Здраво дечки! Нова сум на форумов По професија сум архитект и имам работно искуство од 2 години. Ме интересира дали на форумов има член со иста професија како мојава и колкава плата зема отприлика? П.С. мојата плата е 19.000 денари
Нажалост нашата работа е потценета, ако ти одговараат условите за работа сигурно ќе ти расте платата, ама јас сум почнувала со 12 000 денари, првите две години повеќе од 15 не ми отиде. Сега, 8г после дипломирање зимам исто како тебе. Џабе ќе се нервираш.
Е супер сега баш ме израдува Не можам да не се нервирам кога читам погоре колку плата земаат луѓе од други професии. Мислам да не ме разбере некој погрешно , не им љубоморам - браво за нив се одлучиле со време за струка од која што можат убаво да заработуваат. Маката ми е што си ја тупел главата 5 години , ја тупиш секој ден за смешни пари , а да не се лажеме газдиве наши добри пари си земаат. Значи си треба промена на струка додека ми е време....
Најискрено, ми се плаче. Од 8г работен век имам само 2ипол години стаж. Совет, ако можеш да бираш, не работи непријавена ни под разно!
Уште откако се вработив во првата фирма одма ме пријавија. 2 години работен стаж имам, без тоа воопшто не се ни нафаќав да се вработам.
Кога реновиравме најдов еден дечко архитект, си работеше он во некоја фирма и праеше проекти за уредување на ентериер во згради за плата најверојатно, ама јас стапив во контакт со него, не одев преку фирмата и ми нацрта во 3д како да го уредам мојот простор. Му платив по 10 евра од квадрат, некаде околу 700 евра за спратот. Тоа му е заработка плус. Така да, архитект е супер професија, направете страна на социјалните мрежи, пуштете слики од ваши проекти и освен постојаната работа фатете си по неколку проектчиња плус, полна капа.
Знаев дека некој ќе се избаци со вакво мислење како твоево ,, проектчиња плус полна капа''. Среќен живот нели? Вака сеа ... Среќа тие неколку проектчиња на страна што сум ги фатила па сум успеала да тргнам нешто пари на страна- да се најдат за ,,црне дане''. A дали пример рачунаш дека тие проектчиња плус се прават после работно време? Значи ти одиш на работа , работиш 8 саати ( тие саати воопшто не ти се флексибилни, во смисла доколку немаш работа не можеш да мрднеш никаде) , чим стигнеш дома повторно работиш на тоа ,,плус проектче'' се до некои доцни саати . Тоа плус проектче во просек ти одзема мин. 1 месец работа ( обично никогаш не е 1 месец секогаш е повеќе ). Така што твоето секојдневие доколку имаш ,,плус проектче'' се заоснова на тоа , работа и само работа . Да не потенцирам дека додека е тоа ,,проектче плус'' работните обврски дома од правење ручек до чистење не можеш да ги извршуваш, бидејќи нели имаш - ПРОЕКТЧЕ. Среќа што сеуште немам деца , вереникот ја разбира работата - но и двајцата сме свесни дека за понатаму тоа не е начин ( кога ќе имаме деца, здравје). Браво за тебе си платила архитект за да ти го уреди просторот! Но знаеш ли колку се ретки луѓето што плаќаат некој за да го направи тоа за нив во Македонијава? Многу малку, за жал. Па уште кога ќе слушнат цена за 3Д - то кое треба да им го направиш? -АУ! Таков е менталитетот на луѓето тука ,,Што ќе ми е архитект мене ,кај има подобар архитект од мене, кој може поубаво од мене да го уреди мојот простор?'' . Значи овој муабет сум го слушнала во мое присуство, иако знаеле дека тоа ми е струка . Mуабетот ми е зошто струката ни е толку потценета? Зошто да не можам за тие 8 часа работно време да земам една солидна плата , како што е тоа во IT компаниите на пример?
Мислам дека членката не мислеше ништо злонамерно, не мора да и се истураш на овој начин. Извини ама месец дена работа за 700 евра па и не е многу тешко,имам работено прекувремено и за многу помалце пари. Ако сакаш да заработуваш ДОБРО ќе потиш гз, нема да одиш само 8 саати на работа и после да уживкаш. Што да кажеме ние со наши фирми ,што работиме 24 часа на ден и сме под 300 стреса и земаме не повеќе од 400 евра чист приход месечно? Сите струки се потценети тука, добродојде во Северна Македонија.
^И на двете муабетот ви држи вода ама и @BoaVista има право. Имате занает, искористете си го. Не се ограничувајте да барате работа само по фирми. Можете и сигурна сум дека вредите многу повеќе од тоа што ве плаќаат. @Alita мој најдобронамерен совет, работи со странци. Знам многу архитекти што проектираат куќи низ цел свет. Со глава во ѕид не се оди. Системот не можеме да го смениме, можеме да се прилагодиме на него. Моментално ниеден сектор - освен можеби здравствениот - не може да се мери со ИТ и тоа е тоа. За жал или за среќа, така е. Ама и тој сектор има потреба од други услуги, па пак врти тркалото некако. Онтопик, толку колку што ќе си заработам.
