Платата е толку колку што е наведено во важечкиот договор. Секој договор е различен, нема врска со тоа дали е на неопределено или определено. Што ќе се потпишеш тоа ќе добиеш.
Далеку е од лоша платата, ама секогаш може повеќе, барем во мојата фирма тоа е една од пониските плати.
Големи се платите, зависи од одделот и од фирмата секако, али кај нас нема под 700$ Base pay, плус бонуси или секој месец или на 3 месеци. Кај мене е на 3, тој месец платата е одлична,ја би секој месец да е така
бонуси или секој месец или на 3 месеци? разбрав добро? баш убаво, мило ми е што си задоволна и само напред! претпоставувам едиствена нег. раб се работните саати ако по америчко време раб.? иначе толку е и мојата плата ( 700$ ) ја сум задоволна, може и кај мене повеќе но деф. не би земала повеќе одговорности така да сега за сега ок ми е
Да по амерички саати работиме, инаку да убаво си разбрала за бонусите, dispatch и recruiting имаат месечни, сите други на 3 месеци. Јас сум конкретно во safety, инаку јас имав 750$, но ми дадоа дополнително многу работа во админ делот, и ми покачија, очекував малку поголемо покачување но за почеток сега е супер и ова. Да има можност за "понормално" работно време, никогаш не би помислила да сменам фирма и работа. Буквално во секој поглед сум задоволна. Што работиш ти? Штом си во долари платена, сигурно и твојата е америчка, како се смените? Отидовме офтопик скроз, пиши ми порака
Јас имам 3 хонорарни места едно обично земам 100 евра друго 150 евра едно 800 во просек плус и 2 нерегистрирани бизниси со по 150 евра плус од инвестиции во хартии од вредност кои зависта од берзата таму може и 1000 евра во плус или минус да сум така да варира. Од колку има среќа и работа нема фиксна плата некој месец може да е 100 евра некој месец може и да заработам и 4000 евра. Флуктуации покривам со кредити. Работа има...
Имав 36000 плата плус со прекувремено до 40-42 стигав. Храна и пат имав платено. Сега сум моментално невработена.
Докај 28.000 стигнував кога како. Колку дневници имам, трета смена во неделата, некоја сабота ако е работна од тоа зависеше. Ама тоа беше пред 9 месеци, од тогаш на боледување бев, сега на одмор, па на породилно. А имаше и доста покачувања ќе сум зимала повеќе, здравје само ќе има и повеќе.