Мито и корупција, дилер и некои др.сомнителни незаконски работи можат во оваа држава да ти обезбедат плата од над 4000 евра.
За луѓе со краток дијапазон на размислување, како тебе, ќе кажам само кратко....... Така е, во право си
Хаха...сигурно дека нема, знаеме како се движат платите во Мк...е сега за вонредни приходи ако имаш, тоа е друго..
Не мора да значи јас лично познавам најмалку 10 луѓе што земаат плата која се движи од 10 000 - 15 000 евра месечно. Инаку имам близок пријател кој е фудбалски голман во Македонската прва фудбалска лига и зема плата од 4 500 евра месечно.
Јас одговорно тврдам дека има луѓе кои земаат плата повисока од 4000 евра а не прават ништо незаконски. Значи работат во рамките на законот и плаќаат данок. Инаку типот не кажа дека работи во Македонија, туку дека толкава му е платата. А дали ја печали овде, во Германија, во некој дел од Азија или Африка, не е воопшто битно.
Mnoooogu si greshka..mnoooguuuu... Dobro educirani pametni lugje na dobri rabotni pozicii zemaat mnooogu povekje i od 4000 evra, da vo mk, da vo mk kompanii ne stranski
Членката нема напишано дека може да ги предава тие предмети туку дека ги полагала за да може да предава правни предмети. Тоа важи за сите, не само за правен. Пр. ако некој има завршено информатика, може да предава информатика ама со претходно положени методика, психологија и педагогија. Порано беше факултативно, ама сега мислам дека е задолжително. Се полага на филозофски.
На пример програмери, графика и сл.поврзано со тоа, не ми е струка затоа неможам детално да набројам, земаат таква плата.
Зависи колку ми се работи пошто е фриленс. Од 600 до 900 евра месечно. Арно е за сега плаќа сметки во Љубљана. За потаму се надевам на вистинска работа со мастерот.
Не земаат толку. Платите им се меѓу 1000 и 1500 евра, освен за исклучоци, кои може да земаат повеќе од тоа. Он, топик: Не земам ич плата, бидејќи сум невработена.
Спаѓам во третата категорија од анкетава горе. А за фамознава плата погоре, не е спорно дека ја има , пошто знам луѓе што имаат толку примање во месецот, а се невработени (земаат од кирии за станови и дуќани).
Ете, заборавив на тој дел. Пример, родителите на времето вложиле во недвижности, станови, дуќани, па ако правиме муабет за Скопје, збориме за големи суми. Уште ако имаш среќа банка да ти биде под кирија, не се тоа 200-300 евра кирија месечно, туку многу повеќе.
Пари од кирија Е плата/примање, но нема стаж и сите други права од работниот однос. Ми беше зборот дека не мора да си во редовен раб. однос и да работиш на некоја позиција за да имаш 4 000 е примања.