И јас го сметам за потценување. Но, капитализмот е суров. И затоа медицинарите ни се надвор од Мкд, додека голем дел од ИТ се во Мкд. Иако и од нив има мн што се во странство, но повеќе од др причини, не толку од финансиски. Од друга страна, да бидеме реални, во тоа дрпањето учествуваа и мн доктори. Мн убаво знаеме колку пари под рака се давале на државно и на тој начин се надохнадувало за ниските плати, кои до пред некое време беа понижувачки. Чест на исклучоци, секогаш ги имало и ќе ги има. Или можеби биле исклучоци овие што дрпале, не сакам да шпекулира, ама факт е дека митото е застапено во здравството. И да не заборавиме дека квалитетот на самиот факултет не се споредува со порано. Колку само деца завршиле благодарение на добри контакти. Мене лично тоа најмногу ме плаши. Затоа велам, професионалец си е професионалец и без разлика дали е ИТ или доктор, кога е добар, заслужува одлична плата. @Idedemja со работата по учинок мислам дека се одеше во таа насока, да се плаќаат докторите според бројот на направени прегледи. Но, ако добро се сеќавам, наместо награда, системот се темелеше на казна и ако не беа реализирани доволно прегледи не земаа 100% плата. Идејата не беше лоша, но беше лошо реализирана. Квалитетот се замена со квантитет и мн доктори се жалеа дека се буквално во трка со времето за да го реализираат дневниот минимум, што од др страна не оставаше простор за да се посвети неопходното време за преглед. Инаку се согласувам со тебе дека има огромна разлика помеѓу еден доктор и друг и дека некои се навистина мн малку платени за тоа што го прават, а др и мн земаат споредено со тоа што го сработиле. Само не знам кој би бил најдобриот начин ова да се регулира. Претпоставувам секаде има некој што се шлепа на некој друг. И во медицината и во други сектори и во др држави. И Валјд, да не заборавиме дека освен платата и статусот во опшеството игра улога. Порано беше тоа мн поизразено, сега мн е поинаков односот доктор-пациент, довербата е изгубена од двете страни, но порано беше: Бог на небото, докторот на земјата. Буквално секаде имаа привилегии докторите, што им отвараше па врати за мн др поволности.
За ова отварај нова тема. Мене поентата на муабетот ми е дека некој незаслужено ги зима и троши тие 1500 евра, а на искусен и што заслужува 1500те се смешка, убаво пиша и 5000 да му ги дадат не би било многу. Затоа ти велев сме на тема со муабетиве бар кога станува збор за висина на плата, за другине прашања и муабети ти пишав отварај нова тема
А времето, трудот од претходно минимум 10 години учење, зар тоа не треба да се плати? Плата за специјалист опомалку од 1000 евра месечно е малку па макар имаш и 5 прегледи дневно
Контрола, анализа, одговорност. Ко ќе стани ова правило во државава, тогаш ќе видиме промена. Се додека сите само бараат дупка да се провнат, да смотаат, да побараат услуга, да замижат пред неправилност, нема да видиме аир. И то важи за сите. Од мене, до претседателот на државата.
Не мислам за такво мерење на перформансите, знам за тој систем, јасни ми се кои и за кои доктори му беа наменети предностите, а за кои недостатоците Повеќе ми беше муабетот дека повеќето доктори треба повеќе да се потрудат за да ги заработат и тие 1500евра кои им се дадени , додека некои кои заслужуваат треба да имаат и над тие 1500те.
Мн често, за жал, да. Но, не секогаш. И треба да работат на тоа и двете страни, а не да се водат од егото.
Слободно нека се продолжи со ваквиот игнорантен однос кон докторите. Ќе се лечиме во иднина кај Иван исцелител .. ако воопшто остане некој во државава За доктор колку и да зема плата малце е, во однос на тоа што го прави за возврат.
Не е само егото. Нефункционалниот систем е проблем. Навиките ни се поставени на искривена основа. Замисли никој да не фаќа врски, никој да не корумпира и никој да не дозволува да биде корумпиран. И да му е гајле... ко за промена... Државата и нејзините институции ги третираме како да се во сопственост на власта. Не се. Наши се. Ние сме државата. Како за дома што се грижам дали ми се платени сметките и дали имам вода, струја, храна, греење, така треба да се грижам и за државните институции. Оти сите имаме потреба од нив и ние ги плаќаме.
Јас никаде не оспорив дека треба да е платен трудот што докторот го вложил во едукацијата, ама па да бидеме реални специјалист кој има 5 пациенти месечно да зима еве не помалку од 1000 евра, еве нека се 1500 и некој кој глава не дига од пациенти, а исто отприлика зема 1500 нели не е фер? Плус особено на државно си го имаат овој мајндсет, имала 5 или ниеден ми следат отприлика 1000 евра, се залегнуваат како бубреже во лој и престануваат да вложуваат во себе, додека на приватно имаат основна плата ама ако се труди повеќе добива и плус, и затоа на приватно услугата е таа за која плаќаме, а на државно па и да не се залажуваме сите специјалисти не заслужуваат 1000-1500 евра иако според систематизација и едукација ги зимаат.
