еден куп давачки кон државата, нереален курс на денарот, конкуренција од странство , недостаток на суровина ... ДРжавата не дотепува, скапа струја, давачки еден куп, даноци колку сакаш. Значи за еден работник кој зима 18 000 плата , давачките се 9000, плус к-15, плус превоз, плус дообуки... на крај ти излегува месечно 30 000 трошок за еден работник. Колку државата не јаде (и нас и вас работниците) ке се осети ако се исплака на работниците бруто плата како во германија па да видам дали со исти очи ке ја гледате државата. Имајте го тоа на ум кога се буните за ниските плати: Ако не сте осигурани - тогаш имате 100% право да се буните.
     
    На M.B., Espadrila, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  14. hooked on shapes

    hooked on shapes Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    70
    Za 40 000 li denari pravime muabet?
    Biotehnolozite ovdeka se visoko plateni, nekade pochnuvaat od 80 000 dolari i posle 3 godini odat i na 120 000 dolari godishno.
    40 000 denari...ccc...koja degradacija na takva teshka profesija i tolku tezok fakultet. Nesvatlivo...
     
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Не сум биотехнолог, биохемичар сум. Не работам по стрикно по струка , моментално сум самовработена и сега додека се исплати целата инвестиција платата што си ја определив за мене е минимално толку :) реалната заработувачка ми е многу многу повеќе . Запознаена сум со платите на биотехнолозите и биохемичарите во странство и работев на тоа да бидам компетентен кадар таму (стрикно за европските земји се интересирав). Ме предомсили целава мигрантска криза таму која можеби сега не, но за 5 10 години ке се покаже на платите таму. Плус овдека ја имам работата од соништата. Патем, познавам биотехнолози кои завршија факултет во странтсво и се вратија тука, бидејки во Европа професијата е претежно научно истражувачка и тешко се добиваат проекти . Во америка има работа за тој кадар повеќе бидејки речиси сите биотехнолошки продукти доаѓаат од таму. Но америка не ме интересира, не вредат тие пари ако мое заборават лугето тука, со кој ке ги споделам со кој ке се радувам на нив. друго е европа пак поблиску е.

    За мојата струка на ПМФ - За лаборанти во биохемиски лаборатории тука колку што знам мои колеги околу 20-25000 плата. Секако тоа не можеш да го споредиш со америка затоа што неспоредливо е и колку кошта таму едно земање крв а колку тука, па приватната лабораторија за 3000 евра плата да им дава треба едно земање крв 100евра да го направи :)
     
    На Espadrila и Priroden им се допаѓа ова.
  16. hooked on shapes

    hooked on shapes Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    70
    Kaj shto zivejam jas e besplatno zemanjeto krv kako i mnogu drugi zdravstveni uslugi.
    Shto ne e i temata, no fino si informirana gledam.
    Mi se dopagja shto i pokraj toa shto ne rabotish na strukata si zadovolna od zivotot.
    Malku se takvi shto zavrshile teshki fakulteti.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  17. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    И јас сум во прилика често да учествувам во примањето луѓе, и исто само можам да кажам дека дали некој е магистар или нема ни 5% влијание (а имам магистратура, не е дека им завидувам). Не ги сметам ниту за повеќе, ниту за помалку вредни од оние со "обична" диплома. Нудам работно место за високо образование, не истражувачка работа на институт за да постдипломските студии нешто значат.
    Просекот е плус ако имам повеќе кандидати без искуство, и со слични резултати од тестирањето, но дури и тогаш многу влијае општиот впечаток што кандидатот ќе го остави. Ако оценам дека е некооперативен, самобендисан, или не е тимски играч, џабе му е 10.0 просек.
    Факт е дека нашиот образовен систем е лош, и со годините станува бетер.
    Од една страна знам колку е тешко да се најде работа без работно искуство, од друга страна и не е лесно да се решиш да примиш некој за кој знаеш дека месеци треба да пројдат пред да можеш да добиеш резултати.
     
    На SuperGirl24, NOVAVON, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    6.544
    Пол:
    Женски
    Јас сум во приватна фирма и сум дел од интервјуата. Не земам WoW плата, ама сум задоволна. На апликантите им даваме стартна 12.000 ден. Малку е да, ама за човек без ден работно искуство, плус обуката е платена е супер. Иде девојче со мастер од Сорбона и аплицира за таа позиција од 12.000 ден. Срцето ми се скши. Толку труд, толку енергија потрошена за 200 евра на месец. Жално е тоа што спомна кукла. Без искуство оди на мастер. Нема визија зошто ќе ти помогне мастерот, ама оди да учи :/ затоа и јас мислам дека чекорите од факс на мастер без искуство се погрешни.
     
    На Espadrila, elimkd, NOVAVON и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам дека се погрешни чекорите од дипломирање веднаш на мастер туку јас ова го поддржувам, според мене по погрешно е после дипломирање да седиш на форум уште две години барајќи работа.... па ти дошло време за мажачка.. па за раѓачка....
     
  20. НаталијаРист

    НаталијаРист Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    До скоро работев во кафетерија една од по елитните во градот и земав во просек 21.000 како келнерка, сега сум во ресторан со 3000 повеќе. Горда сум на себе иако работата е напорна и нема застанување, и не ми е срам да кажам колку и како заработувам. Бакшижот ми е плус така да сум задоволна сега за сега :)
     
    На kikikikirika, Mr. Right и elimkd им се допаѓа ова.