Сепак ова е анонимен форум па јас и не гледам поента во тоа некој да излаже дека има повисоки примања. Читам различни одговори, некои пишале пониски суми, некои просечни а некои и доста високи што според мене е нормално. Факт е дека и во нашата држава има такви чии плати се одлични. Познавам многумина кои за македонски услови заработуваат супер. Тоа се забележува и по нивниот животен стил и нештата кои се во состојба да си ги приуштат. На секој чекор на улица може да се забележат прилично скапи возила кои човек со ниски примања не би бил во состојба ниту да ги одржува. За викенд по рестораните едвај се наоѓа место, по моловите врие како во кошница на касите а социјалните мрежи се преплавени од фотографии од одмори по егзотични места. За жал имаме и многу такви кои едвај крпат крај со крај. Ама муабетов ми е дека и тоа како, кај нас има луѓе со добра заработка и воопшто не ме чуди ако некој пишал цифра во врска со која некои имаат сомнеж.
Не мора да значи. IT сектор ако е за странска фирма а канцелариите во Македонија, програмерите земаат и 100,000 - 120,000 денари нето месечно. Познавам луѓе кои незадоволни со толкавата плата заминаа преку океанот по уште повеќе. Темава би можела да се прецизира: Колкава плата имате и во која земја сте? Не е исто две илјади евра во Македонија и истата сума во Германија или Финска бидејќи цените се прилично различни (стан, храна, сметки, забава...)
Во просек по 3000 денари месечно, зависи од големината на клиентот, да речеме за услужните дејности се движи од 3000 до 5000 ден/месечно, за дејностите од трговијата просек од 6000 до 18 000 денари, зависи од дијапозонот на услугите што ќе ги вршите кон клиентот, со други зборови во мк најисплатливо е да се биде сметководител или нотар, или вработен во ИТ, или да се има сопствен бизнис маркет или кафич, од ова може да се заработи, сите други дејности преживуваат.
Тие што беа со високи примања и си заминаа (барем од моја околина), таква одлука донесоа заради менталитетот и општата состојба во државава. Не отидоа да печалат, отидоа да живеат нарает, во веќе изградена држава, со функционални институции.
И трошоците секако, но за спомнатиот пример со IT секторот разликата во придобивката е драстично поголема - секако потребно е соодветно искуство и позиција. Месечна слободна во Берлин за S-Bahn ти е 86 евра, кај нас за ЈСП 23 евра за градска. Е сеа компјутери, синтисајзери, HARIBO бонбони и такви работи се поефтини бидејќи таму се произведуваат.
Може да .. секој си знае колку прелив има и што професија и на колку стаж. IT од шала зимаат 1000 евра ,за тоа беше цитирањето