Има, има. Последниве години побарувачката на кадар е многу поголема од понудата и тоа ја диктира динамиката. Еден куп ги знам што се "сместија" во фирми што аутсорсираат луѓе (не продукт) и со апсолутен минимум вложен труд си земаат фини плати. Е на сметка на тоа, има такви што земаат упола помали плати, а се убиваат од работа за да ги покријат првиве. Не значи дека не е вистина, чиста психологија е. Во Македонија имам работено и за минималец, и за шестцифрена плата. Нормално е дека кога ќе стигнеш до она што за тебе претставува вистински добра сума си горд на тоа што си постигнал и поверојатно е дека тогаш ќе пишеш на рандом форум отколку кога работиш за минимална плата. Распределбата на плати е се уште иста како во "реалноста", само тие што пишуваат на темава не се репрезентативен примерок.
Не е точно. Поарно ќе ауторсираат Од друга земја, отколку да платат тука некој шо не работи. И то го прат. А дека условите се одлични и динамиката е смената, се/е. ... ама за тие што работат.
Ок, ти подобро знаеш. Прво, постојат аутсорсинг фирми кај што скоро и да немаш контакт со клиентот, односно имаш само неколку луѓе кои се point of contact. На клиентот му е битно да е сработена работата на крајот од денот, не му е битно дали Трајко и Петко еднакво сработиле, или Трајко не стигнал да земе ни пауза за ручек дур Петко играл пинг понг. Ова генерално се дешава во помали фирми. Јас кога се вработив директно од факултет со нула искуство и земав 15000 денари плата, на клиентот во Америка му бев претставена како сениор, и плаќаше дебело за тоа. Второ, две од најголемите ИТ фирми во Скопје (за толку знам, може и повеќе да се) имаат тн. политика на неотпуштање, што значи дека ако поминеш интервјуа и почнеш со работа, таму си додека сам не си заминеш или додека не направиш некоја ептен катастрофална грешка (читај: криминал). Единствената реперкусија ако не те бива е што нема да напредуваш во кариерата/платата, ама тие што гледаат да се "сместат" не ни имаат такви амбиции секако. Ти можеш до утре да тврдиш дека нешто не е точно само затоа што на маж ти (пази, не ни твое лично) искуството е поразлично, реалноста е поширока од тоа.
Просечната плата не е воопшто реална затоа што има огромен процент на луѓе кои работат директно со клиенти во странство, земаат плати по 2000еу+ а тука се пројавени на минималец. Па и во некои фирми знам се нудеше како опција да те пријават на определена сума а остатокот на рака за да избегне данок. @Estranged не викам дека не е точно тоа што го збориш, ама искрено ми нема смисла во време кај што ИТ се борат да задржат и вработат кадар, даваат 1000 евра бонус за препорачан вработен тоа да е пракса. Ограмна демотивација би било за вработените и не би седеле во таква фирма.
Баш од таа причина што се борат да вработат и задржат кадар и се случува, едноставно требаат повеќе луѓе отколку што нуди пазарот и за сметка на квантитетот понекогаш едноставно мора да се прогледа низ прсти за квалитетот. Демотивација е, ама истовремено е и шанса за напредок на вистински квалитетниот кадар. Или ќе си замине (а не може да биде сигурен дека и таму кај што ќе замине е поинаку) или ќе го искористи тоа да испреговара за вртоглава сума, па нема толку да му смета што мора да покрива повеќе работа. Зашто ако знаеш дека некој зема плата 1000 евра, а не сработува ни пола од тоа ти што го сработуваш, многу полесно е да си побараш ти 2000+, и истите да ги добиеш (секако ако тие што одлучуваат за тоа се свесни за твојот допринес). Не беше толку одамна, пред 7-8 години нека е отприлика, плата од 1000 евра во ИТ беше wow, делуваше недостижно и беше резервирана за сениори со многу години искуство. Сега со година-две искуство без проблем стигаат до истата поквалитетните џуниори баш затоа што се издвојуваат од останатите. Демотивација е само додека работиш повеќе, а добиваш исто/помалку, после тоа you just don't care.
Немам плата ама затоа имам студентски оброк 2400 месечно (некој месец стигнува до 2640) - 9 месеци во годината. А и еднаш на три месец ми стигнува поврат на ДДВ 1800 денари. Е кога ќе легнат парите и од двете се осеќам Dirty Rich.
Машала сте напреднале вие студентите, дури до оброк сте дошле. Во мое време беше големо достигнување кога ни воведоа бесплатен превоз во ЈСП... во четвртоци само.
Аа јас си фатив бесплатен превоз ЈСП цела година и плус оброк од лани. Веќе богаташи сме студентите .
Околу три илјади евра ми беше платата месечно, изминативе месеци. Сега че работам за околу 450 евра неколку месеци, потоа запишувам академија и таму очекувам над 600 евра да земам и да имам комотен живот во мојот тажен и никаков град.
Го забораваш и бесплатниот воз секој 3 викенд во месецот? Немаше поубаво нешто од таа мерка. Тргнуваш во Петок, се враќаш во Недела вечер. Цела МК ја шеташ... бар онаму каде што има воз... а тоа е никаде...
Немаше до моето село пруга, па се немам заинтересирано за железничките поволности. Четвртокот во ЈСП го памтам пошто баш во четвртоци немав предавања.