Прашањето е некултурно доколку се дрзне некој лично да ми го постави. Вака на анонимен форум темава држи вода само доколку се наведе професијата, дали е по струка или не, работни саати... цифрата само не ми значи ништо. Јас работам во приватна компанија од внатрешноста, како инженер, со многу напорна работна позиција и многу обврски, 6 дена во неделата а во одредени периоди од годината и по 7 дена, во 3 смени, со вкупен годишен одмор од 14 дена броејќи ги и саботите и неделите. Основица имам 24 000, со тоа што 3тите смени се плаќаат плус 50% па ми искача плата околу 26000-27000. Според мене е малку за обврските што ги имам, но од местово од каде што сум нема многу избор на други фирми, така да ми останува само интерно да напредувам или да се преселам.
Ако се помириме дека нашава земја е неразвиена и го земаме тоа како изговор за и ние да не ја развиваме свеста, засекогаш ќе си останеме неразвиени. Ние не сме затворени како Северна Кореја, имаме пристап до интерент каде можеме речиси бесплатно да видиме и да украдеме некоја идеја, некоја култура, некоја позитивна работа од другите земји. Немаме изговор за некултура, за незнаење што е ок, немаме изговор за за уште да се моткаме со гатачки, бајачки, да ставаме зеленчуци по вагини и ануси за да лечиме некои болести итн. Македонијо, порасни, време ти е
Што толку трагично ја сфативте темава,што е толку не културно?Иста ми е како "каква пудра користите".Мене ме интересира колку се платени професиите во државава,а и надвор,не колку зема некој лик од форумов.Мед.сестра во Клинички фиксна 18 000,најмногу 21 000(со државен празник).Во ординации кога работев 12-13 000.
15 Rude Questions People Need to Stop Asking, Like RIGHT NOW! http://www.storypick.com/rude-questions/ Eve mozda nekoj ke nauci sto Ne se prasuva nikogas.
Ова е анонимен форум, сметам дека тука нема прашања кои што не може да се постават. Но не значи дека во приватниот живот истите прашања се дискутираат. Chill out. Создај тема за бон тон, па таму ќе дискутираме за листата прашања што ја постираше погоре.
Koj ti kaza deka e anonimen? Covek so osnovna kultura ni na "anonimen " forum ne si dozvoluva ispadi. Kulturen covek e kulturen vo site situacii.
Тебе некој те тагираше или ти пиша лична порака да те праша колкава плата земаш? Доколку одговорот е НЕ, тогаш нема простор за дискусија. Во воведното мислење на темата е наведено дека доколку некој сака може да сподели колкава плата зема, кај работи, дали работи по струка итн. Но сето тоа е доколку сака, по негова воља.
Не се карајте. Големи хејтери сте станале. Зошто да не си ја отворам душата и да кажам дека земам 14000 во приватен сектор. Ми пречи во реалноста кога некој ќе ме праша за плата со намера да ми се сити или јанѕа да го јаде. Кога некој прв пат го гледам и прашува, а за блиските ми е ок. Ако на некого не му се допаѓа темата нека не ја отвара, а не отварате, читате за туѓи плати на луѓе кои не ги познавате и уште навредени и не учите на култура. И во темите за секс сешто има и ако се водиме по ваше мислење некултурно е имтимни работи да се кажуваат.
Почнав со малку па ми ја покачија на неколку пати и Колку да имаш се се малку. Никогаш нема да бидат таман. Човечко око ненаситно
Кога се вработив беше сдс на власт тоа е некаде 2004 год.Тогаш земав 11200 ден плата Сега 24200 благодарение на доскорешната власт