Кај некои факултети мастерот е задолжителен ако сакаш да напредуваш. На пример, во мојата струка. Со дипломата од тригодишните студии можам да си ја избришам само позадината и ништо друго, затоа што не можам да бидам ништо повеќе од техничар или ентериерист. Да си ја кичмам и онака искривената кичма за некому да му цртам проекти - не, благодарам. Ќе се потрудам уште малку, па ќе имам фора и сама да пробам нешто повеќе. Затоа сметам дека мастерот не е со еднаква релевантност кај сите струки - некаде едноставно е нужно "зло". Пред да одлучам да запишам мастер пробав да работам, почетната плата беше 200е (што и не е така лошо, со оглед на тоа што некаде даваат само 9.000мкд)и реално, повеќе искуство стекнав преку проектите кои си ги бркав сама, отколку на работното место. Не е исто кај сите професии, во тоа бидете сигурни.
Јас, моментално остварувам месечни приходи од 5 000 денари. (Дипл. Правник од УКИМ, со положен правосуден испит, Магистер на Правни науки на УКИМ, и Педагошка доквалификација). Не се жалам, ќе потенцирам од времен карактер е ова. Ме исполнува. Си ја сакам професијата.
Мојата заработка е 14.000 денари, плус некој хонорар ако фатам може да биде и нешто повеќе. Луѓе за плативе сериозно толку земате сите колку што пишувате?
Јас имам плата од 1500еур, работам во странска фирма тука во Скопје како софтверски инжењер - поточно изработувам веб апликации
Сте требале темава како анкета да ја отворите. Баш да видевме кој е просекот на Фемина и горе доле на Македонија. Башка луѓето во биле поискрени кога анонимно ќе се искажат. Модератори може да се вметне анкета на темава?
Oд oвa прaшaње пoвеќе се увреЃени и пoвреЃени сaмo oние штo зимaaт пoгoлемa плaтa oд прoсечнaтa. Личнo би прaшaл кoлку некoј зимa плaтa сaмo некoј кoј јa имa истaтa струкa кaкo мoјaтa, кoлку еднa спoредбa дa нaпрaвaм. Инaче вaкa не би прaшaл, не ме интересирa. Знaм нaјблиските кoлку зимaaт и тoa е тoa.
Морам да прашам што е поентата да се знае кој колку зима плата, ниту можеме да земеме, ниту можеме да дадеме. Прашањата обично се поставуваат за која професија колку е личниот доход, а знаеме дека во секоја установа вработените зимаат различно плата...пр.портир во здравствена установа зима жива беда плата отколку портирот што работи во народна банка и зема 30000 денари. Просечната плата во Мк ја знаеме а просекот на примања на членовите на фемина е толку небитен и невкусен. Единствено да се најдете во бош анкета, имате време безвезе па пишете....баш без врска.
Позицијата секогаш тежнее да гка зголемува просечната плата и процентот на вработеност за да покажат колку се успешни, додека опозицијата обратно за да покажат колку другите не ги бива во водењето на економијата. Затоа вакви анкети се понекогаш пореални, се разбира доколку анонимно се изведат. У развиените земји е некултурно да прашаш, па и да кажеш колку плата земаш
Ок.заборавив дека постојат луѓе што сакаат да знаат колку е длабок туѓиот џеб...отворете анкета, мене не ми занимливо.
Ако ставате анкета ставете и колку земате плата и колку земате надоместоци по други основи. Некогаш надоместоците се поголеми од платата.
Ova e najnekulturnoto prasanje sto moze nekoj da go postavi. Stramota e voopsto nekoj da pisuva. Ako se podrazmisli poplitko temata treba da se izbrise zosto toa e protiv site zakoni na kulturno odnesuvanje.
Аман бееее Што се замарате не ми е јасно.. Ако ви се пишува, пишете Ако не, ќутете.. Некој сака да знае колку да побара плата кога ќе го прашаат, па тука си има некоја ориентација.. Да не одам офтопик, ама последниве месеци земам колку што ќе сработам..и ни денар повеќе
Аууу забраив дека ти си шетан чоек. Епа нашава земја не е развиена нели а сега со Заев одиме и под дното, па слободно пуцај, кажи си а не да изиграваш госпоѓица увреџена ако ја прашаат за години