Не ми беше намерата да се истурам на некого , туку само ја кажав реалноста на доста директен начин, не знам зошто тебе толку те допре тоа. Сепак еве се извинувам ако некој ме сфатил така. Иначе од кај знаеш ти дека јас не останувам прекувремено на работа? Моето прекувремено останување на работа е најчесто за викенд - пошто така му текнало на газдата, работата мора да се заврши и останувањето е најчесто до после полноќ за време на викенд , јер нели проект треба да се предаде, а притоа за ништо од тоа не си плус платен. Не можеш туку така да збориш, кога не ги знаеш сите работи. И сега мешаш баби и жаби. Прво и ние вработените имаме стресови , а како второ да е муабет за моја фирма ќе останувам и ќе работам 24 часа ако треба , пошто нели мое е. И трето во своја фирма 400 евра приход? Нахххх!
Не реков нигде дека не остануваш на работа. Ти укажав само дека за добра заработка сите работиме додатно, никој не поминува со 8 часа. Тоа е реалноста за жал. Да, кога секој месец на вработените треба да им дадеш плата, да им подмириш придонеси, кога треба да платиш кирија и сметки, кога треба да платиш роба и царина ,па и не ти остануваат илјадници евра. Може на филмовите. Или можеби ако имаш фирма која работи на црно. Јас бирам чесно да си работам. Со две години работи искуство верувај не си го видела уште најлошото,така да допрва ќе се фустрираш. Ако сакаш да просперираш,ќе стегаш заби и ќе се бориш, нема друго.Ти посакувам среќа
@Alita незнам од каде ти е потребата така дрско да настапуваш, ама нејсе твое си е тоа. Ако сакаш административно работно време задоволи се со административна плата! Ако сакаш плус ќе засукаш ракавите и ќе работиш. Не викам ја дека 19000 е доволна плата за архитект, напротив сметам дека е понижувачка за било која професија со високо образование. Муабетот ми беше дека со твојата професија имаш можност за плус заработка, со некои професии неможе ни тоа. Е сега напорно ти е да работиш на проекти дополнително, велиш немаш време за ручек. Епа чисто информативно, јас сум правник по професија, не работам во државна институција, и после 8 часовна работа со странки, имам уште минимум два часа работа за средување на она што е сработено тековно. Работното време по закон ми е од 8-30 до 16-30. Пред 18:00 ретко кога сум дошла дома. Ама мојот профит зависи од мојата работа. Е сега ако се вработам во некоја институција, во помалите градови ретко каде правник зема повеќе од 20000 денари, ќе работам 8 часа, ама ќе стојам во место. Така да ти избери што сакаш и колку сакаш. А и јаре и паре нема, да се разбереме.
Aman bre mm so sredno skolo of tri god zema plata 20000 den plus prevoz plus hrana od firmata ova se e mnogu malku pari ako se nema jadenje i prevoz od firmata
Прво многу не убаво од твоја страна што вака и се нафрли на членката, иако немаше никаква лоша намера, само ти даде пример за повеќе пари ако сакаш. Ама не може да сакаш и повеќе пари и да имаш слободно време, јас имам пишано веќе најмалце 40.000 зимам плата месечно, ама работам две работи и сум во години кога треба да сум постојано излезена и да уживам во животот ама наместо тоа јас постојано работам од 'јутра до сутра' само еден ден слободен имам во неделата. Затоа ако сакаш плус пари ќе работиш и во фирмата и плус проектчиња ќе црташ.
Да ама пак во секој случај е мала платата. Членката си праша и реално одговорот е да мала е, а не да и скокнеме дека може да работи 15, наместо 8часа ако сака повеќе. Сите го знаеме тоа ама некогаш сакаме и време за фамилијата да имаме не е само да работиш во животот. Друго ќе беше да зима 30.000, и плус два часа да има во денот за да ги досреди работите. Така горе-доле е добра сумата. И јас познавам со средно што зимаат 28.000+јадење+превоз од фирмата. Работа прва смена,8часа дневно. Така да споредбено со други плати е малку.
@BoaVista не знам дали погоре прочита дека се извинив за тоа ако некој сфатил дека го напаѓам . Немав воопшто таква намера. И самата кажуваш дека остануваш до 18h, но дека од тоа ти зависи заработувачката , што претпоставувам дека колку повеќе сработиш толку повеќе пари заработуваш. Така и јас би имала мотив за да работам. Но кај мене прекувременото воопшто не се наплаќа, а го има доста.А воопшто не ми е проблем да се ,,испотам'' за да сработам плус пари. @Meckicja ни храна ни превоз платен.
Ама и вие и се нафрливте на членкава безвеза. Прва работа кај нас во мк, ретко кој може да си дозволи на архитект да му даде 700еур за овие работи. Искрено јас не би и да имам. Второ на човеков тие можеби му биле единствени во годината и 700еур/12месеци, а платата ако му е 19.000 е пак ништо не му менува. Трето, архитекти се еден куп, а луѓе кои можат да си дозволат такво нешто се малку. Поголема понуда од побарувачка.