Читам 50000 земаат луѓе и некои пишуваат многу е за Мк. Верувајте дека има луѓе што земаат и по 5-10000 евра месечно - во Мк и работат по 4 саати на ден. Се зависи од тоа колку си дефицит и колку ќе придонесеш на комоанијата. П.с гледајте да си направите да имате некои други пасивни или активни приходи и да не зависите само од плата.
zdravo vaka momentalo sum na trudnicko od februari ke pocnam so rabota vaka ako me prijavat na pola rabotno vreme dali platat ke mi bide minimalecot ili ne ke se namali
Последното е многу паметно. Ако имаш план Б и други приходи нема да се тресеш ако пропадне фирмата, па да се чудиш дали до нова работа ќе чекаш 6 месеци или 2 години на пример.
Реално да, треба да се смени анкетава зошто веќе никој не зема под 10.000 денари. Може да остане едно поле под минимална сума и другите сите да се над. Од Март би требало минималната плата да биде 21.000 денари.
Така е, но за жал мн луѓе се врзуваат за фирми и не гледаат да направат повеќе пари, па комфор зоната си го прави своето и се задоволни со 1000 ден покачување годишно. Сите што ги познавам, а што менувале раб место - но цело време гледале да научат нешто ново и сл се преуспешни и супер заработуваат, додека тие првите со мајнсет жртва - се уште чекаат помош од родителите за се нешто иако се фамилијарни луѓе.
Мене ме фрапира дека фамилијарни луѓе се задоволуваат да туркаат од месец до месец. Колку пати се случило во фирма на 30 во месецот се собираат пари за подарок за роденден на некоја колешка, а друга вели „дајте за мене, ќе вратам на 1-ви“, или порано каде што работев цело време недела дена пред плата семејни луѓе прашуваат „кога плата, кога плата“. Ако прашуваат, не дека некој ќе ја пушти порано, но тоа е доказ дека луѓето живеат од месец до месец. Тоа што ти го кажа е доказ дека Македонците само кукаат, а не прават ништо да им биде подобро. 90% од луѓето кои се семејни чекаат помош од родители, дали е тоа чување дете за да не платат градинка, дали е буричкање во фрижидер, дали е појзамување пари, дали е чекање да ти ја плати струјата, вода итн. Епа тоа не е самостојност.
Мене ме фрапира тоа што многу не знаат да работат со пари. 1000 евра месечно земаат заедно, не дека е којзнае колку ама не е и за потценување и жалење. Се купува тоа што не треба, нешто што ќе им стои така долго време. Ура ура додека има и после се жалат дека немаат. Се вадат кредити за глупости. Сакале понова кола, ајде кредит. Не знаат да си ги испружат нозете колку што им е долга чергата. Гости со поховани даски,пици купени со парите позајмени од старите. Сметки им плаќаат, зимници им прават и пак немаат.
Верувај има луѓе што ја чекаат така платата и живеат од месец за месец, не дека се луксузираат, не трошат за глупости, едноставно толку стига. И не секогаш можеш да направиш нешто да смениш. Многу е лесно кога си сам, без фамилија да збориш вака
Една странкиња која овде престојуваше преку ЕВС програма ми го кажа ова што ти го пишуваш, дека младите мислат само на кафулиња, ресторани, а живеат во заедници и не се навикнати на самостоен живот.
Само има и луѓе што ги знам блиски значи, имаат пари ама не сакаат да ги дадат за нешто некоја чудна навика имаат. ПРимер да им дадеш пари и после ќе земат плата ќе вратат. Од заштеда не чепкаат, има и такви да знаеш
Платата во компанијата каде што работам ми се движи од 35.000 до 42.000 денари, со дополнителни приходи кои ги остварувам со работа на интернет и Инстаграм, стигам до вкупно месечи приходи од 55.000 до 65.000 денари, зависи од месецот и работата на интернет.