Реално , од шо не се замараше никој за ништо дојде до ова .. многу сме пасивни. 250 евра минималец , како фамилија би почнал некој со тоа , да не зборам самосталнот ко у сите држави што има.
Ниска плата не е оправдување за неработење. Еве и јас може не сум задоволна од платата, ама па клиентот не ми е крив. @arabella_ кога ќе слушнам коментари за недомаќини, за несредени куќи, несредени дворови, па не чувале деца, уфф се ежам. Со кои пари? Ај со 15.000 денари нека чува некој две деца, и нека гради куќа. Смешки. Без пари нема ништо, колку и да релативизираме, а никој во земјава не е платен како што треба.
Скроз се согласувам, кожа ми се ежи кога ќе треба да влезам во некои маркети од што цело време се понашаат како дома да сум им дошла да крадам. Ај во Скопје и не е така страшно да кажам , ама во помали градови што имам другарки што работат по конфекции и маркети .. не се преживува , и минималец некогаш не зимаат и само 2 целосно слободни дена во месецот се случуваше да имаат до пред некое време.
За лекари и сестри, повеќе за лекари мислам дека односот им е ароганција повеќе од се друго. Точно не се платени и се тоа , ама премногу знаат да бидат арогантни посебно со пензионери. Знаеме дека е стар човек и има милион проблеми и не те дослушува , ама не мора нечовечки да се понаша.
Да бе, и после Македонците не купувале, не граделе, несредено било, па деца немале, па ова па она, демек не се амбициозни. Слободно кој мисли така нека оди во Свети Николе, Пехчево, нека си фати патот во текстил, ќе види на крај на месец колку пари ќе има во џебот. Во тие мали градови, и од минималецот враќаат пари во фирмите. Ова во Берово ми го кажувале, дека враќаат.
30 илјади е смешка ама би рекла дека не живееш во Скопје кај што се трошоците за 20 % повисоки од други градови. 30 илјади медицинар било каква категорија не смее да зема, за болничар е малку. Работиш со луѓе, со болести, и на очно да работиш можеш да се заразиш со нешто или некој да ти доживее кардиак арест и треба не 2 туку 16 очи отворени. Џабе се убедуваме, тажно е што заминуваат во доволен број да се осети недостиг на државно, да нема термини, да нема специјалисти, да затвораат одделенија, а на сметка на тоа приватните да ги креваат цените до небо. Што ако ние се убедуваме кога се случува тоа, факт. Да беа условите нормални немаше да се случува.
Ароганција нема само во болница, има и во продавница, и во трафика, и во школо и секаде. Работата е им е криво дека за лекар многу била плата од 1000е а не се бунат дека учеле школо најмалце 10 години без да земаат плата, и не седеле у клупи 4 години да тепаат време со бургер и кока кола у рака. Па после види дали треба сите да се стават во ист кош со плата од 25.000.
Кај нив сепак мислам дека е најизразена Нормално дека треба да имаат многу поголема плата , ама и не треба фрустрациите да ги изразуваат на тој што не е крив.
@ШтоАко условите се тие во државата. Не им љубомори никој на лекарите, ни јас, ама таа плата ја земаат министри, пратеници и градоначалници. Тие работат за 1.000 и над 1.000 евра.
Да, работат и со пострашни работи од ковид... 30 000 ако си самец добро, ама за гледање фамилија не е доволно, особено ако и партнерот има горе доле слична плата.Целосно се согласувам со @Mantub, во Скопје трошоците се преголеми и таа цифра е супер само за помали места. Сестрите се реално потценети, извршуваат голем број работи што пациентите не ги ни гледаат како битни, можеби не учат колку што учи еден доктор, ама захтевна работа е и дефинитивно не може да се рече дека 30 000 им е доволно. Секој што работи во болнички услови со пациенти има многу поголема одговорност од било кој друг работник, факт е, затоа и платата треба да е соодветна на тој притисок.
Многу народ и во Скопје работи за многу помалку од 30.000 денари. Овде во темата го видов тоа. За жал желбите се едно, а реалноста е нешто друго. Не е поентата колку ни треба, туку колку заработуваме.
@Mantub Да, точно е дека не живеам во Скопје, темата за тошоци и колку е доволно за живот во Скопје- има токму таква тема и можеме таму да дискутираме, тука не е тоа тема. Не се само медицинари оние кои заминаа од државава, заминаа и многу угостителски работници, градежни работници, возачи … Сум работа во приватна здравствена установа а и многу добро знам каква е ситуацијата по државните … не би сакала тука да изнесувам детални информации, само ќе пишам дека во приватните уште помизерни им се платите на сестрите него ли по државните