Абе не знам за што ќе ни е. Здравство имаме, за стаж за пензија ли? Ајде да сме живи и здрави ама ко што е скратен животниов век не ми се ни верува пензија дека ќе дочекам
Не е фер да мислиш дека со толкава плата ќе останеш.Или да си мислиш дека си осудена да земаш помала плата цел живот затоа што не си со струка која е барана. Наместо тоа, размисли што е сега актуелно и следните години, види во што може да се вклопиш ,земи курсеви , експериментирај. Повеќе ќе придонесеш за себе и позадоволна ќе си , отколку да се огорчуваш. Многу од ИТ секторот баш од овие причини сега тоа го работат, не се сите родени програмери и школувани со универзитетска диплома... има луѓе по 40 години од сосeма трета бранша,па се шалтаат тука. Единствено треба да сакаш и да ти легне тоа, ако не имаш и други платени струки. Многу се имаме разочарано од таа сума која ја пиша, и не сме сакале да останеме со толку...па сме наоѓале начини, сме правеле компромиси за да заработиме повеќе. Од типот диплома плус, курс, или одбираш да работиш нешто постресно но платено итн.
Ако не можете да програмирате, можете да завршите курсови за тестери... Не е тоа ништо сложено. Не мислите, дека е неправедно да не плаќате здравствено и пензиско осигурување? Дали сте свесни, дека утре кога, да не даде Господ, ќе се лекувате, ќе го правите тоа со парите на работниците во маркетите и шивачките? Впрочем, дали е дозволено законски да имате приходи од странство поголеми од минимална/просечна плата и за тоа да не плаќате придонеси?
@Orthophill А ова да го кажеше на приватњаци кои на црно држат работници? Ние двајца ќе сме го оштетеле државниот буџет полнет од твојата мака. Бре бре Може утре ќе ми текне да се селам од тука. И? Како земаме придонеси е лична работа и тоа не е тема на разговор.
Сама се пофали, јбг... Ваљда мислеше некој ќе рече "кутрите не се пријавени, сигурно не им е лесно" И мене ми беше планот да работам така, ама дефинитивно да се регистрирам како занаетчија и сѐ да биде легално. Не ми ни текнало на црно препоштена сум изгледа.
Како тоа ќе им плаќаат други ако немаат здравствено осигурување? Во случај ако им затреба ќе си плаќаат приватно здравство. И ако мислите дека само придонесите се даноци, едуцирајте се малку. Со самото живеење овде сите трошиме и плаќаме на државата директно или индиректно административни такси, патарини, но најмногу ДДВ . Вака државата излегува чист ќар, нема обврски спрема вакви случаи, а има константен прилив. Класичен увоз на странски пари ти е тоа. Освен персоналниот данок што реално е ситница наспроти ДДВ-то од потрошувачката.
И да, плаќаме приватно. За вчера требаше да идеме итно кај невролог на клиника за детето и guess what? Немало лекари сите по одмори биле Здравството тука е најголемата причина заради која здравје ќе се селиме. Барем децата да ги спасам ако не.
Баш ради моментот можеби ќе се селам, мнг мои познајници не работат на црно, информирај се убаво дали има можност да настане проблем доколку работиш на црно а сакаш чиста слика доколку се селиш. Ми објаснуваа познајнициве за легални проблеми при преселба баш ради работење на црно но заборавив точно што како , а јас им го правев истиов муабет ко тебе
Ја претера, за сениори не коментарирам ама за јуниор 1000 евра плата нема шанса, или се зафркаваш тука или стварно појма немаш. Јас би рекла од 300 до 400 - 450 евра, а знам фирми каде се почнува од минална плата.
Можеби тоа што сум го видел било исклучок, али навистина не се шегувам со свои очи го видов износот на нето плата во договорот за вработување, и тоа странката ми даде оригинален договор за вработување потпишан од работодавач само требаше мојата странка да се потпише, значи не некоја драфт верзија, мојата странка побара да го проверам договорот дали е согласно закон пред да го потпише, затоа што договорите за вработување во ИТ секторот се специфични сами по себе, не се како вообичаените договори за вработување во останатиот приватен сектор, заради мојата професија, не смеам да кажам за која фирма станува збор, ете можеби мојата странка имала среќа, искрено не знам ниту ме интересира
Ние работиме пријавени, па па се оддадовме од пари за приватно здравство, зошто пред некој ден се разболевме, матичната сама ми рече види си по приватните, ваму нема да те примат. Да не зборам за ортопедски прегледи за дете, дете се разболело, пораѓај и слично. Ете немаме врски во ни една клиника за некој да не турка, затоа плаќаме се приватно. И радо би се одјавила да можам зошто освен една бесплатна крвна слика во бременост, ништо друго не сум добила од тоа што плаќаме со години здравствено осигурување.
Под ,,специфични сами по себе" мислам имаат повеќе обврски за вработениот, на пример во самиот договор за вработување во ИТ секторот може да се сретнат одредби и за работа од дома, за авторско право (затоа што вработениот е често и создавач на авторско дело), за конкуретска клаузула и ред други одреби, за разлика од другите договори за вработување во останатиот приватен сектор каде што договорите за вработување повеќе или помалку се по шаблон правени т.е. copy/paste, затоа многумина пред да потпишат договор за вработување во ИТ секторот ако е домашна фирма, или договор за дело ако е странска фирма, бараат правен совет, особено ако станува збор за склучување на договор на дело со странска фирма. Можеби кај вас се погодило да ви дадат вообичаени договори за вработување, сепак зависи и од самата фирма - работодавач. Инаку мене тие странки кои ми се обратиле бараа токму тоа дали договорите се според закон, да им го толкувам договорот, и да им дадам правен совет, еве општо ќе ви дадам совет да внимавате кај странските работодавци од ИТ секторот за одговорноста која ја предвидуваат во договорите спрема вработениот, има многу двосмислени (трик) одредби буквално го ,,врзуваат" вработениот додека трае работниот однос. Ако ве интересира лично за вас, за вашите договори што и како е предвидено и дали е се во ред, слободно пишете ми во порака.
Најголема заблуда евер: земејте чачкајте нешо па не мора програмирање може и тестер не е нешто сложено тоа. Молам? Да, точно помалце захтевно можеби е од програмирање backend или front ама далеку од тоа дека не ти треба барем минимално познавање од програмирање, башка други технички познавања што ти требаат од областа. Се извинувам за офф топик ама морав да се смешам. Мислат сите дека седиш на компјутер и само “чачкаш“ и ја полниш торбата со пари.
Според мене би препорачала подобро да започнат од фронт енд од колку од тестинг. За тестирање мора да имаш барем основно познавање од некој програмски јазик, не знам како го замислуваат тоа тестирање
И јас повеќе би избрала фронт енд него тестинг ама на крај сепак зависи што те влече повеќе, ама далеку од тоа дека е лесно. Дефинитивно треба салам да си го загрееш столчето што и да одбереш. Ме интересира дали некој има работено како data analyst/data science? Знам дека е доооста посложено и дека бара знаење од machine learning ама немам од никој конкретно добиено повеќе информации за овие работни позиции.
Да и јас колку што знам е така, ретко кој го работи тоа затоа реков тука да прашам. Мислам дека тек почнува тука да се развива. Сега само дел од поголемите компании имаат отворени работни позиции за data во Македонија колку што можам да видам.