Во пензија се оди по старост, на наполнети 62 години одат жени, на 64 мажи. Ако си одат порано, немаат право на пензија додека не ги наполнат потребните години.
Учител до 5то одделение со приближно 30г работен стаж има плата околу 28-29.000,не знам точно. Реално малку е. Имаат многу работа на компјутер,спремање домашно, тестови. Овој период додека децата се на распуст, тие одат на работа. Летоска исто така после 10ти јуни остануваат и во август се враќаат на работа. Со скратено раб.време работат, ама како и да е, пак е малку
Да, ама членката зборува за тие што си продолжуваа. Што работеа до 67 години. Мислам дека сега е променет законот, да не може толку да продолжуваат.
Малку е за таква одговорна професија, но не и затоа што имаат многу работа на компјутер. Компјутер е потребно средство за работа, а тоа што повеќето се неписмени во користење на истиот е само еден показател од многу други зошто им се мали платите.
@cresa-jagoda да, да тоа беше пред да го донесат овој закон за непродолжување, пред да биде фиксна границата. @Mikha4 Ќе се потпрам на искреноста на бившите колеги, пензиите варираа од 16-19 000 денари. Пак нели зависно од стажот. @forumce Имаат работа, да. Ги гњават и со многу административни работи. Еве сега воведоа само електронски дневник, а до минатата учебна година мораа да пополнуваат и хартиен дневник и плус електронски. Да не зборувам за класните раководители - која одговорност ја имаат дополнително и со деца, и со родители на тие деца и со пополнување на дневници и милион други администрации за плус 2000 денари на плата.
Смешно, чекајте за 10 години ќе се смееме кога ни доктор ни сестра ќе нема во државава, не е никој глуп да работи за 23 илјади со болни, заразни, умрени, дежурства, напнати семејства на пациенти, кога може да зема +5000 евра во бели свет Може и преценав кога реков 10 години.
Башка под рака мито, некое евро под рака и така. Спореди стандард кај нас и во светот, па после за плата од 5000е. Сега специјалистите не земаат малку плата. И така ако немаш пријател или евро никој не те гледа на болница. И сите убаво знаеме колку работат, кој имал мака знае или кој бил на пракса. Секоја чест на исклучоци. Народот не е крив шо ни сега нема персонал некаде, туку до тие шо се на власт и пред нив тие.
Точно за митото, се слагам, скрос ми е одвратно и мене. Ама тоа не го менува фактот дека се иселуваат медицинари со брзина на светлината особено со пандемијава кога секаде е дефицит. Тие што работат така ко што кажуваш се постари генерации и се пензионираат постојано. Помладите сфаќаат за кај им се отворени вратите и им е смешка да помислат за 20тина илјади да работат. Во Охрид се затворила педијатрија, немало доктори. Полека, полека во сите градови ќе не снајде истото.
Јас познавам една што работи на државно со 7 8 години искуство, одделенска сестра е. Платата со сите бонуси и е 31.000.
Уф, да. Да не ви чукне на врата недај боже операции, болнички лекувања. Од кај треба да гониш луѓе за да добиеш третман што уствари го заслужуваш па и бесрамно и директно си бараат мито. Дали кеш, дали телевизор, дали телефон... Недај боже да се најдите во ситуација само. Врти сучи тие на крајот од денот си вадат и поголема плата од таа што ние овде им ја договараме.
Луѓе со курс од шест месеци и пократок земаат илјада евра, сестра со 7 години образование народски кажано на коњ е ако има 30илјади плата, па сега види колку е нормално тоа
Има такви, во секоја професија. Не смо во медицината и тоа е за осуда. Меѓутоа платите во здравството државни се мизерни, тоа е факт!