Така е Вајлд, ама невозможно е ова да се смени за брзо време. И затоа секој кога ќе се најде во таква ситуација, си тргнува од личниот интерес. Токму затоа што знае дека е така. И така во магичен круг, за жал. Иако мора да признаам дека сега брзо мајка ми имаше интервенција во државна болница и се помина во ред и процедурално од почеток до крај. Таа е и мн скромна, да беше некој друг може за истата услуга ќе се жалеше, па не знам дали е резултат на нејзината перцепција или на реалноста. Но, како и да е, зафатот, а и административниот дел помина добро. Кажа дека односот на вработените бил мн океј и дури дека било чисто и средено таму каде што била таа. Ама мислам дека тој дел е тазе реновиран. Имавме контакти, блиски, на кои можевме да се обратиме, но решивме да се обидеме без. И за среќа, испадна во ред. @Anie93 па реално живееме во време во кое веќе сите, ако сакаме по океј плата, треба постојано да вложуваме во себеси. Помина тоа време кога завршувавме факс и толку беше, наоѓавме работа и таму останувавме до крај. Маж ми е во ИТ и постојано се доедуцира, гледа вебинари, учи нови вештини, кога има нов проект буквално учи нешто од нула, тоа е. И јас сум во сродна област и неколку месеци да не прочитам нешто ново, ќе заостанам, се од почеток. Тоа е. Џабе ти дипломи ако во пракса не придонесеш. Според мене и докторите треба постојано да се доедуцираат. Нема ништо посложено и посовршено од човечкиот организам. Те сфаќам што сакаш да кажеш и си стои тоа, така е. Повеќе сметам дека на тој што вложил години во образование, државата треба да му обезбеди можност да стекне искуство, да му даде шанса, а не да добиваат специјализации со врски и триста др моменти што следат со работа во државно, особено во медицината.
Да не забегувам од темата, влегов да си одговорам на прашањето. Моментално работам две работи, на едната работа зимам плата 26.000 на другата 30.000 ден. Едната е во образование, другата во здравство
Нема што државата да дава пари некому за специјализации. Ако толку верувате во своите способности кренете кредит и после вратете го со својот успех. Затоа сите субвенции кај нас пропаѓаат. Субвенционираш нешто што не е рентабилно. Пазарот одредува што е барано, а што не. IT секторот сега е баран, но за 10 години нема да е, затоа што smart компјутерите сами ќе си ја завршуваат работата. Секојдневно среќавам деца што прават и по 10.000 евра месечно на интернет, па затоа и ми е смешно кога некој ќе спомне плата од 1.000 евра, а учел 5-6 години факултет. Сега со bitcoin деца прават огромни пари, а немаат никакво знаење. Реално многу луѓе со факултети го немаат тоа искуство со улицата да преживеат.
Од кога се криптовалутите 'улица'? Коцка е биткоинот. Исто како ТАТ на Соња. Некои зедоа 10.000 евра, па и 100.000 евра од лежење, ама некои и без домовите останаа.
И смарт компјутерите некој треба да ги научи да бидат "паметни". Може класични девелопери нема да постојат, ама секогаш ќе има работа во ИТ на еден или друг начин. И 10 години е премногу оптимистички, смарт компјутерите се далеку од "разумни"
Едно време беше економски, потоа праве, а сега ФИНКИ/ФЕИТ. За една деценија секаде ќе има многу повеќе кадар отколку што реалната економија ќе има потреба. Да, и тие смарт компјутери ќе треба некој да ги оправи, само нема да им требаат 20 луѓе, туку 5-6. И, кај нас со еден софтвер од 200 милиони евра можат да ја решат државната администрација и да добиеме супер ефикасни услуги, но тоа само по себе повлекува социјални немири и оставање луѓе на улица.
Па влада и сега дава по 200000 за софтвери, да им е во корист да ја решат јавната администрација ни ја решеле, ама кој ќе ги гласа така? Остава луѓе без работа... Оти се убија од работење, де
Па, нема да ги гласа. Плус, ако ги остават на улица ќе избијат социјални немири. Тие луѓе нема да знаат што со себе на 40-50 години.
Нема што да дава државата секако, затоа сите си одат или имаат во план да си одат. До пред некое време приватните специјализанти немаа ни здравствено.Ама кој им е крив што така си одбрале.
Какви 200 милиони евра, за многу помалку можат да завршат работа, ама неќат. Иначе, уште ќе расти побарувачката од ИТ кадар. Експоненционално се развива таа технологија. Не поправаат компјутери, прават софтвер.