Можам да ти одговорам само за странските фирми, sales почетна 300/350е, може и повеќе зависи кој пазар го покриваш, пример ако станува збор да си селс агент за холандски пазар со холандски јазик може и 500е па нагоре (знам и случај каде што понудија 1000е бидејќи беше единствен и не можеа да најдат со месеци па сакаа да го задржат со висока плата) ако си за амерички пазар и само 2ра смена да треба да се работи 450е. Што се однесува за маркетинг 400/500е почетна па нагоре зависи и што точно би ти биле таскови
Здраво, дали некој е упатен која е од прилика минималната плата која би ја имал junior .Net developer?
Јуниорите почнуваат со 350 евра плус-минус во Сивус, Гобива итн. До 1500 евра не знам дали стигнуваат додека се јуниори
^ Па девелоперите на мобилни апликации( андроид и иос), девопс инжинерите , софтверски инжинери се програмери, со различни вештини
Нема многу улога технологијата за џуниори. Генерално, џуниор со нула искуство почнува негде во рангот 350-500 (ова зборам некој просек во поголем дел од фирмите, има фирми што за почеток нудат минималец, има и по некоја кај што можеш да се продадеш и за 600-650 ако си ептен добар) и во зависност колку го бива напредува во првата година-две. Џуниори со плата над 1000 евра се ептен малку. 1500 за џуниор нема шанси.
Апсолутно не е фер што има толку голем јаз во платите помеѓу "смртниците" и ИТ елитата затоа што некој мора и останатите работи да ги работи, ама има начин да научиш програмирање и без школо, па ако толку ти смета што ИТ "боговите" земаат толкави плати, загреј го столчето. Куп фирми примаат девелопери без формално образование, а ако мислиш дека девелоперите само куцкаат на компјутер и земаат плата за ништо, само ти повели, пробај.
Не ја потценувам струката. Ниту па мислам дека е лесно. Не е фер што останатите работи не се доволно платени.
Имам рмбано и јас за минималец, непријавена, со работа за викенди и празници. Ја знам и таа страна од паричката. Ама тоа сум можела во моментот, тоа сум работела. Никогаш не сум завидувала некому што успеал да постигне повеќе. Поготово кога стварно го запотил газот за да постигне тоа што постигнал. Немојте да настапувате со толку огорченост кон сите што работат во ИТ, не се тие криви што им се посреќило да се насочат кон тоа баш периодов кога најмногу цвета таа индустрија. Се согласувам дека платите во Македонија, освен во ИТ и неколку други бранши, се мизерни. Се согласувам дека треба да се зголеми и минималната, и тоа фино да се зголеми. Еве, да ги тргнам на страна вработените во бутиците, маркетите и слични слабо платени работи. Мене лично несфатливо ми е како може доктор да зема помала плата од просечен програмер. Ме боли тоа. Иако сум, замисли, во ИТ. Ама ете, во моментов реалноста е таа. Ако можеш, ако имаш желба и капацитет, пробај да се стекнеш со квалификации што ќе ти носат повеќе пари. Многу попродуктивно искористено време би било тоа, отколку да истураш фрустрации затоа што некој зема многу повеќе.
Абе лесно е да мислите дека некој само куцка на лаптоп и слуша музика да. Не знаете колку е напорно може да е и тоа. 8часа пред лаптоп, очите ти се затвараат од зрачење. Џабе и очила и се. Маж ми е во ИТ секторот, уз него се шлепам и јас. Ама 3 курса има завршено за тоа. Од дете се снаоѓал и заработувал доста добри суми преку интернет. Работиме двајцата од дома за странска фирма. Супер платени но не пријавени.