Ме вративте од границата одев бугарски да вадам да бегам за Њемачка. Ама кога отворив форумот гледам тука поголеми плати од таму- Скандинавија на Балканот, не за џабе сме северна. Колата во рикверц право, Македонија држава да ти била бее.
Па дека има и луѓе со високи примања има не дека нема. Не работат сите исто, некои работиме и за странски фирми. И не знам зошто мислите дека над 500€ е добра плата .. со сегашниве цени тоа треба минималец да е, па со две плати да се тера семејство и домаќинство..
Стигнав до чекор јас да давам плата. Сега заработувам 25-30 000€ годишно, толку земав и плата, разликата е што сега сум независен од работодавач.
Добро бе, шо работате бе љуѓе? Ми ги расипавте плановите за живеење и работење надвор. 50 к денари ни на сон, моите толку не зимаат двајца шо се.
Не брат, во неделата со се патот ми беа исплатени пошто секој ден патував по 4 саати плус, значи 6 дена * 12 саати. Како и да е, не очекував толкава плата да ми пушти.
Не секогаш висока плата значи дека работата е wow. Конкретно моментално јас земам 1100$, америчка фирма. Пари има ама бенифиции 0. Пријавени на минималец, остатокот договор на дело, сите мкд празници ги работиме, само 14 дена годишен одмор, боледување нема, к15 нема,(многу работи го косат нашиот закон) плус работиш само втора смеа по америчко време. Поентата ми е зависи што ти е приоритет, и во која фаза на животот си, и колку си спремен за жртвуваш за плата
Јас имам 2000 евра плата работам во финансии. Немам кола и стан и нема никогаш да купам. Инаку имам 120000евра ликвидни средства а 25000 евра кредит и нема да го отплатам туку ќе си плаќам рати. 99.9% од луѓето не разбираат зошто.
Мој совет е да инвестираш во недвижност куќа или стан, башка купувај земјоделско земјиште има низ мк по 1 евро м2 ниви. Живееме во луди времиња може се' да се случи со еврото, а недвижноста што ќе ја купиш особено куќа со дворно место ќе си држи цена и по 100 години, а од друга страна ќе имаш сигурен кров над глава, животот е непредвидлив.
Имам правило никогаш не поседувај недвижност, превозно средство и скапо грејно тело. И Биди секогаш 100% инвестирана во ликвидни средства.
Ахаа ти ќе бидеш исклучокот. Исто како да си уплатил ливче со утакмици со највисокиот коефициент, ама пак ќе кажам, ти си знаеш.
Буквално Прилеп стана дупка, од 2016 па наваму единствено што цвета е криминалот, дневниот билтен на МВР да го видиш ќе мислиш дека се работи за некоја афричка земја, секој ден тепачки, уапсени со дрога и Др. Ајде да се тепаат млади меѓу себе ама почнаа и старите
Леле. На еден ден кога ќе го посетиш си велиш „убав град“, ама кога ќе заседне човек ќе види како е за живот.
А може и да се смени анкетата, овие износи секако не се веќе валидни, минималната ќе биде 20.000 ден. за некој месец. Исто така треба да има повеќе рангови над 30.000 ден.