Не се согласувам воопшто. Пред 20год по повеќе плата да не земаа? Ама сите работеа и немаше како сега се мито и корупција. Ако не сака да зема плата толку нека даде отказ , има многу невработени во државата со медицинско. Ама и во болница да се вработиш е партиски, без тоа нема. Не се вработува стручен кадар. Ама сега се научија, ајде евро ќе ни фрлат, ќе си седиме заклучени, ќе спиеме и така, никој ништо не ни можи. Се и сешто имам видено, така да кој не видел не можи да коментира. И не само здраствени лица, сега сите сакаат од Мк да се иселат, барем 60% од луѓето, од оваа дупка подалеку да избегаат.
Немаме доволно. Дефицитарни ни се докторите. Многу ефтино вака не фаќа. Или ќе потплатиш некој, или ќе платиш приватно.
Абе луѓе камо да беше само до платата, можеби ќе се најдеше решение. Проблемот со медицинскиот персонал е многу подлабок а платата е само капка во океан од проблемите.
Не знам колку години имаш ама мито имало и пред 20 о пред 30 години, не само во медицината, секаде. Во мојата фамилија уште пред 30 години дедо ми давал пари за да ги вработи децата во полиција, железница и секаде. Тоа не постои од сега буккавлно отсекогаш. И лошо е што има партиски вработувања да, меѓутоа да бидеме реални и роднински, пријателски врски е исто. Не значи дека ако некој ти помогнал да се вработиш дека не си компетентен за работата. А ова ако е мала платата оди си, поглупаво амин. Сите работиме за плата. Како помала мислев дека љубовта кон професијата е најважна. Не. Важно е да знам што работам како го работам тоа, да сум професионална ама ако не сум добро платена си одам. Како што ниту една друга професија не седи на работа за помалце пари од тоа што си мисли дека заслужува, така и докторите. Јас не сакам од ќеф да одам на работа првични, со ќеф не се живее, не се гради куќа, плаќа сметки, чува дете, ужива во животот и не се приуштуваат материјални работи со ќеф, туку со плата
Непотизам се вика. И е казниво по закон. Само што кај нас не важат закони, па кој-како знае и умее... нека се снаоѓа.
Да ама замисли си доктор и ти доаѓа некој со проблеми со срцето а ти немаш соодветна апаратура да го прегледаш. Или таа шо ја имаш е стара колку дедо ти. Налет ќе речиш и работа и плата кога и да сакаш не можеш да му помогнеш на човекот. Колку само прегледи не можат да се извршат на државно само зошто нема соодветна апаратура за испитување. Првин треба добри услови да се овозможат.
Се разбира дека им требаат и услови. Ама прво платата ќе ги мотивира, па после, може ќе им текне да си побараат и подобри услови за работа. А и власта треба да спроведува закони, а не само да ги пишува за да стојат во нечија фиока. Мувла фатија. Море печурки израснаа на нив.
Јас осигуран највисока шо сум земал е 25 илјади и тоа не беше секогаш фиксна, некогаш и помаку. А неосигуран околу 45 илјади месечно. Таа шо ја земав 25 илјади, работевме тешка физичка работа, студот, прашина гратис, секоја сабота одевме и празници не делеа.. јас мај, богородица и велигден еден ден работев.
Целосно пресметано видено и анализирано, не е за живеење мкд. Јас како самец шо се стегам и се мислам шо да јадам, пошто нигде не ми беше платено јадењето гледав да поминам со поевтино за да ми останат пари. Нема мотив овде никаков.
Знам... Замисли да треба фамилија да раниш со тие пари? Ептен пропадната држава сме. Чудо е што уште постоиме на мапата.
Најжално е за тие медицински сестри што со години чекаат за решение и работат неосигурани за 13.000. А такви има многу.
Ама тие се платите кај нас во Македонија, 30.000ден и воопшто не е лоша плата за наши стандарди, не споредувај со странство не е се така бело, каде се трошоците за кирии и ред други работи и не сите медицинари работат со корона вирус кој постои две години На никој не им е гајле за пациенти да бидеме реални Стигнуваат некои и до 1.000е не ги жалете толку, што од мито, што од под рака, па празници …
И јас за тоа зборувам. Значи сега за почетник е некаде околу 24 500 до 26000 ден. И плус клас ако има и тешки услови за места погранични и ридски планински.
Се сложувам со @elimkd и ок си се платите на сестрите. Па ако се сестри, не се научници кои работат во НАСА. Подмитливи, непрофесионални, неодговорни, и многу од нив направиле страшни киксови, па никаква одговорност немало. Јас ретко одам по лекари, ама кога сестра ме учеше како се ставаат леќи, со рака тргнав да си ја тргнам шишката од чело и оваа „неее“, па ме плесна по рака како што удираме мали деца кога не се мирни. Што да кажам? Немаше живци да ми објасни, а скапо наплаќаа за таа обука, која во суштина е ништо. Овие ли за Германија да ги пратиме? Тоа што сите летнаа за Германија не значи дека се најдобри на свет. Имам пишувано на мајка ми кога ја болеше стомак, лекарката и даде таблети за срце, па одеше си бараше друг општ лекар да ја оправи, оти виде не е ок. Денес и таа во Германија. Нека му мислат Германците.
Морее, да видиш како им е гајле во приватните и во странство ко ќе одат. До условите е. Ниски плати, бедни услови= доктори без мотивација Па и за било која бранша истото важи. Едно е да станваш секое сабајле, за 20.000 месецот, друго е за 200.000
Тоа е поразително и штета за државата, државата троши пари за да ги образова тие доктори додека да дојдат до степен да бидат доктори, имаат бесплатно здравствено осигурување, имаат право на бесплатно образование и тоа се кошта.. Какви и да се, вината е во образовниот систем во кој што се одвоило пари за тој еден доктор да стане доктор, а не станал, барем не доктор кој би лечел пациенти.. Мојата матична докторка исто е во Германија, веќе два месеци, девојка од маало е, знам дека многу учеше и се трудеше да стане доктор, ама си го најде и она чарето..
А бе шо им се замарате на докторите, гледајте си за вас. Како сите во државата, така и докторите слабо се платени и си бараат спас надвор. Јас во МК имав супер приходи, над 800 евра месечно фиксни и плус дел од заработката на фирмата. Џабе е! Кога системот не чини, кога луѓето околу тебе тонат во сиромаштија, кога секој еден општ лекар за ситница од Гевгелија или Охрид те ме праќа за Скопје, џабе е се! Почетна плата во Германија ми беше 900 евра на неполно работно време плус ми даваа некој бонус од 200 евра како помош за кирија. За две години платата ми се зголеми трократно, без врски, без партии, без лижење кај шефот.