4та категорија Ама за тоа и денес сум на работа и стварно работам (освен кога се уфрлувам на форумов)
Хаха неумри магаре до зелена трева како е тргната новата влада ќе почне да ги намалува платите ... Јас викам нека останат поарно истите плати барем да се редовни одколку да бидат намалени барем засега не гледам најава за покачување незнам каде ја виде ти?
Како слушаме,ВМРО дале предлог за 5% покачување..ама и ти си во тие .. И ова ќе биде само "идеа" и "неумри магаре.." Ако ти ја покачат платата на 30 000 вишокот ќе го вратиш?
На власта благодарение или на фактот дека 13 години поминале од тогаш и си стекнал искуство и знаење? Или би се потценил и самиот, само за да ги пофалиш ВМРО?
т Тоа е факт само за жал на некој го боли и не сака да признае , јас две год.работев за време на сдс само за жал во тие две год не добивже еден еб..н денар покачување . Сњга ти види колку има од 11200 до 24000 па минусирај и ќе видиш дали фалам на некој или фактите го фалат..Камо таа среќа да можам да се пофалам за сдс во овој претстоен период ај да се надеваме?
во 2005 просечна плата била 11500 денари, а во 2016 околу 23000 денари. Значи можеме да заклучиме дека за 12 години ти воопшто не си напреднал, цело време си бил, така, просечен... Он топик. Добра ми е платата, не се жалам, макар да чекам следно покачување, мотивација ми треба А подобра мотивација од некој денар плус има ли?
Здраво девојки,дали знаете колку се движи платата за работно местро продавач во Tudors во (City Mall,Ramstore,GTC)
седумнаесет илјади и нешо плус, али и плус додатни ангажмани некогаш се вади и нешто повеќе, инаку се работи за приватен сектор, не сум буџетар јебига ме нема на списоче, на список биле тие што се истакнати кодоши, лижачи итн. (со чест на исклучоците) , јас чесно и вредно си работам и горд сум на тоа без разлика колку ќе заработам.
Буџетарите немаат врска со списоци и кодошење. Кај нас на работа никој не ги сака кодошите, а списокот не игра никаква улога, си влегоа тие што чесно си волонтираа со години.
Можеби кај тебе на работа се така вработени, вие сте изгледа од исклучоците којзнае, а што игра улога кај вас? или све чесни се кај вас? Ама дека буџетарите немаат врска со списоци и кодошење, врски, плаќање кажувај тоа на други, уште стопати ако треба ќе ти повторам 90% од вработените во администрација се партиски кадри неспособни, лижачи, кодоши, све со списочиња, тефтерчиња, на таков начин јас работа нејќам, зимаат по 30-40 илјади, тоа све треба да се прераспредели во приватен сектор сеа па да видат што е работа, тие што се најистакнати упикувачи, лижачи е за нив да се прераспределат на работни места кај што ќе може да си ја заработат платата што ја земаа сиве овие години, најниско во хиерархиската структура на работни места, јас многу добро знам како беа примани и преку агенција за администрација, и преку јавните огласи, кај сакаш да ти кажам за во УЈП, во управа за водење на матичните книги, во АВРМ, ВО МВР, по судовите или што мислиш ти дека ако ти уште пет души сте влегле така и све оди така регуларно, неможеш да ми докажеш све знам сум видел, запознаен сум како тоа оди, поништување огласи, примање без распишан оглас, со давање на услуги, со плаќање на одредена сума зависно од раб. место, и вообичаено изгледа во општествово не ги сакаат тие што ја зборуваат вистината, тие денеска се најкодошени, најисплукани, секој не сака да ја слушне вистината. Во претходниот пост јас си го напишав моето мислење, мојот став и уште сто пати ќе го напишам ако треба истото, јас почитувам и други мислења, но не морам да се согласам со таквите мислења ама барам да биде испочитувано и моето мислење.
Твое си е што ќе помислиш, не сум ти јас виновна ако немаш соодветни квалификации за во државна институција. Штета што сеуште владеат стереотипите за во администрацијата дека се се партиски војници, дека се примени без конкурс (а законски мора да се објави конкурс), не е приватна фирма, кој ќе не плаќа. Не се влегува туку така, таму сум и ќе те побијам дека не си во право, има тестирања, има комисии, деца на судии не успеаа да влезат.
Ќе се надоврзам, имам и јас работено во државна институција. Без никаква позадина аплицирав на оглас при што ги исполнив комплетно критериумите. Работа си имаше еден куп, ниту сум одсуствувала додека друг ме куцал, ниту сум одела по паузи со часови, ниту сум чекала некој друг да ми го сработи потребното. Сум го имала соодветното образование, соодветното претходно работно искуство и сите потребни сертификати.За својата работа сум била лично јас одговорна, како пред раководители така и пред директор/заменик. А платата била далеку пониска од 30-40 000. Предходно и јас можеби сум имала негативно мислење општо за вработените во администрација но откако се уверив на своја кожа како е да се работи таму, истото драстично се промени. Исто така, имам искуство и во приватен сектор, баш таму имаше тешки манипулатори кои се влечеа на грбот на оние кои работеа и на кои единствена преокупација во текот на работното време им беше да го лижат задникот на раководителите, да кодошат, да измислуваат и да им приредуваат местенки на оние попаметните и поработливите. Не е толку до институцијата или фирмата колку што е до самите луѓе. Секаде постојат исклучоци. Тој што е паразит ќе си биде паразит каде и да се вработи. Тој што е работлив, чесен и вреден, секаде на фер начин ќе си ја заработи платата затоа што карактерот, навиката и однесувањето не се менуваат преку ноќ.
Ама ни јас не земам плата 30 000 - 40 000 денари. Судиите, да 1000 евра, ама ние стручните не земаме ни 30 000 ден.
За жал стручните се експлоатирани од судиите. Ја работат скоро целата работа на судиите за само дел од платата, ама седат со надеж дека еден ден ќе станат судии. Исто како и асистентите на факултетите.