Ајде нека каже некој како се преживува со тие пари. Треба да платиш превоз, треба да јадеш. Со остатокот што ќе направиш?
Цка од тоа што го прочитав во линкот што го стави @Bezimenka90 нето плата 9.000 ќе биде за тие што се пуштени дома да седат, а имале плата претходно нето 18.000. Но, колку ќе земат другите што имале повеќе од 18.000 денари нето плата, а се пуштени дома да седат и треба да земат 50%? Дали работодавецот треба да им даде од свој џеб повеќе од 9.000 нето плата? И колку ќе земат оние што одат на работа, а на фирмите им е опаднат за 30% приходот? Нив нели треба да им се даде целата нето плата, не само 50%?
Не не те цитирав во негативен контекст,само бев љубопитна ,тешки сите да си земаат убави плати и да си имаат мир и спокој никој од џебот не ми зема. Еве јас ќе кажам за мене,јас имам годишен одмор 1 полн месец платен,со баланс од 500евра авионски билет,искористи го за каде сакаш твое право не мора да одиш дома,ако го најдиш поефтин билетот остатокот си останва за тебе ако картата е поскапа сама ќе си додадеш и тоа е тоа . Инаку и јас сум задоволна од целокупните услови затоа и сум тука
Не те разбрав негативно воопшто. Ме стави на мисла да се распрашам дали има таква опција тука. Стриктно кај мене во агенција е таа опција и до сега се е регуларно, но услов за тоа да фатиш е да имаш барем 3 месеци работено по 170 саати. Законски овде секоја година менуваат по нешто,како и сега дур трае ситуацијава. Само среќа не е каша попара.
Таму е сосема друг систем,јас работам за фиксна плата,петок и сабота и за државни празници сум слободна,имам годишен одмор од еден полн месец,годишна авионска карта,исто така во платата ми се вклучени платени патни трошоци и смештај исто така... Всушност све зависи од компанијата во која работиш и договорот кон што го имаш,и тука не е исто за сите нормално...
Зависи и од позиција. Вака како што кажуваш имаме различни позиции. Јас работам за празници,имам и над 2+ слободни денови. Е сега за наши празници се менувам со колегите. Плаќам данок,пријавена сум. Имам пишано ако имаш над 170 саати имаш бесплатно здравство. Знам дека во арапските земји е поинаку затоа и е тешко да се добие позиција таму. Ох,секаде е тешко.
Работам во фирѓа за производство на кабли и сега поради што нема извос, државата ќе му дај 14,000 денари на фирмата и од тие пари фирмата плајќа придонеси кон работниците и ние фактички земаме по 9000 денари. Е сега освен ако фирмата се реши да дат плус пари би требало да земиме по 15,000 ама кој ги знае.
Колку што знам по закон беше 50% во случај на криза и тоа за тие што се пуштени дома. Проверете сепак да не има измени ама барајте си ги правата. Газдите едвај чекаат прилика за профитирање врз туѓ грб! Како кажа Царовска, 17 000 за трошоци на семејство се доволни. По таа логика, двајца ако земат по 9500, ќе им останат дури и екстра две илјадарчиња заштеда. На страна црн хумор, кој како знае ќе се снаоѓа. Со ваква власт и газди, тешко на работниците.
18.000 денари Се вработив пред кризата со вирусов и еве 4 месеци не сум ја земала таа плата. Во угостителство сум .
Работам приватно но кога годишните примања би ги распределил како плати би дошло нешто преку 1000 еур или во денари околу 80 000 денари
800 долари месечна загарантирана, плус бонуси, part-time job ми е. Студирам истовремено Се надевам така и ќе остане со коронава... Жал ми е за сите луѓе кои изгубија работно место, или имаат намалени плати. Порака до сите млади: Стегнете забите, учете од дома некоја вештина, работете од дома за странска фирма и живејте во Македонија. Секој кој има желба и време го можи тоа. Дипломиве кај нас не вредат. Факултет ќе завршам само бидејќи мама и тато сакам да ги видам насмеани за тоа.
Имаш фиксно работно време, по нивно или по твој распоред? И како ја најде, сум гледала пар сајтови за странски огласи ама незнам ... никогаш не сум им аплицирала и немам претстава колку се легитимни. Ама дур не се проба не се знае Едит: Ова твоево е малце како детективско или само пратиш процедура, баш ме заинтересира
Мој распоред, најмногу 80 саати месечно, се’ друго над 80 часа се плаќа дополнително. Ја најдов на Upwork, но веќе работам за нив надвор од платформата.