Се спомна и мито. Па земање на мито е казниво со закон. Тоа се наши пари. Ги плаќаме од буџет, па уште и мито да им даваме. Платите се тие, а ако не им одговара, нека учат германски и ќе си го најдат патот. Тоа е тоа.
Имаш рецепција, имаш и рецепција пиши за какво место поточно се работи, пример рецепција на хотел, рецепција на мотел, рецепција на клиника, рецепција на старечки дом....
сега сите плати нели би требало да бидат минимални 18000 тие скоро насекаде беа по 12000 е како почна со покачување на минимална плата така и им ги покачуваа и платите, е сега има и хотели кои даваат и повеќе ама ретки се.
Јас со 30000 незнам крај со крај да сврзам.. незнам народов со помалку како им е... а и немам деца па нив да ги ранам. Смешни ни се плативе. Од две злоа кое е помалото излегува.
Ништо не се 30000 ден. особено сега кога сите цени се отидени до плафон. На пр. образован човек со сериозна и одговорна работна позиција треба да биде способен самостојно да си обезбеди покрив над глава, автомобил, храна, сметки, пристојна облека, социјален живот, одмор и згора на се да тргне некој денар и на страна за непредвидени трошоци. Ако некој успее во сето ова со 30000 тогаш капа му симнувам. Тоа е нормален живот, се испод тоа е само живуркање.
Додека не си обезбеди кров над глава, мислам дека ефектот не е постигнат и тоа укажува дека платата не е доволна. Инаку, купување на кредит, не го ни сметам за купување, тоа ми е јамка околу вратот. Млад човек работи 15 години на пример, и би требало да купи свој дом, да го среди, да може да го одржува и живее самостојно, е тоа е веќе нешто. Но, реално такви примери има многуууу малку. Инаку, не сфаќам како луѓето паѓаат во транс кога ќе најдат работа за минималец. Колку и да си економичен, минималецот е премалку.
Здраво на сите , дали сите добивате плата на 15 ? Оти имам забележано дека повеќето добиваат баш 15 и ме зачуди некако дали сите така ?
Рокот е да се префрли плата до 15ти во месецот, до тој датум може било кога да се помине. Некој зема на 1ви, некој на 5ти, 10ти, 15ти е краен датум.
Работам и приватен бизнис поврзан со угостителство и државна работа поврзана со безбедност, магистер мегународна безбедност, OSCE не финансираше во тоа време... Неможам да се пожалам дека лошо заработувам иако е пренапорно се да се постигне
Zdravo drugari i drugarki dali moze da mi kazete kolkavi plati zimaat vo skopje lugjeto koj rabotat knigovstvo ili pocetnici na smetkovostvo
22,000 + или 20,000 http://www.salaryexplorer.com/salary-survey.php?loc=127&loctype=1&job=4&jobtype=1
Овој сајт е релевантен за Македонија https://www.mojaplata.mk/ превзема податоци од наши институции и секој вработен може да си ја спореди платата а воедно допринесува на базата. Сајтот кој ти е цитиран има објавено за многу различни работни позиции, додека во биро за вработување за сметководители постојат само 2-3, нема шанси да се точни бројките. Инаку, @Iljada i edna знам што имаат земано минимална плата, знам и такви што убаво заработуваат, зависи како ќе ти се погоди фирмата или клиентите. Ама генерално е напорна професија, плус има и дополнителни услови за лиценци, испити...
Дали платата кога си на договор и на неопределено е иста? Претходно кога бев на определено ми пишуваше основна плата на која имав плус додадок од 4000 ден за успешност, а сега во договорот на неопределено пишува поголема основна плата која е иста сума претходно, но е без тој додаток.