Реално во денешно време има подобар начин за пари правење него да работиш за плата, ofc ако сакаш да го работиш тоа е може на хоби да со направиш
Ако има стаж над 10 го следува уште 0.5 % за секоја година на пример ако има 10 год тоа му иде 5% плус на платата значи уште 1300 ден за тие 10 год и секоја наредна год добива по 0,5 % плус
Наставник со над 10 год стаж може да достигне и до 29 000 ден ама зависи дали има клас, дали работи во места каде следуваат тешки услови, и т.н. Ама со оглед на моменталната состојба на цените и 39000 се малку
Дали знаете колку зема медицинска сестра во државниве клиники со завршено високо образование за медицинска сестра?
Доволно за да нема мотивација за работа. Судејќи по однесувањето на мнозинството медицински сестри во државните клиники.
Е како, јас слушнав дека земаат 28 000 + сега со покачувањата од 20- 30 % изминатиов период, стигнуваат до 35 000
За главна сестра знам дека зема до 40 000 сосе трети смени и се што одат. Лошо е што на повеќето оддели трета смена е само една сестра и еден болничар што значи мамето ќе ти го расплачат за тие пари.
Одреден период работев во основно училиште како предметен наставник. Имав колеги тој период кои што си го беа одложиле пензионирањето токму поради тоа што пензијата им беше мала. Станува збор за наставници кои имаа 20 па и 30 години стаж во образование. Отворено разговаравме за платите и зошто не одат во пензија, дури си велев “аман бре овие зошто не одат во пензија им ја држат работата на младите“, буквално со тој мајндсет бев. А оно стварно да ти имале оскудна пензија со 30 години стаж и плата максимум 28-29 000 (вклучувајќи и класно раководство, нели ако си класен раководител плус имаш околу 1000-2000 денари надоместок). Јас со 2 години стаж земав 24 000, тие со 30 години стаж едвај едвај 29 000. Дури дарежлива е бројката. Нема динеро во државно образование. За средно и високо е друг муабетот.