Нема директен линк но мислам ке послужи, следи ги стапките: 1, кликни https://e-rabota.av.gov.mk/PublicReports/PublicReportsNevraboteni.aspx 2, скролни надолу и најди го Скопје (одбираш регион скопје тука скролаш надолу) 3. До скопје има Преглед - кликас на прегле 4, Пребаруша Доктор, доктор по медицина, и ги соибираш сите, внимавај докторите се запшани со различни категории
Во ред тоа што си пребарувала, ама реалноста не е таква. Освен во периферијата на Скопје каде генерално не можат да најдат кој да работи, во ординации низ градов прво не те вработуваат како доктор без искуство, а второ и да имаш искуство нема да ти дадат почетна плата 24.000 ден.
Кокретно https://vraboti.se/mobile/view/TGMLNON-doktor-po-opshta-medicina незнам дали најде доктор или ги изгуби пациентите, но огалсот траење цела година и не беше fake платата, Знам дека Штип поради факултеот има повеќе доктори, за Скопје незнам многу освем што имам слушнато дека имало плати и дури некои не биле ни осигурнаи. Незнам дали сте запознаени (искрено и не сум 100%) но за секој пациент запишан во матичен лекар државата на освом плака од 50 до 150 денари во зависност од котизацијата со што полна квота е 2000 пациенти. Е сега фондот за здравство (државата) доколку некоја ординација остане без доктор (остно пензионирање или заминување од работа) му наложува за наредниот месец да најде доктор или му ги прекинува стретсвата за таа група на котизиација (што до некаде е и нормално) така некако, а после и потешко е да собереш пациенти. Него знам баш правилникот за котизација на матични лекари но држава ти ја зима дозволата за работа со фондот ако немаш доктор , што е и нормално И мораше да најде
Знам дека е така, и јас сум доктор, затоа ти кажувам дека во периферијата на Скопје (од лично искуство) и во помалите градови даваат плата зошто ретко кој сака таму да работи. Во Скопје тоа го нема. Плата од 24 илјади јас добив после 5 години работа, почетна за некој без искуство повеќе од минималец не е. Дури и со искуство не добиваат којзнае колку, можеби околу 15.000. Секако има исклучок на секое правило, ама генерално не е баш како што мислиш.
Ова е точно. Има многу дефицит на мед.кадар тука. Имаше случај во Делчево немаа лекар неколку месеци...
Комплетно се сложувам. Значи може да заклучеме дека почетник па и со мало искуство доктор по општа медицина полесно може да најде работа во помал град оклку во Скопје, исто така платите на доктор по опта медицина во скопје е околу 20000 а во помалите до 30000 денари за почетник. Хм, чудно но некако ми изгледа како да се заврте работата со Скопје. А реално во Кочани во Антура почетник + 3 месеци обука им некаде околу 24000 плата општ работник , со секој дневен оглас за вработување, како што изпага поарно општи работник во Кочани отколку доктор во Скопје. Срамота
A што е најтрагично и општ доктор да се вработи и во државна болница исто зема колку работник што викаш 24 илјади, макс со покачувања да стигне до 26.. Мизерија.
Не е срамота тие да земаат 25.000. Само они си знаат како им е таму секојдневно вдишување хемкалии. Ама, дека на мед.кадар треба покачување-треба. Минимум 50.000.
Зошто толку малку? Нели по законот во случај на криза може минимум 50 %? Значи би требало барем 15000 да добиеш. Освен ако така не сте се договориле...
Има ли некој што не добил ич? Нели сите минималецот требаше да го добијат од 14.500 денари? Веќе 2-3 личности ми кажаа дека овој месец не добиле ништо, а не биле одјавени. Мислев дека по закон мора да ти помине плата, ама сега се со вирусов зафатени и се е чорба каша.
Тоа со минимална плата од 14.500 беше "Шалили смо се", кажаа плата од околу 9.500 или нешто слично. Као народот лошо разбрал.
Колку пати имате платен билет и годишен одмор? По некоја логика еднаш годишно се плаќа авионски билет и се има 1месец годишен одмор,секако твое право дали ќе го искористиш одеднаш или не,но ако сакаш да го поделиш на 3 или 4 пати месечниот одмор и секој пат се враќаш дома не ми е логично било која компанија во светот да ти плати 3 или 4 пати авионски билет во една година, ако не сум во право демантирајме слободно...
@cresa-jagoda https://finance.gov.mk/mk/node/8656 "Нето-плата од 9.000 денари со придонеси и персонален данок изнесува 14.500 денари, што значи дека во овој случај мерката комплетно ја покрива таа плата од 50% за компаниите коишто веќе го направиле тоа –вели Ангеловска."
Ова се однесува само за работодавачите во смисла дека државата на нив им дава 14500 ден. по вработен, а не дека толку треба да изнесува бруто платата на работникот. Затоа што работодавачот и работникот имаат склучено договор за вработување и во тој договор е уредена бруто и нето платата, значи ако на работникот бруто плата му 32000 ден. а нето плата 24000 ден. тогаш работодавачот е должен на работникот да му ја исплати целата плата, освен ако работникот не е известен со одлука на работодавач да не доаѓа на работа за време на кризната состојба и со тоа ќе му исплаќа половина од плата. Дотолку што државата со мерката од 14500 му покрива само дел од трошоците на работодавачот значи да се надоврзам на претходниот пример ако бруто плата е 32000 ден., државата му помага на работодавачот со 14500 ден., а работодавачот е должен да доплати уште 17500 ден., за да на работникот му се исплати редовна плата. Друга е работата ако поради виша сила се исплаќа половина, или ако работникот се согласил да му биде намалена платата. Ако се работи за спротивно од горенаведеното тогаш обратете се кај адвокат да ви ги заштити правата и да не бидете намерно оштетени од работодавачите, кои верувам ќе сакаат да ја искористат ситуацијата и да им ги скратат платите на своите вработени.
Никаде не реков дека ми плаќаат авионски билет. Туку реков дека ми го плаќаат одморот. Си ги делиш деновите како сакаш,месечно ти следуваат по 2 дена, 6 месеци по 2 дена тоа се 12 дена одмор. Секој ден по 8часа работни помножи по 5 евра и израчунај ја вкупната сума. Потоа дневницата помножи ја со 12 дена еднакви и ќе видиш колку ми го плаќаат одморот. На 6 месеци си идам, некогаш и на четири каде бирам дали ќе ми платат пола одмор или пак не мора. Тоа значи два пати годишно. Не ни плаќаат авионски билети,сами си ги купуваме реално и не се скапи.