Теши се дека приватните училишта плаќаат само половина сума од државните... ќе си најдеш друга работа, сигурно. Штом си наставник, и часови да даваш само-ќе заработиш колку во приватно училиште. Не се нервирај, секогаш има решение и излез.
Ај со среќа од октомври ветените 5% покачување се намалуваат на 4%. Ама важно по 6 години добро е и тоа. Оние 1% можеби ќе ги добиеме по 6 години. Аирлија.
Работам за странска компанија со добра и солидна плата ама никогаш не е доволно секогаш се треба повеќе па особено нас на жените ни треба се
Дипломиран програмер сум, но не работам на струката, работам во една фирма каде моментално земам 15 000 плата. Почнав како обичен работник за 8 800 и за 3 месеци добив унапредување шеф на смена, и на секои 3 месеци добивам покачување(од јануари очекувам ново). Се стремам за генерален менаџер зошто мислам дека сум способна и си ја сакам работата, а и немам некоја конкуренција. Живеам во провинција каде просечна плата е 9 000-10 000. Имав понуда во Скопје за 20 000 на струката, но ја одбив. Политички не сум определена и не избирав многу што да работам иако имам диплома, важно ми беше да не седам дома.
Добра ти е платата за во мал град со големина на Велес, Штип, Кавадарци и слично, ако се земе во предвид дека е привтана фирма. Ако си во помал град, уте поубаво со тие пари ќе си поминеш затоа што се е ефтино. Јас се изјаснив и претходно со 200 евра, интелектуална работа во еден од поголемите градови во Македонија. Во малите места шансите за напредување се помали, па и воопшто за наоѓање работа.
До сега сум работела на три места и секаде платата ми била од 8000 до 8700. Не сум работела по струката. Иако сум дипломирала, сум прифаќала и друга работа. Платата е добра со оглед на работата и стручноста што ја бараат при вработување. А тоа што не сум задоволна од работата, е друга приказна
Доволно голема за наши услови, со оглед дека сум сам свој газда. Затоа сметам дека би било дегутантно јас да се „фалам“ кога поголемиот број луге земаат максимум 200 евра. Само поради почит кон нив и за да не се сфати како фалење не би навела бројка.
Мојата плата е 10500. Инаку не се чувствувам понижено кога некој ќе ми каже дека има поголема плата, туку баш ме интересира кои се тие професии кои успеваат кај нас
Платата моментално ми е 10 000. Со оглед на тоа што сум вработена само неколку месеци, презадоволна сум. Па здравје, за понатака, повеќе.
Во Мк имам работено само два месеци, за плата од 10500 денари. Видов дека нема живот таму, па си кинисав странција. Првата година се изнамачив, живеев во фамилија, работев како бебиситерка, за 20 000 денари плата, што таму мои другарки ги земаа за 2 дена. Со оглед на тоа што кафе е 300, сендвич 500 денари, дневна карта превоз 800, ептен мизерна платата ми беше. Но полека полека, се снаоѓа човек. После почнав да земам по околу 80 000, последниве месеци не сум без 130 000 на месец, а веќе во скоро време се надевам на плата над 180 000. Сепак и не е се така сјајно. За стан давам по 45000, превоз, јадење и такви ствари, месечно уште 45000 влечат. Се на се соберено, не би се вратила Мк ни под разно. И да, сингл сум. Кога веќе двајца работат е друга приказна. Трошокот е малку поголем, но сепак се две плати. Ако имате можност, не мислете, туку пат под нозе и странција