Ако правиме муабет на темава , да има луѓе во МК што земаат толку плата, ако имате луѓе што работаат во Југохром-Тетовско на директорските местенца, прашајте колку плата зимаат.
Данок се плаќа и за кирија, па за дуќани задолжително е да пријавиш и да платиш данок. Парите се префрлаат на сметка. За станови не секогаш, ама ако збориме за Скопје, најчесто посредува агенција, па кога се студенти во прашање, речиси секогаш парите ги уплаќаат на сметка, значи повторно плаќаат данок. Ти мислиш кирија исклучиво на рака се дава?
Не знам, ама во Скопје претежно пријавуваат. Не дека сакаат, ама тоа им е еден вид на гаранција дека станарите ке платат. Се почесто и почесто газдите го извлекуваат подебелиот крај, па за да се осигураат дека нема да ги боли глава, даваат и некој денар на државата. Еве да речеме, Ресен е мал град, сигурна сум дека секој со секого се знае, кај ке избегаш ако не платиш? Ама ако некој од Ресен дојде во Скопје и ниту се знаат, ниту се познаваат, тогаш како?
21 525 ден. А сум почнал со 9 000. Добро е, се напредува. После одмориве очекувам и повеќе, барем така ми е ветено. Ама за да се стигне до покачување потребно е многу мака, труд и време. Цели 6 години ми требаа за да стигнам до оваа плата.
се дур туѓата амбиција ви е смешна нема да не биде. И јас правам толку и сакам да си заминам од овде. проблем? си го ценам моето знаење и мојата работа. сеуште ти е смешно ?
Не ми е смешно, патетично ми е у држава каде 200 евра е платата шо ја зима 80 посто од народот, а рмба 10 саати на ден, некој да му е малце 800 евра да зема лично он плата.
тоа нема врска со државата. девојката има амбиција. има план. Тоа е за браво. Јас никогаш не сум била човек -ќути има и полошо. пола здравје оставив со 16 часа дневно раб плус факс и уште да зимам 200 еу и да ќутам? е нечеш. Знам дека у себе се сложуваш со ова не си ти некоја што би легнала на балканско брашно. Затоа ме изненади.
Не можеш да знаеш дали некому му се доволни 800 евра на месечно ниво. Можеби таа сама издржува семејство. Можеби има некои дополнителни потреби (здравствени итн..) А и, ако цела држава зема 200 евра не значи дека мора да се задоволиш со просекот. Се ми се чини дека доаѓаш на форумов само за да искажуваш фрустрации. Опушти се малку, побогу. А ако не се лажам и ти си надвор од државата?
Настрана планови и желби, ама 800 евра за во нашава земја мислам се сосема доволни за пристоен живот и задоволства кои некои со 200 евра плата ги немаат.
Не! Треба сите да земаат 800 и да им се малце. Зошто да се задоволуваме со 300? 500? Можно е, да имаме сите плати и над 1000 евра, само, доколку ја оправиме државата, а тоа зависи од сите нас.
епа што е тогаш проблемот не сфаќам? зашто споредувате со некој што зема помалку? ќе ти кажам за мој близок. Никогаш во животот не се потруди да зима повеќе од 11.300. Само пцуе колне а ништо не пробува да смени. заврши во етуц пред 100 год и не мрдна со прст. не ни сака да замине зашто знае дека нема да се снајде. И како да не ми се превртат црева кога ќе спомне некој вакво нешто?
Факт е дека постојат луѓе со добри плати и пак се жалат. И факт е дека постојат луѓе кои не се вредни. Јас алудирам на овие првиве.
Добро де имаат добри плати и сакаат повеќе. не сфаќам што е проблемот со тоа да сакаш повеќе. Дали треба да се задоволиме само зашто зимаме над просекот? јас мислам дека треба да се задоволиме кога ќе стигнеме до сумата која сме си ја замислиле знаеш што се случи овде? некој пиша дека зима повеќе и одма почна симит да се јаде. типично македонски нели?